Не бе Бранче, тебе малку ти си измешале лончиња. Најубаво да одиш до најблиското сметководствено биро и да ти кажат како се прави пресметката за плати, поконкретно во делот на даночно ослободување.
Генерално, претходната власт донесе закон и го спроведуваше 8 месеци од јануари до август 2015, но кога и се спротиставија нивните пулени, излади и ги врати сите работи по старо.
Значи, новото предлог законско решение вели:
- да нема горна граница на која се наплаќаат придонеси, во моментов е 3000 евра, што значи ако за октомври исплатиш плата од бруто 4000 евра, за нив ќе платиш придонеси од приближно 1000 евра пошто 3000 е таванот, и уште 100 евра персонален данок за оние 4000-3000=1000 евра (не замерувај на симплифицираниот начин на пресметка, да не го тупиме

).
- хонорарците, кои цело време се интересна категорија, да бидат даночени со поголема стапка од сегашните 10%, односно за износот над 1М на годишно ниво да си платат персонален данок од 18%, просто како грав.
Со овој модел би требало да има поголеми приходи по основ на персонален данок во буџетот на државата, а од друга страна им обезбедува и подобра ликвидност на сите оние кои имаат редовни примања по основ на хонорар и знаат добро да ги планираат трошоците.