Од што боли глава ?
Визна либерализација, биометриски режим? Ограда на радоста, вир до колена? И да, џеб до колена празен....Ех....
Оваа вест како пандан на визната либерализација нели, или кризна?
Многу работи се случија деновиве кои би можеле да бидат вест на денот. Ама ова е нешто посебно, нели?
Ова е една работа што константно ја слушам во последните неколку години. Тоа е визната либерализација. Тоа е нешто што обичниот македонски човек го чека како топло лебче без да знае што точно претставува. Епа, и јас ќе се поставам во таква ситуација, во ситуација на незнаење и бунило, па некако сам ќе пробам да си објаснам...што е визната либерализација и што донесува таа?
Либерализацијата на визниот режим беше ветена со самото измуирање на диносаурусите, а од тогаш Македонија ги презема сите мерки за исполнување на дадените услови од НАТО и ЕУ. Оти отсекогаш тоа ни бил главниот критериум. Е сега, пак не ми е јасно, што претставува тоа? Дали визната либерализација значи слободно поминување на границите на Македонија без никакви пречки и проблеми? Или пак, олеснување на системот и шемата за напуштање на државата, односно се укинуваат шенген визите, со што макеоднскиот турист ќе може без проблем да ги шета државите од регионот, и целата Европа.
Добро...значи сега некако ми се разјасни. Визната либерализација доколку биде донесена, а изгледа ќе биде, оти целата Влада е насочена токму на тоа, оти се грижат за нашите туристи кои сакаат да ги поминат своите денови на заслужен одмор некаде на Малјорка, на Корзика и потаму...а до сега не можеа, оти визи имаше, а тие кутри се мачеа додека ги извадат. Како за чудо, секогаш успеваа. Не знам која техника ја преземаа за да успеат да ја напуштат земјава и покрај шенген системот, ама ефикасен беше начинот, тоа сигурно! Бидејќи Владата не може повеќе да гледа како нашите туристи кои сакаат да си го соборат својот сопствен рекорд (4 години по ред одмор во Италија) мора да смогне сили, да изврши притисок, да работи 24/7 (бројките слободно сменете ги) и мора да успее да помогне на оваа битна тема, на оваа работа која ја носи иднината на македонскиот народ. Епа се согласувам – ја носи иднината, ама како....епа, за тоа малку подолу.
Донекаде тематиката ја сфаќам. Со секој напишан ред, ми е се’ појасно. Се надевам дека додека дојдам до крајот ќе разберам за што пишувам. Засега, тоа за мене ми е општ наслов – „Визна либерализација“ и се околу либерализацијата.
Па тоа сигурно е нешто многу битно. Една харизматична појава која го размрдува човекот во Македонија. Работници, рудари, студенти, правници, мнинистри и други се засегнати што и во сон извикуваат “шенген! и “виза! Како може да е нешто небитно. Згора на се, на вестите оваа појава секоја година се совпаѓа со новата година (пр. Во 2006 се зборуваше за либерализација која од 1 јан 2007, истото беше и година подоцна). Оваа година се зборува дека границите со лезет ќе почнат да се поминуваат од 1 јануари 2010. Нова година и визна либерализација?! Јеееееее!!
И сега сите се во делириум. Оние што се вратија од Бали, а по пат од парите што им останаа си купија персиски килими за цело маало се воодушевени до коска. Следниот пат идеме без да чекаме 3 и пол минути пред амбасада. Какво олеснување за нив. А студентите ко студенти. Не можам да кажам дека на сите тоа им беше главен приоритет. На некои од нив имитирањето на баскиската “ЕТА“ е позанимливо. Но, оние кои ги вложија претпоследните, а богами и последните атоми енергија во спорот за визно – кризната либералност имаат право да бидат среќни. Имено, голема група на студенти зимоска беше на протест во Брисел. Токму за ова прашање. Може нивниот притисок ќе биде клучен за милоста на ЕУ и укинувањето на визите, не можеш да знаеш. Битно тие го искажаа својот револт. Но, тешкотииете при вадење на визите се исплатеше. Во Брисел тие начекаа кондури кои овде може да се најдат за 3000 евра. Каква среќа – таму ги купија за 2960! Е ај сега некој нека каже дека скитањето низ Европа не знае да се исплати. И уште кога ќе нема визи – ќе може да си наоѓаме и фармерки, блузи, капути,..а не само вакви кондури! – напиша еден бунтовник со причина додека ја аплоудриаше својата бунтовничка слика од Брисел на фејсбук. Браво!
Ехеј, со мои зборови некако почнувам да се убедувам дека укунувањето на визите се главен приоритет на Владата и нашиот намачен патриотски народ. Па мора да е така. Народот тоа го бара, а Владата се бори за тоа – јас Владата за тоа не можам да ја окривувам. Мене не ми е јасен остатокот од нашиот народ. Додека ги гледаат најновите вести околу либерализацијата би сакал да ги запрашам без да можат или сакаат да ми дадат одговор, оти не го ни очекувам. Што ќе биде за вас кога нема да постојат визите? Каде ќе се оди? Дали пак ќе ја напуштите Македонија. Дали и тогаш најдалечно место до кај што сте биле ќе биде повторно Битола? Дали македонскиот член на работничката класа која очигледно нема лидер знае дека со укинувањето на визите нема нови вработувања или покачување на пари или туристичките агенции ќе имаат слух за вашите проблеми и ќе ви прават тури за безпари? Дали на многумина од вас ви е дојдено до посета на Лондон, Париз, Виена...?
Што има да очекувам одговор, кога го знам. И затоа нема да продолжам, оти и онака квалитетот на коментарот од збор во збор се намалува како наталитетот во Македонија па затоа ќе ги напишам уште последни два-три збора кои ги ветив. Каде ја гледа Македонија иднината преку визната либерализација? Епа јас само ќе го поставам темелот, а поинтересно ќе биде да си го составите одговорот сами.
И со визната либерализација и со влезот во ЕУ, Македонија преку сите досегашни Влади се труди да ја отвори вратата. Сака да ја отвори вратата која ќе значи спас за народот намачен од државата наречена и одречена Македонија каде што вода има а за вода се умира, каде што лебот е луксуз, каде не се мисли со своја глава. Кога си мачен и угнетен, кога си понижен и занемарен, кога не смееш да мислиш на и за себе, колку и да сакаш....дали би останал каде што си, а имаш услови за излез надвор. И замисли, излезот од се’ срце ти го нуди никој друг, туку оној што те држеше затворен.
Епа голем плус за него. Заради тоа што ја празни државата без приоритет да биде создавање услови вратата да се отвора навнатре, а не за надвор.
Секоја чест!
Вест на денот, доколку сонце не изгрее.
За кого како, нели?
(знам знам, не е тоа тоа, ама има врска колку толку со темата, битно е да се јаде бурек, нели?)
____________________________________________________
автор: the carpenter
иста содржина и
тука