Што да ви кажам, работава врвка.
Западниве земји излегоа со огромни стимулуси во текот на денот. УСА 850 милијарди, ЕУ 350 милијарди, УК 390 милијарди.
А нашиве генијалци што смислија? Карантин у Криволак!
Како ќе опстане малиот бизнис? Ќе има огромен број банкроти. За невработеност да не праиме муабет. Све е фино карантин ова она, ама што рече оној со чајџилницата, „државата ли мене ќе ми даде да јадам?„
Многу ќе настрадаат високо задолжени фирми без стабилен кеш флоу. Практично сите фирми на Минчо! РЖИН ФАКМ БЕСК јако ќе кризираат. СТИЛ. Други критични фирми АДИН, потоа ФЕРС, ЦЕВИ, ТКВС. МПТ е многу кредитно изложен. ЗИЛУ и ЗПКО, ама тие да речеме се во прехранбена. СПАЗ моине, од кого ќе наплаќаат ренти?
Банкине па не ми се почнува...нека се спремаат за резервации до небо. Значи врв-ка
Da ama koga imas vakvi genijalci kako ovoj so go oprai danocniot sistem :
Branimir Jovanovic
22 ч. ·
Само што ги видов барањата на коморите (Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојуз на стопански комори) до Владата. Практично, бараат да не плаќаат даноци и државата да им покрива плати за работниците. Профитите, се разбира, да не им ги чепка. Ништо за јавното здравје, општото добро и слично.
ОК, човечност, емпатија, грижа за другите, солидарност, не би очекувал од овие комори ни во вакви кризни состојби. Но, дали на господата од коморите им е јасно дека ако им се удоволат овие барања, државата целосно ќе крахира? Дали се свесни дека во таква ситуација сите ќе фатиме корона, вклучувајќи ги и нивните работниците и нив самите? Дали и тогаш ќе се грижат само за нивните дебели профити?
Да не испадне дека не сум конструктивен - да, државата треба да им помогне на погодените фирми. Тоа е основниот постулат на економските политики, да ѝ помагаат на економијата кога таа е во криза. Но поддршката треба да биде разумна и добро димензионирана, во вид на краткорочна поддршка за да се преброди кризниов период, и насочена кон оние кои се погодени и не можат сами да се справат со кризата. Конкретно, треба да се обезбеди директна финансиска помош, на пример, преку поволни кредитни линии, и одложено плаќање на давачките кон државата. Но, само за фирмите кои имаат намален промет поради кризава и кои немаат доволно средства за да се справат самите.
Уште поважно, иако скоро никој не го спомнува ова периодов, државата во оваа криза треба да ги заштити и граѓаните, не само фирмите. Освен забраната за покачување на цени, која веќе се донесе, треба да се забрани и отпуштање на работници за време на кризава, мораториум на присилна наплата и извршување, и замрзнување на обврските за камати кон банките. Вакви мерки воведоа некои европски држави, па ако можат тие, можеме и ние.