Македонска берза

Kloshar

Kloshar
Член од
23 јануари 2009
Мислења
115
Поени од реакции
8
Може ли некој од вас ете така да кажам експертите,да ми даде мислење на мојава идеја додека сум на време...бидејќи сум акционер во Алкалоид чии што акции отидоа јабана(сепак не сум во загуба бидејќи акциите ги имам веќе 8 год од тогаш до сега сеуште сум во +),дали да ги продадам или да се надевам бидејќи Алкалоид е единствениот производувач на лекови во Македонија дека ќе се кренат повторно или ке останат стабилни како што се сега па да си цицам провизија додека можам?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12

Брат и јас тргував со акции на Алкалоид и ги продадов сите.

Значи Алкалоид константно дели некојаси дивидендичка од околу 100 денари по акција, по последниве случувања тешко дека оваа година воопшто ќе дели - значи чувањето на акции за дивиденда од Алкалоид не вреди.

Дополнително, порано имаше најави дека Алкалоид ќе го купува (Крка, Плива, израелци, исланѓани и сл.), со последниве случувања (Економска Криза) такви најави нема и нема ни да има. Значи цената драстично да се промени во однос на “превземачки шпекулации„ мислам дека е многу тешко.

Конечно цената на акциите на Алкалоид се на ниво од почетокот на 2006 година, пред масовно да влезат странците, што значи дека намалувањето на вредноста на акцијата ќе зависи директно од односот на домашните акционери и инвеститори.

Одлуката е твоја, но советот би бил следен: Од максималната вредност 14500 денари до сега имаш (фиктивно) изгубено 11000 денари по акција па ако изгубиш (повторно фиктивно) уште 1000-2000 денари по акција никому ништо, а може (затоа што ги чуваш 8 години) за половина време од тоа што веќе ги имаш акциите да се вратат на таа вредност бидејќи по некои проценки Алкалоид во моментов вреди од 150 до 200 милиони евра (најреално некаде околу 8200 денари по акција). Затоа чувај ги и немој да заборавиш на овој муабет и кога ќе дојдат до 10000 денари веднаш продавај ги и не се лакоми, ако ти е проблем да ги продадеш сети се дека биле и 2800 денари.
 
Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Ако си ги чувал 8 години значи тие пари не ти требале, а стрплив си, почувај ги уште 3 години па ќе си ги продадеш на 8000.
 
covekot

Postbiheviarist
Член од
17 февруари 2009
Мислења
27
Поени од реакции
1
Akcii od MBI10 posebno od Alkaloid se prodavaat ili ako ti e noz do koska ili ako parite gi ulozis u svoj biznis i gi namnozis 2-3 pati minimum.
Moj sovet e da se kupuvaat makedonski akcii posebno po ovie ceni , ama prodavanje samo koga makedonija ke bide polnopraven clen na nato i Eu.
I sea u princip se kockas na dolgorocno na toa DALI KE JA BIDE OVAA DRZAVA ILI NE
 
Член од
1 март 2008
Мислења
82
Поени од реакции
14
Гледам има луѓе што се разбираат на оваа тема па би ви поставил едно прашање.што мислите за акциите на стопанска банка? како може неколку години под ред да се прогласува за најпрофитабилна банка,еве скоро ја прогласоа и за најдобра."Минатата година оствариле рекордна добивка" а акциите и обичните и приоритетните паднаа на самото дно приоритетните од 2400 на 370 која е логиката.
 
Член од
3 август 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
да употребам една полуекономска логика.....
се што брзо паѓа..... му треба повеќе време да се врати на нормала....

а според ова...... 3 години ми изгледаат како премногу оптимистична
варијанта.......
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
The Great Return

И по скоро еден месец, еве ме повторно! - сепак тоа не е големото враќање за кое сакам да зборувам.

Вечното трагање по прашањето каде е дното на МБ; До кога цените на акциите ќе паѓаат; Дали сево ова има крај; - можно ли е токму сега да биде тој момент.

Знам дека повеќе сум песимист отколку оптимист но сепак мислам дека сега дојде време за оптимистичко размислување. Иако се’ поретко, сепак ги следам случувањата како на МБ така и на светските берзи.

Во изминативе недели на светските берзи се забележува еден тренд кој отсуствуваше повеќе од 1 година. За што говорам?

За првпат по МНОГУ МЕСЕЦИ се сменија глобалните светски трендови. Нафтата се искачи на повеќе од 50$ за барел, а доларот драстично изгуби од својата вредност во однос на еврото па сега тој однос е 1:1,36; или сето ова искажано во проценти - во изминативе 3 недели цената на нафтата се покачи за 25% (изразена во долари), додека доларот изгуби повеќе од 6% од својата вредност во однос на еврото. Иако светските берзи, гледано преку светските берзански индекси, не доживуваат експанзија сепак има раздвижување на пазарот.

Конечно ова може да не значи ама апсолутно ништо, но по моето скромно мислење доколку овој моментен тренд стане насока на движење на светските пазари тогаш може да заклучиме дека во светот најлошото помина и дека пазарите полека но сигурно се враќаат онаму каде што беа.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Може ли некој од вас ете така да кажам експертите,да ми даде мислење на мојава идеја додека сум на време...бидејќи сум акционер во Алкалоид чии што акции отидоа јабана(сепак не сум во загуба бидејќи акциите ги имам веќе 8 год од тогаш до сега сеуште сум во +),дали да ги продадам или да се надевам бидејќи Алкалоид е единствениот производувач на лекови во Македонија дека ќе се кренат повторно или ке останат стабилни како што се сега па да си цицам провизија додека можам?
Ako gi prodavas prati poraka.:wink:
 
Член од
3 август 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
Конечно ова може да не значи ама апсолутно ништо, но по моето скромно мислење доколку овој моментен тренд стане насока на движење на светските пазари тогаш може да заклучиме дека во светот најлошото помина и дека пазарите полека но сигурно се враќаат онаму каде што беа.
Za prvoto se soglasuvam so tebe deka "moze da ne znaci apsolutno nisto",
ama za vtoroto:nesum:....... i jas bi sakal da pomislam deka pocnuva so stabilizacija........ :tv:.
Spored nekoja moja logika ..... ne moze da te zgazi voz i da mines so
polesni grabanici po racete i teloto.:pipi:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
25
Поени од реакции
1
Tutunska Banka : DIVIDENDA 792 denara po akcija
Jurisssss
 
Kajgana Shop

На врв Bottom