Еве ви директен пренос како се руши кулата од карти: за еден ден им паднала вредноста у индексниот фонд за 165.000.000 денари, односно, у нивна пресметка, за 40.000 евра помалку провизија годишно
Инаку, органскиот пад од 7,59% би значел губиток на 53.000.000 денари вредност, што значи дека имале и повлекување удели од 112.000.000 денари
Не сум директно поврзан со КБ Публикум но искрено не ти ја разбирам фиксацијата со нив.
Инвестициските фондови се и те како потребни за да се развие пазарот на капитал во една земја.
Ти можеби си едуциран инвеститор, но за поголемиот број на неедуцирани инвеститори фондовите се одлична можност за инвестирање, како и за зголемена ликвидност на пазарот.
МБИ10 фонд е одлична идеја и браво за тој што што го истуркал целиот проект.
Јас него ништо не сум му, ама да се напаѓаат тие малкуте што предупредија на вакво сценарио е извртување на фактите а не ФАКТ.
За паника е работава ама вие нејќете очи да отворите, ЕУ ги затвара границите за првпат во историјата целосен LOCKDOWN се случува во светски рамки.
Поголемиот дел од компаниите затвараат или ќе затворат и се тргуваат на PE од 3,4,5.
Никој уште не се осудува да каже до кога ќе трае или кога ќе заврши ова лудило.
Меркел изјавува дека 60-70% од германците ќе го фатат вирусот, нашиве твдат дека за месец дена ќе биде пикот. И они ли лажат и креваат паника?
@Blizzard vo nieden post nema napisano sto toj napravil so sopstveniot kapital, nisto nema napisano vrz osnova na koi parametri gi temeli vakvite stavovi, ama bukvalno nisto nema objasneto i izdrzano. Jas vo negovite postovi citam samo nagaganje sto bi bilo
Не сум директно поврзан со КБ Публикум но искрено не ти ја разбирам фиксацијата со нив.
Инвестициските фондови се и те како потребни за да се развие пазарот на капитал во една земја.
Ти можеби си едуциран инвеститор, но за поголемиот број на неедуцирани инвеститори фондовите се одлична можност за инвестирање, како и за зголемена ликвидност на пазарот.
МБИ10 фонд е одлична идеја и браво за тој што што го истуркал целиот проект.
Од неколкуте крупни извори на кеш што беше вбризгуван на берза (градежници, докупи, регионални индексни фондови, шпекуланти, инсајдери од институции), овој фонд ја има таа несреќа да биде најтранспарентен со издавање на дневни валуации па поради тоа ми е и најзгоден за анализа. Многу повеќе би сакал да имам изводи од сметките на Чифлиганец и Адора па нив да ги анализирам. Исто така, ни другите фондови нема да поминат ништо пославно, а тоа секој ќе има прилика да го види веќе со добивањето на полугодишниот извештај од својот задолжителен пензиски фонд.
Мислам дека и јас во некој од претходните постови го имам пофалено индексниот фонд како инвестициски инструмент за „раздвижување“, ама поради составот на индексот се инвестираше диспропорционално во многу лоши и преценети компании, додека некои многу појаки останаа потценети затоа што не се во составот на индексот, а прва меѓу нив е секако Пекабеско.

Не е проблемот во фондот, тие во проспектот имаат најавено дека ќе го следат индексот МБИ10 и толку.
Ако сакаш да ја бараш вината, тогаш ќе треба да ја бараш во Македонска Берза. Но и тие ќе ти кажат дека PKB не ги исполнува условот за ликвидност на хартијата од вредност. Исто така не исплаќа дивиденда, што според нив е преференцијална опција.
Мене проблем ми е како влегуваат TTK и SBT во индексот. Со неколку лажни блок трансакции од неколку илјади акции билдаат некој показател за да исполнат услов. Плус кај STB не се сметаат компањоните Орце и Панделевски како здружени претпријатија што го зголемува показателот за free float во критериумите за влез во индексот.
