Македонска берза

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Je je...gledas deka poslednive godina dena 90% od prometot e so obvrznici. Zosto bi bil ako ne e isplatlivo.
Aj neka proveri kolegata pogore okolu kamatite mislam deka se dobivaat ama ne znam kako sto. Kaj e be Kostadin on znae sigurno.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Обврзници дополнување

http://www.finance.gov.mk/mk/zapisi/berza/strukturni/prospekt_6denacionalizacija.pdf

Ова е pdf фалј за РМДЕН06. Каматната стапка е 2% годишно (значи сепак имало камата). Сепак каматата е премногу мала (девизно штедење во банка со гаранција од државата за една година е 5-6% годишно). Обврзниците се со траење од 10 години, т.е. по 10 години државата го враќа полниот износ на средства, а може да направи и предвремен откуп. Обврзниците се врзани со еврото, што значи дека било каква промена на курсот на денарот не им може ништо.

Значи луѓето обично купуваат обврзници кога треба да подмират определени давачки кон државата. На пример државата дозволува плаќање на давачките за комуналии со обврзници па така луѓето ќаруваат едно 15% плаќајќи со обврзници.

Дополнително обврзниците од денационализација и старо девизно штедење и државните хартии од вредност (благајничките записи) се две различни работи. ДХВ ги купуваат банките и ги чуваат само заради каматните стапки (на ДХВ има каматни стапки од околу 8% на годишно ниво) и краткото времетраење (обично државата ги откупува по најмногу една година), но никогаш досега не сум сретнал некоја од банките да продава благајнички записи (незнам ниту дали може).

Јаков точно голем дел од тргувањето на Берза е токму со државните обврзници за денационализација и старо девизно штедење од една проста причина - приватните фондови имаат обврска дел од своите пари да ги вложуваат во обврзници па отворањето на нови фондови придонесе на зголемување со тргувањето со државните обврзници.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Bi se zanimaval so ova vo idnina. Inace isplatliv biznis no i mnogu zagubi ima vo kupuvanjeto hartii od vrednost
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Jas ne se zamaram so ovaa eabota bidejki ke me fatat kako trguvam i ke me kaznat! :pos2:
Зашто да те фатат. Тука нема ништо нелегално, башка не станува збор за коцкање. Далеку од тоа.
Даваш пари на брокер, тој се ти средува.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
http://www.finance.gov.mk/mk/zapisi/berza/strukturni/prospekt_6denacionalizacija.pdf

Ова е pdf фалј за РМДЕН06. Каматната стапка е 2% годишно (значи сепак имало камата). Сепак каматата е премногу мала (девизно штедење во банка со гаранција од државата за една година е 5-6% годишно). Обврзниците се со траење од 10 години, т.е. по 10 години државата го враќа полниот износ на средства, а може да направи и предвремен откуп. Обврзниците се врзани со еврото, што значи дека било каква промена на курсот на денарот не им може ништо.

Значи луѓето обично купуваат обврзници кога треба да подмират определени давачки кон државата. На пример државата дозволува плаќање на давачките за комуналии со обврзници па така луѓето ќаруваат едно 15% плаќајќи со обврзници.

Дополнително обврзниците од денационализација и старо девизно штедење и државните хартии од вредност (благајничките записи) се две различни работи. ДХВ ги купуваат банките и ги чуваат само заради каматните стапки (на ДХВ има каматни стапки од околу 8% на годишно ниво) и краткото времетраење (обично државата ги откупува по најмногу една година), но никогаш досега не сум сретнал некоја од банките да продава благајнички записи (незнам ниту дали може).

Јаков точно голем дел од тргувањето на Берза е токму со државните обврзници за денационализација и старо девизно штедење од една проста причина - приватните фондови имаат обврска дел од своите пари да ги вложуваат во обврзници па отворањето на нови фондови придонесе на зголемување со тргувањето со државните обврзници.
А добро како се тргува со обрзници т.е како се плаќа еве да речеме купување на земјиште - приватизација.
Државата вика може дворот да се лати и со обврзници, ама не ми е јасно по која цена они ја рачунаат обврзницата. По номиналната или по тековната.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
171
Поени од реакции
5
Еј колеги вие навистина погрешно сте ја сфатиле работата за Брокер и тргување со акции. Тоа се легални тела со кои можеш да се збогатис исто како и коцката и да изгувис исто како и коцката. Значи ако се осечаш спремет и незнам таму со полагање на некој ипити се станеш брокер или дилер и сеа ако знаеш да работиш можеш да правиш пари :vozbud:
 
