Трајковски, Тасовски и Поповиќ на болничката листа
Поразот во Битола само навидум може да се окарактеризира како обичен. Освен што загубија два важни бода во трката за првото место, "шпедитерите" се соочуваат со уште поголем проблем.
Уште пред патувањето во Битола беше јасно дека стручниот штаб на екипата од " Градски парк" не ќе може да смета на с$ подобриот Бојан Трајковски. Младиот крилен центар се пожали на болки во пределот на 'рбетот.
И ако во прв момент се сметаше дека сето тоа е од "минлив карактер", последните вести се дека Трајковски веројатно нема да биде подготвен ниту за наредниот дерби натпревар со Вардар Осигурување.
"Сега сум под тераписки третман. Примив неколку инјекции со цел да се стабилизира оваа нималку наивна ситуација со 'рбетот. Има подобрување, но не можам да кажам дека ќе бидам максимално подготвен да заиграм против Вардар Осигурување"- вели Трајковски.
Ништо подобра не е ниту ситуацијата со Диме Тасовски. Репрезентативното крило се жали на болки во пределот на препоните, со кои настапи и на средбата во Битола. Првиот стрелец на шампионот веќе прескокна неколку тренинзи во обид да ги "смири" проблемите со повредата. Па поради тоа неизвесно е колку ќе може да помогне во дуелот со неговиот некогашен тим.
За да биде уште полошо, на повреда, но на коленото се пожали и Владимир Поповиќ. Еден од подобрите играчи на Фершпед Работнички на средбата со "пелистерци" доби удар во коленото, кој исто така бара лекарски третман.
Ако на тоа се додаде дека и капитенот Горан Веселиновски не се чувствува максимално подготвен, тоа само ги зголемува главоболките на стручниот штаб во пресрет на дербито со "вардарците".
извор:Македонски Спорт
п.с. Дали ова значи дека во недела со Вардар во 19часот, Фершпед ќе загуби втор пат по ред?:helou: