Македонија со најлошо здравство во цела Европа

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И за тие од Албанија.
Не сум налетал на такви случаи, можеби. Како и да е, на темата, здравството ни е мизерно, дну дна, да се надеваш дека нема да се разболиш е работата, пошто ќе те доутепаат. Така да, секое протекционо мислење во однос на нашево здравство е лудост, се коси со секоја логика.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Само ме интерсира дали за 25 евра можеш да направиш целосна вилица горна и долна во Франција.
Џабе вилица од 25 евра ко фрижидериве ни се празни. Шо ќе јајме? :toe:

А иначе во право си.. Кутри французи со 8000 денари плата не можат крај со крај да врзат.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Само ме интерсира дали за 25 евра можеш да направиш целосна вилица горна и долна во Франција.
Се согласувам дека здравствените услуги е поефтино од многу места во светот. И во УСА едно MRI кошта илјадници долари, а тука на приватно се прави за неколку стотици евра. Ама муабетот тука е колку е квалитетно. Така да, може се' да спинуваш дарлинг, ама дека ни го бива здравството, не можеш.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Ќе одиме пред Систина или Филип 2ри и ќе се чудиме зошто е полно со Албанци, иако Албанија има индекс 67. После ќе одиме во Тирана и ќе се чудиме каде се Македонците да чекаат на ред за лечење таму.
:facepalm: Гледам и во Куманово се чека ред, не само албанци, туку и јапанци има.[DOUBLEPOST=1422302069][/DOUBLEPOST]Колку е мизерно здраството овде не може ни најдрскиот опозиционер да ја опишува, дури и да претерува според негова перспектива.

Тоа искуство што сум го имал со здравството особено во Куманово знаејќи колку слаба елоквенција имам не би имал шанси да ја опишувам, едноставно почнував сериозно да размислувам и да се обедувам дека државава заслужува Рас ал Гул во скоро време.

Но последното што ми се случи ме изненади и мене и не ми текнува вилан соодветен.

Не знам како е здравството кај други држави, не сум бил, можеби има и полошо, можеби сум ја пропуштил таа можност за утеха.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.551
Само ме интерсира дали за 25 евра можеш да направиш целосна вилица горна и долна во Франција.
Зависи што сметаш под "целосна горна и долна вилица за 25 евра". Ако мислиш нови вилици, 28 нови заба од порцелан тоа и тука не го гледаш.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Можеби не е држава со најлошо здравство, но дефинитивно здравството ни е катастрофално. Таква прчварница од болница човек неможе да најде никаде.

Бидејќи периодов се маткам по болници поради уртикаријата, можам слободно да кажам зошто здравството го означувам како катастрофална категорија.

1. Доктори од поликлиника сфаќаат дека ништо неможат да направат против уртикаријата, па поради тоа ем ти викаат дека креваат раце, ем ти промрчуваат што си им чест пациент. Зар ние пациентите сакаме да одиме на лекар?:confused:

2. Мој термин?:confused: Најглупата работа што се вовела во последниве 5 години. Со мој термин човек или ќе си закаже излекување, или ќе си закаже влошување на болеста или ќе стигне до умирачка. Страшно. Како некој кој има уртикарија, алергија која се шири од секунда во секунда, они ти закажуваат алерготестови и испитувања за еден месец. Среќа што станува збор за алергија, тешко на тие кои имаат потешки болести.

3. Бидејќи поликлиниката не е доволно стручна да те излечи те испраќаат на Клинички Центар, Скопје. Човек ќе си рече, конечно овие од Клиника ќе ме излечат, тоа очај невиден.
Човек умира, а никако неможеш да стигнеш до болницата. Пред тебе гледаш коли наредени во должина од еден километар и го слушаш звукот на свирката додека осеќаш како кожата ти гори. Се случува и тоа колата зад тебе да те чукне или евентуално колата да ти прокува. Тоа што неможе да се воспостави ред со паркингот и сообраќајот, нема врска, битно човек ќе испушти душа додека стигне до болница.
Но човековиот живот не е битен, битно е да низ болницата и околу неа шетаат пајаци и паркинг зони кои ќе гледаат во секој момент да ти земат што е можно повеќе пари, додека тебе ти гори под нозете.