Кај државните обврзници, старо девизно штедење и денационализација (значи оние кои се тргуваат на МБ), тие се купуваат по дисконтна цена, значи вредноста по која се купува обврзницата е помала од номиналната, а држава кога ги внесува во платен промет ги внесува по номинална вредност, односно вредноста по која ги дала во прв план. Значи претставено со пример: дедо ми имал нива која државата му ја национализирала, таа нива вредела 10000 евра, со решение на Владата од 2006 година решено е дека нивата неможе да се врати во владение и затоа ме обештетуваат со државни обврзници. Тие обврзници се всушност РМДЕН06. Бидејќи вредноста на имотот е 10000 евра државата ми дава 10000 обврзници со номинална вредност од 1 евро, значи вредноста е врзана со еврото т.е. номиналната вредност е 1 евро не 61,5 денари. Од тука ми ги запишуваат обврзниците во ЦДХВ (Централен Депозитар за Хартии од Вредност) и ме упатуваат во Брокерска куќа доколку сакам да ги продадам обврзниците. Од тука одам во Брокерска куќа каде ми кажуваат колкава е провизијата за тргување и моменталната цена на соодветната обврзница. Обично провизијата за обврзници е 0,4%-0,5% а моменталната вредност на РМДЕН06 е околу 84,5%. Значи доколку ги продадам обврзниците ќе добијам (10000 обврзници)х(61,4 моментална вредност на еврото)х(84,5 моментната релативна вредност на обврзниците)/(100 заради процентуалноста на релативната вредност на обврзниците)х(1-(0,005+0,004+0,001) давачките кон брокерската куќа+давачките кон МБ+давачките кон ЦДХВ, мислам дека се овие вредности, не ме држете за збор околу давачките) што значи дека ќе земам 513642 денари. На оваа сума по закон не плаќам данок на капитална добивка што значи дека ова се чисти пари. Е сега човекот што ги купува овие обврзници треба да плати комуналии за изградба на објект во износ од 614000 денари (10000 евра). Тој за да ги купи моите 10000 обврзници со номиналан вредност од 1 евро платил 524018 денари, откако ќе се пресметаат давачките кон Брокерската куќа, МБ и ЦДХВ. Од тука оди до соодветната општина и ги плаќа комуналиите со овие обврзници т.е. наместо да плати 614000 денари тој на општината и дава 10000 обврзници со номинална вредност од 1 евро што во тој момент вредат 614000 денари. На овој начин при плаќањето човекот заштедил околу 90000 денари.
Доколку не се решам да ги продадам обврзниците, можам и да ги задржам. Со задржување на обврзниците државата е должна да ми исплаќа годишна камата од 2%. Значи доколку на 1 јуни јас имам 10000 обврзници државата е должна да ми исплати камата од 200 евра до законскиот рок за исплата, 30.09 истата година. Ако ги задржам обврзниците до 2016 година тогаш до законскиот рок државата е должна да ми ја исплати целата сума на номиналаната вредност на обврзниците, 10000 евра во денарска противвредност, заедно со последната камата од 200 евра.

Ова е најдобро што можам да објаснам како оди тргувањето со обврзници.

