Македонија со најлошо здравство во цела Европа

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.238
Поени од реакции
16.284

МАКЕДОНИЈА СО НАЈЛОШО ЗДРАВСТВО ВО ЕВРОПА, ПОСЛЕДНА НА ЛИСТАТА
Франција е на врвот на листата со индекс од 82,58, додека Македонија е последна со индексни поени 35.12 и со тоа има најлоши здравствени услуги во Европа.

Фокус 26 јан 2015, 11:16

Македонија е последна на листата по здравствени услуги во Европа, а Франција има најдобра здравствена заштита, според истражувањето на независниот центар Numbeo.

Франција е на врвот на листата со индекс од 82,58, додека Македонија е последна со индексни поени 35.12 и со тоа има најлоши здравствени услуги во Европа. Велика Британија има индекс од 73,88, што ја прави 12-рангирана од земјите на листата со најдобри здравствени услуги. Британското здравство е пред шпанското, швајцарското и финското задравство, но заостанува зад Турција и Кипар.

Компанијата, основана пред пет години, периодично ги сумира овие резултати кои се добиваат врз основа на здравствените услуги и анализа на податоците, како што се вештините и знаењата на персоналот, брзината, опремата, и цената.

Локалните податоци се комбинираат во уникатен индекс на здравството, со кој се добива една единствена мерка за состојбата на здравствениот систем на секоја земја.


Ај да не е дека опозицијата ја измислила веста, еве и од Бизнис Инсајдер


RANKED: The Best Health Care In Europe

  • JAN. 23, 2015, 9:43 AM


Numbeo
Each country's healthcare system ranked. The greener the tint, the better the healthcare.

France has the best health care in Europe, according to research from independent survey centre Numbeo.

The company, founded in Serbia five years ago, periodically releases its rankings in health care services and other polls, analysing data such as skills and competence of staff, speed, equipment, and cost.

Numbeo is headed by Mladen Adamovic, a software engineer who worked for Google, Sungard, and Troxo. He founded Numbeo in 2009.

The website boasts "the biggest database of user contributed data about cities," according to Adamovic's LinkedIn page.

The local data is combined in a unique Health Care Index, which gives a single measure of the state of each country's health system.

France topped the European rankings scoring with 82.58.
Macedonia scored at the bottom with 35.12.
The United Kingdom scored 73.88, making it the 12-ranked country on the list.

British healthcare is ahead of Spain's, Switzerland's, and Finland's health systems, but lags behind Turkey and Cyprus, among other countries.

According to the BBC, reform in Britain's National Health Service (NHS) has become a major focus ahead of this year's general election. A report published on Oct. 23 warned that the health service in England could face a £30 billion annual shortfall by 2020.

Worldwide, Japan had the best score with 87.07. Bahrain and Taiwan precede France on the global ranking.

Here is Numbeo's full European ranking:



Read more: http://www.businessinsider.com/the-best-health-care-in-europe-2015-1#ixzz3PwlclIMb

ОСТВАРУВАМЕ!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.889
Поени од реакции
40.172
@Brutus

@dzonyb

Сето ова е сервирано од опозицијата и Сорос. Удрете по соросидите, шират невистини. А Вистината е дека во последната деценија НИТУ ЕДЕН Македонец не умрел од болест, благодарејќи на натчовечките напори на новиот тим во здравството.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.005
Сеа ќе следат 2 аргумента од ВеМеРО

1 Оваа листа е соросоидна,здравството во Мкд е дури чекор понапред и од најнапредните земји(во село Свирипичино веќе трет живот со 3D принтање на срце спасивме)

2 Не пишале по уставно.Уставно име+ Сириза тепа=Македонија до Индија и античката слава ќе ни се врати.Аминта се смилува на нас,грешници словенизирани.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
275
Поени од реакции
319
овде во Прилеп ужас е ..незнам дали остана искусен доктор во болницата..
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
1.975
Ај да не е дека опозицијата ја измислила веста, еве и од Бизнис Инсајдер
Мала корекција Истражувањето е на www.numbeo.com, Српски сајт кој содржи кориснички генерирана датабаза на информации за оделни места/градови.
Сајтот е во сопственост на Младен Адамович, софтверски инжењер кој своевремено работел и во Google...

