апец
Јувентус фан
- Член од
- 5 декември 2007
- Мислења
- 1.083
- Поени од реакции
- 60
Македонија ја доби препораката за визна либерализација
15.07.2009 08:52Европската комисија официјално ја предложи долгоочекуваната визна либерализација за Македонија, заедно со Србија и Црна Гора.
Одлуката на Европската комисија ја соопштија потпретседателот Жак Баро и еврокомесарот Оли Рен во Брисел.
Овој предлог до крајот на годината треба да го одобрат владите на ЕУ и Европарламентот, по што може да се очекува одлуката да стапи на сила, најверојатно во првото тримесечие од 2010-та година. Брисел се уште не дава прецизен датум.
Директниот прес на Баро и на Рен во Брисел, на кој беше соопштена препораката на Комисијата за укинување на визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора во живо од ЕУ Инфоцентарот го следеа од мисијата на Европската комисија во Македонија.
Како што е наведено на веб страницата на ЕК, Комисијата треба да усвои серија препораки во рамки на предлогот за либерализација на визниот режим со земјите од Западен Балкан.
Препораките, кои потоа ќе се достават во земјите членки на Унијата, треба да овозможат слободно движење во земјите од Шенгенскиот договор и да ја потврдат заложбата на ЕК за укинување на визите.
Со тоа, државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора веќе нема да мора да поминуваат низ долготрајните процедури за добивање визи.
Се оценува дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на евроинтеграција на земјите од Балканот.
Според извештајот презентиран во втората половина на минатиот месец, кој ги содржи оценките на експертските тимови на Европската комисија, Македонија има направено најголем напредок во исполнувањето на условите за укинување на визите.
Конечната одлука за визна либерализација треба да ја донесе Советот на министри со квалификувано мнозинство, односно треба да ја поддржат две третини од земјите членки на Унијата, по претходно дадено мислење и од Европскиот парламент.