Дополнително околу стравот за тргувањето - единствено нешто на што треба да се внимава е плаќањето на данок кон државата, ова важи само за акции. Значи доколку продадете акции по повисока цена од онаа по која сте ги купиле тогаш остварувате капитална добивка. Капиталната добивка кај акциите се оданочува со 10% од добивката, разликата во цена на купена и продадена акција. Со закон е определено дека во рок од 15 дена од трансферот до УЈП треба да се пријават сите капитални добивки. За да постои баланс УЈП прифаќа и даночни олеснувања доколку остварите капитална загуба, значи доколку продадете акции по пониска цена од онаа по која сте ги купиле. Со закон е определено дека секоја капитална загуба треба да се пријави до УЈП во рок од 15 дена од трансакцијата. Значи, повторно пример, одите на берза и купувате 10 акции на Витаминка по 7700 денари. За овој трансфер не мора да пријавите во УЈП. Но по 3 месеци акцијата на Витаминка е 7000 денари. Решавате дел од акциите да продадете. Продавате 5 акции со остварувате капиталана загуба од 5х(7700-7000)=3500 денари. Одите во УЈП и ја пријавувате загубата. По 1 месец акцијата станува 10000 денари и решавата да се ослободите од останатиот дел од акциите. Затоа ги продавате и со тоа правите капитална добивка од 5х(10000-7700)=11500 денари. Одите повторно во УЈП каде ја пријавувате добивката. Таму ви велат дека треба да платите данок на капиталана добивка од 10% т.е. треба да платите данок во вредност од 0,1х11500=1150 денари, но заради капиталната загуба вие имате даночно олеснување, кое мислам дека оди на следниов начин, од 0,1х3500=350 денари што конечно остава да платите данок од 1150-350=800 денари. Доколку се внимава на ова и навремено се подмируваат давачките нема ништо криминално во тргувањето со хартии од вредност.
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Еј колеги вие навистина погрешно сте ја сфатиле работата за Брокер и тргување со акции. Тоа се легални тела со кои можеш да се збогатис исто како и коцката и да изгувис исто како и коцката. Значи ако се осечаш спремет и незнам таму со полагање на некој ипити се станеш брокер или дилер и сеа ако знаеш да работиш можеш да правиш пари :vozbud:
Нема да изгубиш ништо... Тоа се хартии од вредност... Не го гледај моменталниов крах и кризата на светската берза, секој ден акциите се намалуваат по 1-3 насто, ама сега... не значи дека за година, две, нема да пораснат за 300 насто, и више... Се додека ги имаш, не губиш.
И не е коцка.
http://mse.com.mk/
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Нема да изгубиш ништо... Тоа се хартии од вредност... Не го гледај моменталниов крах и кризата на светската берза, секој ден акциите се намалуваат по 1-3 насто, ама сега... не значи дека за година, две, нема да пораснат за 300 насто, и више... Се додека ги имаш, не губиш.
И не е коцка.
http://mse.com.mk/
vo pravo si pozz
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Кај државните обврзници, старо девизно штедење и денационализација (значи оние кои се тргуваат на МБ), тие се купуваат по дисконтна цена, значи вредноста по која се купува обврзницата е помала од номиналната, а држава кога ги внесува во платен промет ги внесува по номинална вредност, односно вредноста по која ги дала во прв план. Значи претставено со пример: дедо ми имал нива која државата му ја национализирала, таа нива вредела 10000 евра, со решение на Владата од 2006 година решено е дека нивата неможе да се врати во владение и затоа ме обештетуваат со државни обврзници. Тие обврзници се всушност РМДЕН06. Бидејќи вредноста на имотот е 10000 евра државата ми дава 10000 обврзници со номинална вредност од 1 евро, значи вредноста е врзана со еврото т.е. номиналната вредност е 1 евро не 61,5 денари. Од тука ми ги запишуваат обврзниците во ЦДХВ (Централен Депозитар за Хартии од Вредност) и ме упатуваат во Брокерска куќа доколку сакам да ги продадам обврзниците. Од тука одам во Брокерска куќа каде ми кажуваат колкава е провизијата за тргување и моменталната цена на соодветната обврзница. Обично провизијата за обврзници е 0,4%-0,5% а моменталната вредност на РМДЕН06 е околу 84,5%. Значи доколку ги продадам обврзниците ќе добијам (10000 обврзници)х(61,4 моментална вредност на еврото)х(84,5 моментната релативна вредност на обврзниците)/(100 заради процентуалноста на релативната вредност на обврзниците)х(1-(0,005+0,004+0,001) давачките кон брокерската куќа+давачките кон МБ+давачките кон ЦДХВ, мислам дека се овие вредности, не ме држете за збор околу давачките) што значи дека ќе земам 513642 денари. На оваа сума по закон не плаќам данок на капитална добивка што значи дека ова се чисти пари. Е сега човекот што ги купува овие обврзници треба да плати комуналии за изградба на објект во износ од 614000 денари (10000 евра). Тој за да ги купи моите 10000 обврзници со номиналан вредност од 1 евро платил 524018 денари, откако ќе се пресметаат давачките кон Брокерската куќа, МБ и ЦДХВ. Од тука оди до соодветната општина и ги плаќа комуналиите со овие обврзници т.е. наместо да плати 614000 денари тој на општината и дава 10000 обврзници со номинална вредност од 1 евро што во тој момент вредат 614000 денари. На овој начин при плаќањето човекот заштедил околу 90000 денари.
Доколку не се решам да ги продадам обврзниците, можам и да ги задржам. Со задржување на обврзниците државата е должна да ми исплаќа годишна камата од 2%. Значи доколку на 1 јуни јас имам 10000 обврзници државата е должна да ми исплати камата од 200 евра до законскиот рок за исплата, 30.09 истата година. Ако ги задржам обврзниците до 2016 година тогаш до законскиот рок државата е должна да ми ја исплати целата сума на номиналаната вредност на обврзниците, 10000 евра во денарска противвредност, заедно со последната камата од 200 евра.

