До каде ќе оди? Каде е дното?
Пред година беше 2110, значи трипати помала е вредноста денес.
Ова во нормална пазарна економија се вика Bancarotta - банкрот! Барем мириса на....
Не мириса, туку смрди...
Најнапред расчистете Топлификација, БЕГ и ТЕ - ТО се една фирма. Нема тука никакви руси - тие се прават руси
Ова е се смислено од управата на Топлификација
Топлификација ќе оди под стечај, веќе ги префлија половина од акциите на ТЕ - ТО од Топлификација на име БЕГ. Земаа кредит од 800 илјади од ЛНБ банка, за тоа дадоа гаранција 20 милиони вредни акции ( замислете 25 пати е поголема гаранцијата од долгот ), па наводно немале пари да го платат долгот па ете се нашол БЕГ па ги купил.
Сега ако успеат ќе ги префлат и останатите акции на име на БЕГ добро, ако не пак добро. Топлификација ќе оди во стечај.
Директорите и вработените веќе се префлија во БЕГ, пак се директори, пак примаат исти плати
А на акционерите ќе им останат долговите земени за изградба на ТЕ - ТО, па ќе чекаат од стечајната маса да остане нешто за да наплатат ако доживеат до тогаш или како што се вели ќе добијат од трите по .......
--- надополнето: 25 септември 2013 во 17:31 ---
Ви стигна тоа очајно писмо од ТПЛФ на кое повикуваат да се здружиме и да го браниме задникот на актуелниот директор?!
Можеш ли да напишеш што се вели во тоа писмо
--- надополнето: 25 септември 2013 во 17:49 ---
Еве и договор за формирање мнозински пакет акции, според кој вработените ќе добијат гаранции во акции на ТЕ - ТО, ако Топлификација пропадне
http://www.toplif.com.mk/Tekstovi/dogovor za formirawe mnozinski paket akcii-slobodni.pdf