Да разбираше малку повеќе Кутревски, PKB ќе беше во индексот и во овие луди времиња и луди вреднувања ќе стигнеше и до 80.000 - 90.000. И Андреа долго време не разбираше и стариот од Прилепска но подоцна им светна.

Ај веќе кога напаѓате да ве прашам нешто.
Зашто не ги нападнете тие што минатата недела тука трубеа дека оваа недела ќе има раст на МСЕ од 15-20%.
Зар не пробуваа да го напумпаат пазарот дополнително за свои цели, а пазарот веќе бил пренапумпан како што гледаме.
Колку луѓе ги послушаа тука и сега се во загуба, колку животни заштеди отидоа/се намалија заради неодговорното пумпање на пазарот од поединци во последниов период од 3-4 месеци. Дали некој од нив ви кажа дека ова е крај на циклус и дека има можност да заглавите?
Не видов ниеден пост да нападнете некој од нив, ама Blizzard кој беше во право го утепавте од напаѓање.
Хипокризија на кило на форумов, некој предвреме да те предупреди и да ти каже што следува и горе доле да погоди се и вие вака да го напаѓате, дечки погледнете се прво во огледало пред да пишувате на форумов и бројте до 3 после тоа.
Берзата не падна бидејќи беше пренапумпана. Берзата падна бидејќи се деси светска пандемија. И нема нешто во светов што не падна.
1. Дека некој на форумов го предвидел тоа, мало морген
2. Начинот на кој „предвидувачите“ се обраќаат кон останатите е потценувачки и вулгарен. Целта на тие коментари е се друго освен добронамерен совет. Дополнително во нив нема ни трошка податоци, а уште помалку економско толкување.
Има еден куп постови на форумов каде што се излегува со некакви анализи и податоци. Што точни, што грешни, не е битно. Споделуваат луѓе што мислат дека е битно. Еве TENDO на пример, пушти графикони. Супер, некој ќе се сложи некој не.
Тоа што и двајцата го декларирате како „нападот“ не е напад. Туку е реакција кон потценувачко и навредливо однесување.
Па ти што мислиш, иако СТБ и КМБ се скоро еднакво големи банки, како е можно СТБ да направила скоро 200.000.000 евра повеќе профит него КМБ у задните десетина години?? Или пак како е можно МПТ и ОКТА цело време да работеле на позитивна нула?? Како е можно директорот на Алкалоид да поседува околу 8% акции, а да зема накај 30% од профитот преку плата, награди, дивиденди и (претпоставувам) опции?? Еве баш би сакал да го видам неговиот менаџерски договор.
Нека фала, чувајте си ги ваквите менаџерски умови, а јас ќе се снаоѓам некако со Кутревци!
Криминалот на менаџерите е нешто што се дисконтира од цената на акцијата, а иако во најголемите фирми има многу поголеми апаши од Кутревски, акцијата на Пекабеско е драстично попотценета затоа што постои негативно мислење за неа и не е составен дел од индексот.
Инаку, немам никаква желба нејзината цена да расте затоа што повеќе би сакал да купувам по пониска, туку ова го кажувам само заради прикажување на состојбата на пазарот којашто довела до вакви диспропорционално преценети или потценети компании.
Не е проблемот во фондот, тие во проспектот имаат најавено дека ќе го следат индексот МБИ10 и толку.
Ако сакаш да ја бараш вината, тогаш ќе треба да ја бараш во Македонска Берза. Но и тие ќе ти кажат дека PKB не ги исполнува условот за ликвидност на хартијата од вредност. Исто така не исплаќа дивиденда, што според нив е преференцијална опција.
Мене проблем ми е како влегуваат TTK и SBT во индексот. Со неколку лажни блок трансакции од неколку илјади акции билдаат некој показател за да исполнат услов. Плус кај STB не се сметаат компањоните Орце и Панделевски како здружени претпријатија што го зголемува показателот за free float во критериумите за влез во индексот.
Да разбираше малку повеќе Кутревски, PKB ќе беше во индексот и во овие луди времиња и луди вреднувања ќе стигнеше и до 80.000 - 90.000. И Андреа долго време не разбираше и стариот од Прилепска но подоцна им светна.