4. Е сега ако дочекаш да влезеш во Клиника, првата работа што ќе ја забележиш е како пребледени, оперирани, болни луѓе лежат на кревети по улиците додека вработените кои ги пренесуваат од болница во болница си прават муабет.
Кога ќе влезеш во болницата те обвиваат поморници и очај. Влегуваш на слабо осветлено, прљаво место во кое мириса на манџа од замрзнат патлиџан. Низ болницата гледаш како болните кои излегле од операција лежат на кревети низ ходници, додека персоналот се врцка околу. Гледаш како стотици луѓе чекаат пред тебе,, а ти сфаќаш дека повеќе неможеш да издржиш. Седнуваш на клупата која датира од пред втора светска воја и слушаш каконешто крца, сфаќаш дека се распаѓа.
Но се се променува кога ќе влезеш во ходниците каде се наоѓаат докторските канцеларии. Свежо, чисто место, опремено со луксузна блиндор врата. Просто како да си влегол во приватна болница од турска серија.
Одиш да примиш инекција, легнуваш на креветот, осеќаш болка како со бурмашина да те боцкаат зошто сестрата е нешто нанервирана, стануваш од креветот, на твојата блоза има едно кило ѓубре.
И после зошто кога ќе ти речат остани во болница, бегаш. Хигиената е нула. Човек може некоја зараза да фати.

5. Стручноста на докторите е нула. Ај овие од локалниве поликлиники ги разбирам, немаат доволно апаратура и знаење, ама овие од главнава болница, молим ти се, срамота е:confused:
Најпрво медицинскто лице секогаш треба да има насмевка на лицето и разбирање за болниот. Овдека влегуваш, сестрата те гледа ко да си и убил некој близок. Ти ја начукува инекцијата и следните две - три недели осеќаш болки во кичмата. Ако речеш дека те боли, започнува да се кара со тебе. Бев дојден во таа ситуација да се испокарам со сестрата и да ја доведам во таа ситуација да заќути.
Докторките/докторите се делат на. Стручни кои немаат можност да се докажат поради некои глупи распореди/закони/правила, крајно исплашени доктори од ситуацијата и гомно доктори кои неможат да ти помогнат, па поради тоа по тебе плукаат.
Јас и кажувам помагајте имам алергија, она ми вика среди си ги погледите во општеството. Сакај ја Македонија. Ги мразам таквите кои си заминуваат од неа, затоа сега замини си. И очекував дека од таква фаца ќе бидам излечен.
Битно се покажа дека има пет дипломи и партиска книшка:unsure:
Професорите доктори и директорите на одделите се многу примитивни. Џабе што на вратата начукале Проф. спец. прим. маг. хир. др. кога ни 1% немаат од тоа. Само изгубиле од човечноста.
Секоја им чест на таквите медицински лица кои се обидоа да помогнат, но нажалост само 5% се такви во болницата, т.е. во целиот Клинички центар.

6. Ако сакаш да те излечат и да ти обрнат внимание ти требаат пари и врски. Иначе ќе скапеш чекајќи пред врата.


Фала му на Господ што е цело време со мене, па еве почна полека по полека алергијата да се повлекува и губи.
Факт е дека уртикаријата е тешка алергија/болест, која се лекува година, две, пет, а кај некои трае и деценија. Среќа имам што јас ја имам само два месеца, па почнува да се губи. Среќа што се најде еден доктор во Државна што ги упати другите како да помогнат, па затоа и јас подоцна ќе споделам во темата за уртикарија како се лечи уртикаријата.


Ако сакаме подобро здравство, можеме да го добиеме, само ни треба некој силен и успешен човек кој ќе застане на чело на здравството во државава и ќе започне да го гради од почеток. Реновирање на болниците, ново подредување на персоналот по знаење, одделна болница за хитни случаеви, неколку катни гаражи до болницата, повеќе патови до болницата.

Но додека попрво се гледа да му се земат парите на болниот, а не да се погрижат за неговото здравје, вака ќе тера здравството, а ние како пациенти ќе трпиме.

Блазе на тој што има пари, па ќе отиде во Систина и ќе се излече за пола рок побрзо одколку во државното здравство.

:)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Ништо чудно ништо ново... Кога ке им спомнеш на луѓе нешто минимално подобро во секојдневието пр. Здрава храна, убави мисли, природа те гледаат попреку и мислат дека си тргнат. Свеста е клучен фактор ние како нација ја немаме. Од друга страна здравството во државава е за плачење... Да си нема мака човек оти во нивни раце подобро да не е. Сестрите по болнициве ги страв да ги викнат докториве на оделенија за преглед па и за итни случаи.

Како што кажав дефинитивно свеста е клучен фактор ако се трудиме да ја подигнеме ние младите кај населението ке биде многу многу подобро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не можеш. Не можеш ниту со 25 денари да купиш леб во Швајцарија. Во Македонија можеш. Заклучок, во Македонија е подобро од Франција и Швајцарија.

Латас логика, новиот Аристотел. :roker:
Смешното е што стварно можеш у Франција или било каде ЕУ вилици бабски да направиш. Зборам за оние за во канче со вода навечер, мода од пред 100 години, покрива фондот. Нека прави нов јузер малиот. ;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.154
Поени од реакции
25.621
Не сум налетал на такви случаи, можеби. Како и да е, на темата, здравството ни е мизерно, дну дна, да се надеваш дека нема да се разболиш е работата, пошто ќе те доутепаат. Така да, секое протекционо мислење во однос на нашево здравство е лудост, се коси со секоја логика.
Секако, срање здравство имаме. Тоа што е квалитетно е прескапо. Ама не ни требаат глупи бројки во кои Албанија има поквалитетно здравство од САД за да го знаеме тоа. Доволно е да отидеш до матичен лекар.[DOUBLEPOST=1422302938][/DOUBLEPOST]
:facepalm: Гледам и во Куманово се чека ред, не само албанци, туку и јапанци има.
А јас од секогаш сум знаел дека Куманово е светски здравствен центар. :vozbud:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Смешното е што стварно можеш у Франција или било каде ЕУ вилици бабски да направиш. Зборам за оние за во канче со вода навечер, мода од пред 100 години, покрива фондот. Нека прави нов јузер малиот. ;)
Сака дечкото ум да продава, па некогаш се мести на волеј. Дете е, му се игра.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Условите во болниците зависат и во голем дел од персоналот и од пациентите.
Сите не се научени на оноа да се почитува туѓото, туку - крши, мавај шо го ебеш не е твое.

Инаку Кочани добија 3 нови комбиња - донација од рудникот САСА. Во Кочани на одделенијата е чисто колку што може да биде чисто- нема бубашваби и останати инсекти. Постелата се менува и се пере често, имаат донации нови од кочаниски фирми и се обидуват да зачуваат колку што е можно повеќе....

А за Штип, не ми се ни зборе за таа дупка од град, за тој змијарник... Најгаден персонал, у смисла на гад од луѓе. Дрски, безобразни, арогантни. Болницата е хорор. Бубашваби лазат по пациентките шо лежат на интерно одделение. Смрди на урина насекаде. Не се ни трудат да го одржуват чисто.

Една споредба - На интерното одделение во Кочани во малите соби се 4 кревети, а во големите соби се 8 кревети (од прилика собите се 4 х 10 м, и 8 х 10 м) и се опремени со клима уреди кои се користат.
Во штип, во една соба шо се вели, се набутани по 10 кревети, и тоа споени еден до друг, за болните да се држат ноќе за рачиња додека спијат.

