Македонска берза

Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Изгледа иде нагорната линија за новозаразени 44-ца во еден ден, сега ќе објават плус еден куп мерки и намалувања а само што почна да рипа берзата. цццц
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Еве Оли (оној шо к...) изјави, кој немало да ги почитуваат препораките ќе биле санкционирани,
друга работа што ја најави е одложување на кредитите на физичките на 3 до 6 месеци, а на правните 6 до една година (ако убаво чув), што значи заборавете на профит на банките наредната година, та по 2 може ќе капне нешто, Чифлиганец ќе даде се од себе да има исплата на дивиденда како што гледам, дали ќе успее ќе видеме.
 
Член од
13 јануари 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
Не сум стручњак, но не ми е јасно зошто сметате дека меркава не им одговара на банките?
Се работи за одлагање на наплатата но тоа исто така значи дека целиот тој период банките ќе сметаат камата и тоа на основица поголема отколку да имаше нормални доспевања на главница а со тоа и пад на основицата на која се смета каматата. За тој период банката ќе заработи повеќе камата отколку во нормални услови без мораториум. Е сега прашањето е кога ќе ја уприходува. Едно е приход а друго е прилив.
Ако има тука некој кој се разбира од сметководство а работи во банка, и знае како тоа банките ќе го изведат, би било добро да ни објасни.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Eve jas kao knigovoditel ke ti kazam !!!
Koj nemal pak nema :)
Ne e losho ova kupish na 20% dole prodadesh na 20 % gore :)
 
Член од
13 јануари 2020
Мислења
7
Поени од реакции
3
И кој имал, пак ќе има.
Е сега, во која група се банките...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.449
Поени од реакции
2.451
Какви ќе бидат дивидендите следна година рано е да се каже. Секако ќе се движат од помали, па надоле.

Цените на МСЕ во моментот се ептен волатилни. Најобични информации предизвикуваат шокови нагоре-надоле по максималните 10%. Од една страна многу луѓе излегоа и имаат свеж капитал на кој немаат што да му прават. Од друга страна е период на дивиденди.

НБРМ даде препорака да не се даваат дивиденди. Сите акции вртоглаво тргнаа надоле.
Први кои решија да ја послуѓаат НБРМ се ТНБ. Се виде што се случи со нивните акции. Потонаа.
Вчера КМБ објавија дека нема да ги слуѓаат НБРМ, акциите денес рипнаа скоро 10% горе во првиот саат.
Тоа е јасен сигнал дека малкуте инвеститори кај нас се во периодов многу-многу сензитивни на информација дивиденда.
Читав некаде дека ако се продлабочит кризата копманиите шо давват дивиденда немат да добијат ништо од кризните пакети од владата?
Дали беше за кај нас или не не се сеќавам.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Еве и Пекабеско малце да им помогне на државата и општеството. Одлична вест дека е зголемена потрошувачката на прехрамбените производи.

Инаку, по терк на Комерцијална, би можел да пушти и дивиденда за дополнително да помогне на стопанството пошо скоро целосно ќе ја земат македонски акционери. Не верував дека ова некогаш ќе го кажам, ама: Кутревски, постапувај како што прави и Хари Костов :lolzz:

 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.294
Поени од реакции
7.652
Eve jas kao knigovoditel ke ti kazam !!!
Koj nemal pak nema :)
Ne e losho ova kupish na 20% dole prodadesh na 20 % gore :)
Кога успеавте да купите и одма да продадете со 20%, секоја чест :aplauz:
Да не прајме муабет дека претходно не продававте, сигурно кредит сте подигнале :D

Пратете го Мандрач следна недела како ќе го снема.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Ајде аирлија.

Алкалоид ќе ја одложи исплатата на дивиденди до после кризата.
Кога ќе биде тоа... ќе видиме ;)
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Чекајте малце другари....ПАК ГИ САКАТЕ АКЦИИТЕ????

Абе не знам веќе како да ве наречам, најискрено....само еден најдобронамерен совет, подалеку од берза.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Чекајте малце другари....ПАК ГИ САКАТЕ АКЦИИТЕ????

Абе не знам веќе како да ве наречам, најискрено....само еден најдобронамерен совет, подалеку од берза.
Најјако триење сол на рана ќе беше да им кажа дека си изнакупувал минатата недела по најниските цени и сега чекаш момент да распродадеш пред новиот пад :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom