- Член од
- 11 јули 2017
- Мислења
- 310
- Поени од реакции
- 490
Прво ова е форум за МСЕ и јас изразив мислење за МСЕ а не за западните берзи. Ваљда е валидноАј повтори уште 10 пати и ќе те послушаме и на Запад ќе инвестираме, боже сачувај и Бранко да те брани. Како за некој што излегол од МСЕ, премногу си опседнат од МСЕ (во негативен контекст). Ако ти си изгубил средства, не значи дека сите ја делат истата судбина, еве јас можеби во Европа не сум се офајдил, но тука добро ми иде, па не серам дека МСЕ е оаза за правење пари.
Второ пробувам да посочам на серизен проблем кој веќе е очигледен на берзата, а тоа е катастрофалната ликвидност последниве 4-5 месеци. За берза каде вкупната капитализација на компаниите е 2 милијарди евра, тргување од 100-200 000 илјади евра дневно е премалку и ова треба да не загрижува сите вклучително и тебе. За споредба компании кој во Америка вредат 2 милијарди долари имаат дневно тргување од 20-100 милиони долари значи 200-1000 пати повеќе.
Трето незнам од каде ти е констатацијата дека сум изгбил пари на МСЕ. Не си се потрудил да прочиташ ни малце историја од тоа што сум го напишал на форумот. Има постови со позиции и на колку сум влегол и на колку сум излегол најтранспарентно напишани со timestamp, можеш слободно да провериш кај мене на профил, за разлика од твојот сокриен профил каде што неможеш ништо да видиш.
п.с. Не сите НЛБ ја купувале на 15 000 - 16 000 или Комерцијална 6000-7000 па да мислат дека е ефтина. Јас НЛБ ја купив на 9000-10000 и излегов околу 16 000. Има тука луѓе на форумот кој ја купувале на 3000 денари, прашај ги дали мислат дека е ефтина. Истото важи и за Комерцијална и остали.