Дали може листата да се смета како меродавна?
За некој да, за некој не.....
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.238
Поени од реакции
16.284
Мала корекција Истражувањето е на www.numbeo.com, Српски сајт кој содржи кориснички генерирана датабаза на информации за оделни места/градови.
Сајтот е во сопственост на Младен Адамович, софтверски инжењер кој своевремено работел и во Google...

Дали може листата да се смета како меродавна?
За некој да, за некој не.....
Па и не е потребна листа, доволно е да имаш таква ‘среќа‘ да прошеташ до некоја ЈЗУ.И за најмала работа.Охрид немаше болница 3 години, тогаш болницата Струга беше под страшен притисок (следствено генерирано и огромни гужви) од пациентите од Охрид како и другите места од Југозападниот регион (реонот од Дебар до Ресен и нагоре кон Кичево).
Не верувам дека во некоја од тие држави со кои редовно не редат во споредба снемувало струја по 40 минути, а болницата немала агрегат (Охрид).
Или пак пациентите сами со носеле завои и лекарства (Битола).
Или умирале по неколку трудници и деца за краток период (Прилеп).
Или инјекции имало само ‘за одбрани луѓе‘ (Кавадарци).
http://www.mojotgrad.com/index.php/tikvesija/item/1412-skandal-na-ginekologija-vo-kavadarci-injekcija-ima-samo-za-nasi-lugje
Скандал на гинекологија во Кавадарци, инјекција има само за “свои” луѓе
  • Петок, 10 Јануари 2014 14:38
Болницата во општина Кавадарци

Преку ред, со “врски” и првенствено за “свои” луѓе, тоа се некои од принципите на кои се темели работата на гинеколошкото одделение при општата болница во Кавадарци.
Ана од Кавадарци е бремена жена со негативна крвна група.Во интерес на нејзиното претстојно породување (можеби е и породена) за ова нејзино сведочење сакаше да остане анонимна за да не наиде на “неочекувани” проблеми.

Секоја трудница со негатвна крвна група мора да прима анти-D(Rho)-имуноглобулини, инјекција која жените кои се Rh негативни (-) ја примаат мускулно најпрво во 28 гестациска недела, а потоа и по породувањето, но исто така редовно се прават и дополнителни скрининг тестови за кои што се задолжени специјалистите по гинекологија и акушерство, а на пациентите останува да веруваат во стручноста на докторите и да не бидат загрижени. Или во превод, оваа инјекција е превентивна за безбедна бременост во иднина.

Оваа инјекција, министерството за здравство на Република Македонија ја стави на листата на лекови кои се бесплатни за сите осигуреници.И како таква, треба постојано и во секое време да ја има на ветрините од здравствените установи ширум Македонија.

Од гинеколошкото одделение во Кавадарци на Ана и било кажано (во нејзината 28 недела од бременоста) дека моментално ја немаат на “лагер” оваа инјекција и дека може да потрае и до две недели додека ја добијат.Каков апсурд.Каков срам.Која е поентата да се прима таа инјекција после две недели? Како може оваа “прометна” установа да си дозволи еден ваков кикс кога во општата болница во Кавадарци покрај родилките од Кавадарци, се породуваат и жените од Неготино, Росоман и Демир Капија.

Друга варијанта која и била понудена на Ана е да отиде од аптека и на приватно да си ја купи инјекцијата и да се врати назад во болницата за да и ја стават.Инјекцијата чини 4500 денари, пари кои фондот за здравство подоцна не ги рефундира т.е не ги враќа парите.

Оваа скапа варијанта ја одвратило Ана, и својата мака истата ден ја пренела во кругот на домашните и на пријателите. За нејзина среќа, а несреќа за македонскиот здравствен систем, еден од нејзините пријатели, инаку вработен во општата болница во Кавадарци, завртил неколку телефонски броеви и што се вели, ја “средил” работата.Имало инјекција за “наши” луѓе.

Утредента Ана повторно отишла до гинеколошкото одделение каде фино и пристојно била спроведена и уредно ја примила инјекцијата на терет на фондот за здравство.


ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА БЕЗ ГИНЕКОЛОГИЈА

Прилеп - Дали гинеколошкото одделение од прилепската болница „Борка Талески“ ќе стане амбуланта или ќе го врати реномето што го имаше пред неколку децении, ќе одлучи Министерството за здравство. Бидејќи во овој оддел од вработените четири доктори, сега активно работат само двајца, еден ќе се пензионира наскоро, а еден доктор, не кријат ниту колегите, ниту раководството на болницата, целосно не ги извршува обврските. За овој кадровски проблем не може да се бара алиби, зашто е очигледно дека не е решен навреме. Бидејќи за специјализација на еден гинеколог се потребни 5 години, ако само пред 5 години се согледале последиците од кадровскиот недостиг и се интервенирало, денес немаше и болницата и граѓаните да се соочат со овој голем проблем. Одговорноста од квалитетно пружената здравствена заштита во гинеколошкото одделение е поголема во однос на сите други болнички оддели. Бидејќи овде, во прашање се два живота, на родилката и на бебето.

Од прилепската болница потврдуваат дека тројца гинеколози од Битола дежураат и дека во моментов нема проблем на гинеколошкото одделение. Но, сепак, останува прашањето како натаму ќе се решава овој изразен кадровски проблем.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=42082

http://bitolskivesnik.mk/lekarka-odbila-da-pregleda-patsient/


http://tirekovmirece.com/Novost/АТД--се-сели,--Велес-и-натаму-без-кожен-лекар


Кочани: Се расипа возилото на Брза Помош додека превезуваше пациент кој се бори за живот
Македонија

1. февруари 2013 - 14:36
Tweet



50 годишен кочанчанец кој доживеал срцев удар, преживеа вистинска голгота додека да биде пренесен на Кардиоплогијата во Скопје

Вчера вечерта, се расипала старата "Лада" на болницата во Кочани со која кон Скопје се пренесувал пациент кој доживеал срцев удар, па на помош морало да доаѓа возило од Свети Николе. За среќа, возилото бргу дошло, па пациентот навреме бил пренесен во Скопје, објавув Телма.

Шефот на возачите во Општа болница-Кочани, Милан Гошев, за Телма изјавил дека ова не е прв пат да им се расипе возило, бидејќи, објаснил тој, болницата располага со возила стари по 20 години

Кочанската болница транспортира пациенти до Скопје, не само од кочанско-виничкиот, туку и од малешевскиот регион, објавува Телма. Возилата се премногу стари, па медицинските екипи и пациентите кои треба да се транспортираат понекогаш остануваат и по неколку часа по патиштата низ Македонија.

Возачите, за Телма велат дека и семејствата на пациентите реагираат и се исплашени за судбината на нивните најблиски, па или го истураат гневот врз нив, или возат зад нив со свои автомобили.

-Директорот на кочанската болница, Дејан Апостолов за Телма вели дека е очигледно,оти имаат проблеми со дотраениот возен парк, а со возилата стари и по 20 години секојдневно се транспортираат по неколку ризични случаи,а се опслужуваат 130 000 пациенти од овој дел на источниот регион. Според него проблемот со старите возила на болниците треба да се реши како што беше примерот со амбулантните возила во итните медицински служби. За разлика од современите возила на итните медицински служби, возилата на болниците не ги задоволуваат стандардите за транспорт на пациентите на кои што секоја секунда е важна за спас на нивниот живот, објавува Телма.

 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
2.915
Поени од реакции
2.320
@Рудници и, како можело Охрид да нема болница три години и зошто!?[DOUBLEPOST=1422295987][/DOUBLEPOST]http://www.numbeo.com/health-care/gmaps_rankings_country.jsp

Кенија и Непал имаат индекс на здравствена заштита 63, Албанија 67, Туркменистан 77, а Македонија 35!:yid:

Каков бурек сега ќе јадете, а?
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.062
@Рудници и, како можело Охрид да нема болница три години и зошто!?[DOUBLEPOST=1422295987][/DOUBLEPOST]http://www.numbeo.com/health-care/gmaps_rankings_country.jsp

Кенија и Непал имаат индекс на здравствена заштита 63, Албанија 67, Туркменистан 77, а Македонија 35!:yid:

Каков бурек сега ќе јадете, а?
Сега ќе бараме рекламација, едно рекламираат друго во реалноста
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.403
Поени од реакции
8.201
Апа ако сајтот го праел британац или американац, све ќе било у реду.
Има и други индекси ама ниеден не ги зема предвид плеханите и картонски амбуланти и санитарни јазли такозвани чучавци, душеци и кревети, инструменти и стерилизатори поклон од маршалот. Него ова петоколонаши све бе мајката, ја мрзат Македонија.
 
Последно уредено:
На врв Bottom