Ова е најдобро што можам да објаснам како оди тргувањето со обврзници.

Дополнително околу стравот за тргувањето - единствено нешто на што треба да се внимава е плаќањето на данок кон државата, ова важи само за акции. Значи доколку продадете акции по повисока цена од онаа по која сте ги купиле тогаш остварувате капитална добивка. Капиталната добивка кај акциите се оданочува со 10% од добивката, разликата во цена на купена и продадена акција. Со закон е определено дека во рок од 15 дена од трансферот до УЈП треба да се пријават сите капитални добивки. За да постои баланс УЈП прифаќа и даночни олеснувања доколку остварите капитална загуба, значи доколку продадете акции по пониска цена од онаа по која сте ги купиле. Со закон е определено дека секоја капитална загуба треба да се пријави до УЈП во рок од 15 дена од трансакцијата. Значи, повторно пример, одите на берза и купувате 10 акции на Витаминка по 7700 денари. За овој трансфер не мора да пријавите во УЈП. Но по 3 месеци акцијата на Витаминка е 7000 денари. Решавате дел од акциите да продадете. Продавате 5 акции со остварувате капиталана загуба од 5х(7700-7000)=3500 денари. Одите во УЈП и ја пријавувате загубата. По 1 месец акцијата станува 10000 денари и решавата да се ослободите од останатиот дел од акциите. Затоа ги продавате и со тоа правите капитална добивка од 5х(10000-7700)=11500 денари. Одите повторно во УЈП каде ја пријавувате добивката. Таму ви велат дека треба да платите данок на капиталана добивка од 10% т.е. треба да платите данок во вредност од 0,1х11500=1150 денари, но заради капиталната загуба вие имате даночно олеснување, кое мислам дека оди на следниов начин, од 0,1х3500=350 денари што конечно остава да платите данок од 1150-350=800 денари. Доколку се внимава на ова и навремено се подмируваат давачките нема ништо криминално во тргувањето со хартии од вредност.
Mislam deka imas mala utka. Obvrnicite vo momentov na mse se prodavaat nad nominalnata vrednost od 1 evro za obrvrznica site. Zatoa prasuvam kako se racuna. Ispaga deka ako nekoj saka da plati so obvrznici a tie ne gi dobil nego treba da gi kupi na mse togas ke bide vo zaguba, zatoa sto ke gi kupi za 80 mkd a drzavata ke mu gi racuna 61.5=1eur.
РМДЕН06 konkretno na posledniot den od trguvanjeto ima zatvoreno na 84.0 mkd.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Abe ajde de berza so 250 milioni evra ne e berza a i plus toa kontrolirana e od oligarsi a i najcesto gubat pomalite investitori(donekade i brokerskite kuki se vinovni)
zapoznaem sum so trgovsko pravo pa taka da nie imame dobar zakon(nesto prezemeno od francija i anglija)za zastita AMA ne se pocituva Gledate kako se krsat pravata na akcionerite a iplus toa na nasava berza NEMA IZBOR od koj da kupis akcii osven od desette najgolemi korporacii ili na nase AD
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Mislam deka imas mala utka. Obvrnicite vo momentov na mse se prodavaat nad nominalnata vrednost od 1 evro za obrvrznica site. Zatoa prasuvam kako se racuna. Ispaga deka ako nekoj saka da plati so obvrznici a tie ne gi dobil nego treba da gi kupi na mse togas ke bide vo zaguba, zatoa sto ke gi kupi za 80 mkd a drzavata ke mu gi racuna 61.5=1eur.
РМДЕН06 konkretno na posledniot den od trguvanjeto ima zatvoreno na 84.0 mkd.
Не сум грешка, и еве зошто: На 05.01.2009 година се истргувани вкупно 11828 обврзници од РМДЕН07 по средна вредност од 84,1 со вкупен промет од 611000 денари. Значи ако е така како што викаш тогаш 11828х84,1=994735 денари т.е. околу 995000 денари, но прометот е 611000 денари. Значи вистинската апсолутна вредност на една обврзница е 611000/11828=51,66 денари. Од овде релативната вредност на една обврзница е 51,66/61,4х100=84,13 т.е. средната цена на тргување за соодветниот ден.
Конечно да нема недоразбирање - покажувачот на обврзниците не е апсолутна вредност на обврзниците туку е релативна вредност на обврзниците во проценти.
Се надевам дека сега е јасно!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom