Читањето на одговорите на оваа тема мислам дека многу јасно го доловуваат менталитетот и однесувањето (да не речам сфаќањето на работите) кај нас македонците. И кога велам дека ова е еден македонски феномен и постои кај сите нас, буквално кај сите нас. Мислам дека само е прашање на време кога ќе се простиме со овој наш препознатлив знак. Германците го имаат колбасот, французите виното, италијаните пицата, а ние инаетот. И кривицата секогаш е на некој друг.
Зошто?
Прочитајте ги најголемиот број на одговори кои сугерираат дека проблемот со циганите, питачите, дупките во тротоарите и улиците, ѓубрето наоколу во тони во главниот град на нашава земја - не е наша вина. Небаре данците ги донесоа со авионот кога слетаа на Петровец. Кога се запрашани зошто не е наша вина, - епа така е и во Париз бе, а и во Њу Јорк.
Океј. Лани Париз го посетиле скоро 30 милиони туристи. Од тие 30 милиони....нема да се најдат питачи? Нема да се направи смет? Секако...За такви енормни бројки и во толку голема метропола нормално е да видите секаков џган...покрај мал милион останати културни богатства кои едноставно ќе ви ги заслепат очите...Да не ги набројувам, нели?
Колку го посетуваат Скопје? Колку трошат пари во Скопје? Кои културни богатства ги пружа Скопје за еден турист? Што друго освен питачите и ѓубрето еден турист може да види во Скопје?
Приказната за Њу јорк е иста. Посетителите се тие. Значи покрај се она што може да се види во Њу Јорк....да, можат да се видат питачи. И голи луѓе. Но соодносот е 1 према 10000. А кај нас ОБРАТНО. Во ТОА Е ПРОБЛЕМОТ.
Каниме гости дома, доаѓаат и се запрепастуваат од нередот, гнасотијата, ѓубрето кое ни е по целиот стан, во дневната соба, во спалната... Нормално, ни замеруваат, како и секој нормален човек. Ќе рече, "аман бе, како живееш вака"? А ние најбалкански, "шо кур бе да не немаш ти ѓубре на тераса кај тебе дома. Ај глеај работа".
Ако правиме вака, ич да не каниме гости дома. Ќе си го збратимиме Скопје со Пјонгјанг и ќе си фураме слетови заедно со циганите од улица и сите среќни и весели.
Не треба дома да ни е чисто и убаво за странците кога ќе дојдат да го видат тоа. Треба дома да ни е уредно и чисто пред се за нас самите, да живееме во убава земја. Зарем во Швајцарија дворовите на куќите се нешто поинакви или тревата расте на поинаква земја? Зарем во Германија аутобанот самиот се направил и е отпорен на дупки? Зарем во Франција француските бели моми не јадат кроасани па затоа нема хартии низ улиците?
Проблемите со циганите се од поодамна. Треба системот да се смени за тој проблем еднаш засекогаш да се реши. Никој не го спори тоа.
Проблемот со улиците е во градоначалникот (на било кој град). Се додека не станеме на радикални протести нема да се сменат доста работи во земјава.
Проблемот со ѓубрето е НАШ И САМО НАШ. Никој овде не ни носи ѓубре. И не е дека Комуналец не го чисти. Ако не фрламе ѓубре на улица - нема ни да го има истото.
Сакаме да бидеме во друштвото европејци. Абе никој нема да не сака, никој нема да сака да дојде овде се додека се вакви работите. Еве, не мора многу за почеток, престанете сите да фрлате ѓубре, да заличи малку и тревата и улиците без пикавец и стоби флипс смоки. Овие работи се круцијални од социјален карактер, влијаат на многу етики во животот.
И зошто по ѓаволите, секогаш кога македонецот ќе оди во Германија или Австрија, таму многу убаво знае што смее, што не смее, кај да фрли ѓубренце, кај да се помоча....А овде кога ќе дојди...абе кур не му чуе....