Шо не се инвестира во обнова на објектите, не се инвестира. Шо се „обучува“ биран кадар (на тато и на мама доктори - деца доктори со завршено образование во БГ, и оние со партиски книшки) све тотални професионалци. Шо сите доктори бегаат од овој пекол држава, бегаат.
За пример - Мојот прв братучед заврши најдобар во генерацијата, и доби стипендија http://www.utrinski.mk/?ItemID=4B0F924D6F13C8448568F9C52059262D
сега е во Германија на специјализација, каде што ем работи ем специјализира, а тука асистентите наши на Штипскиот факултет за мед науки се едни исфурстрирани суштества шо мислат дека се повеќе и од професорите. А дојче веле ќе си објавува за тоа дека најдобрите македонски студенти бегаат во странство
http://www.dw.de/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D1%87%D1%9A%D0%B0%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5/a-16074652

НЕМА ЗГРАДА И УСЛОВИ ВО КОИ ДА РАБОТИ ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ВО ШТИП, А ОВИЕ СЕ КУРЧАТ ПО СКОПЈЕ ШО СРАЊА ИМАТ НАПРАЕНО ВО „СКОПЈЕ 2014“ И КОЛКУ КОШТАЛЕ СТАТУИ И БАРОКНИ ФАСАДИ .... А СЕ КУРЧАТ ПО ИНТЕРВЈУА ДЕКА ОБЈЕКТОТ Е УШТЕ ВО ИЗГРАДБА ОД 2008МА ГОДИНА И ЧИНИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА... ЕБЕНИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА :yid:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
А јас од секогаш сум знаел дека Куманово е светски здравствен центар. :vozbud:
Колку што дочитав ова рангирање не е за здравството во главните градови на државите на светот.

Ако ти е за утеха ја лично многу сум среќен затоа што болниците во Скопје се подобри од тие на Тирана и Приштина, ова е за гордеење
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.154
Поени од реакции
25.621
Колку што дочитав ова рангирање не е за здравството во главните градови на државите на светот.

Ако ти е за утеха ја лично многу сум среќен затоа што болниците во Скопје се подобри од тие на Тирана и Приштина, ова е за гордеење
Ти се радуваш на чудни работи, ама ок, твое си е. :D
 
?

..........

Гостин
Катастрофа најголема во цела Европа, да не беа афричките вукојебини веројатно ќе бевме први во светот со најлошо здраство,
10689539_10153022555892346_3885572560732248404_n.jpg
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Условите во болниците зависат и во голем дел од персоналот и од пациентите.
Сите не се научени на оноа да се почитува туѓото, туку - крши, мавај шо го ебеш не е твое.

Инаку Кочани добија 3 нови комбиња - донација од рудникот САСА. Во Кочани на одделенијата е чисто колку што може да биде чисто- нема бубашваби и останати инсекти. Постелата се менува и се пере често, имаат донации нови од кочаниски фирми и се обидуват да зачуваат колку што е можно повеќе....

А за Штип, не ми се ни зборе за таа дупка од град, за тој змијарник... Најгаден персонал, у смисла на гад од луѓе. Дрски, безобразни, арогантни. Болницата е хорор. Бубашваби лазат по пациентките шо лежат на интерно одделение. Смрди на урина насекаде. Не се ни трудат да го одржуват чисто.

Една споредба - На интерното одделение во Кочани во малите соби се 4 кревети, а во големите соби се 8 кревети (од прилика собите се 4 х 10 м, и 8 х 10 м) и се опремени со клима уреди кои се користат.
Во штип, во една соба шо се вели, се набутани по 10 кревети, и тоа споени еден до друг, за болните да се држат ноќе за рачиња додека спијат.
Во Кочани по осум кревети имале во соба, па уште и за фалење се.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa

Kajgana Shop

На врв Bottom