Македонија под српска окупација

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.523
Поени од реакции
5.841
Ја заборај кралската лоза на Англија, и тие сигурно имаат нешто бугарско благородничко во нив.
А да земеш да прочиташ нешто историја или слабо?
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
456
Поени од реакции
1.027
Србскиот сателит на Балканот сеуште нема расчистено со овој мрачен период од историјата заради нели 'мир у кучи'. Ами веќе триесет години откога не сме во иста држава. За каков мир сега сеуште нема никој направено било каква анализа или книга во врска со овој период?
Да имавме притисок од Србија да менуваме перцепција за самите себеси, со сигурност ќе се зборуваа за тие книги многу повеќе него денеска. Меѓутоа тие си имаат одавно откажано от претензији така да нема потреба. Денеска сме пријатели.
Турците не толчеле повеќе од 5 века, никој не зборува веќе за тешките колежи. Порано сите нардони песни беа со клето Турче. Денеска сме најголеми пријатели.
Со Албанците имаме проблеми и историја на конфликти. Но немаме идентитски проблем. Не би рекол дека сме приатели, ама соработуваме некако, посебно на ниво на елитите во сектор клептократија.
Спорот со името со Грција е најблиску што го имаме со вас. Бидејки задира во самоидентификација. Сепак беше каде каде помал спор. Се реши на насилен начин, со уценети политичари и рушење на она малку репутација на сите институции во Македонија. После 30 години. Сепак, никој не зборува за разни грчки зулуми, луѓето си одат таму на море секоја година.

Луѓето многу ретко зборуваат за историја ако нема директна врска со што се случува во сегашноста. Ние се гледаме себеси, нашите родители, нивните родители на еден начин. Вие цело време трубите мора да сменете како гледаме на себеси и нашите претци. И при тоа користете членство на ЕУ да ни ја виткате раката.
Во таква ситуација небитно е што други има направено во минатота ако немаме проблем со нив во сегашноста. Во спортивно, секое влакно смета..
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
643
Поени од реакции
1.437
А да земеш да прочиташ нешто историја или слабо?
Ја знаеме вашата перцепција за историја, почнувајќи од диносаурусите па натаму се е бугарско. А во суштина вистинските бугари не ни знаат дека на Балканот има народ кој го носи нивното име и ја слави нивната историја и нивните историски личности.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.810
Поени од реакции
4.329
Аха значи црквата таму го одржа српството, а сиротите Младо Нагоричанци што имаат 2 цркви од турско време ги направи бугараши. Како тоа на ниту една покасна црква од српско нема српски мотиви не е јасно, но приказнава има смисла особено ако знаеме дека историјата на Кумановско и човечкото наслеување негово почнуваат 1313 година или нешто пред тоа.

Факт е дека Патријаршијата не е избркана од тука и самиот факт што во Старо Нагоричане продолжува да опстојува истата и селото (о)станува српско говори во прилог на тоа. Тоа што вие си правите филмови за неписмено население што чита фрески и фантазира за некакви српски цареви затоа што ја прифативте таа приказна да станете национално Срби е друг муабет. Тоа екстремно тешко можеш да го пресликаш било каде на друго место во Македонија.

p.s Дај ги тие живи сведоци на Гинис за најстари луѓе на планетава да сведочат за настани од пред 100-150 години.
не ми е јасен постот, што ти е поентата... еве ти дадов пример каде српството останало врз основа на црква... инаку моја грешк, мислев за живи внуци и синови на луѓе кои биле купувани од Егзархијата
Автоматски споено мислење:

Егзархијата не е единствена дозволена црква на територија на Македонија, еве јас потекнувам како и поголемиот дел стари струмичани од патријаршиска фамилија која не била со егзархијата, тука конкретно на пример егзархијата нема црква се до 1909/12 година кога завршува градењето на црквата Свети Кирил и Методиј.
Српското влијание било доминантно Азотско, Поречјето, Тетовско и Скопска Црна Гора, а и интересот кон српската црква е минорен кај населението кое било претежно Егзархиско и Патријаршија кои и воделе битки, каде што имаш случаеви верници на првите станале унијати да не потпаднат под вторите, а овие па оделе во протестанти да не бидат под првите.