Прилепска не е дел од индексот, а и секако многу лошо работеа у задниве 2-3 години, па империјата Кокакола/Хајнекен го возврати ударот и почна пак да ги доминира у секоја смисла. Со вакви катастрофални резултати и во ваков катастрофален пазар им е гарантиран сериозен пад. Мислев дека Самарџиовци ќе бидат доволно паметни па да ја продадат на врвот пред три години, ама на собранието видов дека стариот ги влече сите конци. Не само што немаа намера да продаваат туку почнаа и да купуваат други акции, па тоа ми беше сигнал да распродадам на негде 37.000, иако потоа цената надминуваше и 40.000 денари.
Што се однесува до МПТ и ОКТА, мислам дека тие се дел од некаков регионален индекс за нафтени компании пошо кој факин нормален би инвестирал пари у Окта - рафинерија и трговец што петнаесет години нема направено профит Додуша, благодарение на тие добри душички што уфрлуваа пари у Окта и успеав да излезам со просек над 5.000.
Западниве земји излегоа со огромни стимулуси во текот на денот. УСА 850 милијарди, ЕУ 350 милијарди, УК 390 милијарди.
А нашиве генијалци што смислија? Карантин у Криволак!
Како ќе опстане малиот бизнис? Ќе има огромен број банкроти. За невработеност да не праиме муабет. Све е фино карантин ова она, ама што рече оној со чајџилницата, „државата ли мене ќе ми даде да јадам?„
Многу ќе настрадаат високо задолжени фирми без стабилен кеш флоу. Практично сите фирми на Минчо! РЖИН ФАКМ БЕСК јако ќе кризираат. СТИЛ. Други критични фирми АДИН, потоа ФЕРС, ЦЕВИ, ТКВС. МПТ е многу кредитно изложен. ЗИЛУ и ЗПКО, ама тие да речеме се во прехранбена. СПАЗ моине, од кого ќе наплаќаат ренти?
Банкине па не ми се почнува...нека се спремаат за резервации до небо. Значи врв-ка
Инаку банките ќе си наплтат, од народ од фирми. А народ има 4милијарди евра во банки. Оваа криза е кај државниот долг. Е сега банкиве колку се изложени кај државата е проблем.
Рено Нисан и Волксваген ги затвораат фабриките. За кого ќе произведуваат делови оние од индустриските зони?
Све тоа ќе оди на принуден одмор. Тие што не можеле да преживеат со 300 евра де! Сега ќе мора да пробаат да преживеат со 0 евра. Може па повеќе ќе ценат?
Западниве земји излегоа со огромни стимулуси во текот на денот. УСА 850 милијарди, ЕУ 350 милијарди, УК 390 милијарди.
А нашиве генијалци што смислија? Карантин у Криволак!
Како ќе опстане малиот бизнис? Ќе има огромен број банкроти. За невработеност да не праиме муабет. Све е фино карантин ова она, ама што рече оној со чајџилницата, „државата ли мене ќе ми даде да јадам?„
Многу ќе настрадаат високо задолжени фирми без стабилен кеш флоу. Практично сите фирми на Минчо! РЖИН ФАКМ БЕСК јако ќе кризираат. СТИЛ. Други критични фирми АДИН, потоа ФЕРС, ЦЕВИ, ТКВС. МПТ е многу кредитно изложен. ЗИЛУ и ЗПКО, ама тие да речеме се во прехранбена. СПАЗ моине, од кого ќе наплаќаат ренти?
Банкине па не ми се почнува...нека се спремаат за резервации до небо. Значи врв-ка
Јас не знам како МПТ и ОКТА со натрупани прескапи залихи и прогнозирано катастрофално намалување на потрошувачката веќе досега не паднале барем по 50%. Исто така, и МТУР треба да падне барем 50% пошо ќе има НУЛА приходи од дејност, а ќе има и огромни капитални загуби од хартии од вредност. Ова посебно важи и за ГРНТ и другите паметњаковиќи што капиталните добивки ги имаат книжено како останати приходи!

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.