Една работа која не ми е јасна што барат фрески на владетели во цркви, тие не се светци и нема што да бидат цртани во цркви, тоа исто сега да цртат кутлеши и антички владетели кои допирни точки немат со христијанството (а мислам и беа цртани), како што на фреска беше цртена фамилија на еден бизнисмен кај нас, за мене тотално недопустливо како православен христијанин.
Мене една рбота не ми е јасна, на оваа територијаа имаш останати српски цркви и фрески од српски владетели, несомнено е дека има и бугари... но средновековна култура нивна останата на оваа територија е минорна дури дали ја и има, на оваа територија можеш да најдеш само остатоци од српска, ромејска и турска култура, а бидејќи ова население е по јазик, обичаи, вера поблиско до српското отколку до бугарското логиката налага да размислувам дека оваа население во турско и пред тоа било српско (иако имало и бугарско население во источниот дел)...а смешно е да се зборува за некаква окупација после 1912, кааде оваа територија се модернизира и се вложува во него, доколку би било окупација тоа би било прв пример во историјата окупааторот да вложува во инфраструктура, култура и образование кај окупираните.
Автоматски споено мислење:

Од друга страна пак, некои народни обичаи и традиции како Сурва или носењето на мартинки на пример се застапени овде, но и во Грција, Бугарија, Романија но не и во Србија. Русалиските игри и танци кои биле доста атрактивни во минатото исто биле застапени и во Грција, Бугарија но не и во Србија.
каде бе овие се застапени денеска во Македонија, дури не ни знам што е тоа Сурва, мартинки тоа сум видел само кај бугари, како и исто така слушам првпат за тие Русалиски игри...
Автоматски споено мислење:

Една работа која не ми е јасна што барат фрески на владетели во цркви, тие не се светци и нема што да бидат цртани во цркви,
Тие владетели се канонизовани и Цар Лазар и повеќето од Немањичката династија ( од познаачајните Цар Душан не е канонизован ради неколку причини), исто како и Романови од Руската Православна Црква, односно и нив можеш да ги најдеш по фрески, па затоа како светци ги цртаат по фреските.
 
Последно уредено:

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
309
Поени од реакции
1.044
не ми е јасен постот, што ти е поентата... еве ти дадов пример каде српството останало врз основа на црква... инаку моја грешк, мислев за живи внуци и синови на луѓе кои биле купувани од Егзархијата
Автоматски споено мислење:

Мене една рбота не ми е јасна, на оваа територијаа имаш останати српски цркви и фрески од српски владетели, несомнено е дека има и бугари... но средновековна култура нивна останата на оваа територија е минорна дури дали ја и има, на оваа територија можеш да најдеш само остатоци од српска, ромејска и турска култура, а бидејќи ова население е по јазик, обичаи, вера поблиско до српското отколку до бугарското логиката налага да размислувам дека оваа население во турско и пред тоа било српско (иако имало и бугарско население во источниот дел)...а смешно е да се зборува за некаква окупација после 1912, кааде оваа територија се модернизира и се вложува во него, доколку би било окупација тоа би било прв пример во историјата окупааторот да вложува во инфраструктура, култура и образование кај окупираните.
Автоматски споено мислење:

каде бе овие се застапени денеска во Македонија, дури не ни знам што е тоа Сурва, мартинки тоа сум видел само кај бугари, како и исто така слушам првпат за тие Русалиски игри...
Автоматски споено мислење:

Тие владетели се канонизовани и Цар Лазар и повеќето од Немањичката династија ( од познаачајните Цар Душан не е канонизован ради неколку причини), исто како и Романови од Руската Православна Црква, односно и нив можеш да ги најдеш по фрески, па затоа како светци ги цртаат по фреските.
Много богата била Егзархијата купувала луге налево и надесно, а катедралната црква во Цариград до 1898 година е дрвена. Добро оправдуване за слабата подржка на српството каj македонците во османско време.
Може да се каже дека православната словенска култура на Балканот е заедничка, барем до креирането на национални држави во 19-ти век. Секjавам се на двоица бугарски писатели од средниот век, кои после падот на Трновското царство емигрират во Србиjа, цело време пишуват на исти jазик и денеска са сметани и за бугарски и за српски писатели.
Не знам на што се темели твоjата убеденост дека говорите во Македониjа са поблиски до српскиот, кога сите лингвисти на Балканот и по светот ги делат словенските балкански jазици на источни (македонски и бугарски), западни (српски, хрватски и не знам уште колко точно) и на словенечки. Групата диалекти кои србите ги именувате Призренско-Тимочки (каде припагjа и Кумановскиот) са преход помегу источната и западната група и речеси само во Србиjа се мисли дека припагjат кон западната група, повекето лингвисти ги класификуват како источни. Исто имаш балкански jазиков соjуз каде влегуват албанскиот, романскиот, македонскиот, бугарскиот, говорите во Источна Србиjа и грчкиот во Северна Грциjа кои споделуват заеднички граматички карактеристики.
Мартенките ги има не само во Бугариjа, но и во Македониjа, Северна Грциjа, Романиjа и барем во минатото ги имало и во Источна Србиjа.
Jуридически српското и jугословенското (на кралството) управление на денешната териториjа на Македониjа не е окупациjа, додека бугарското во ВСВ е. Друго е прашането каj како гледа емотивно на тоа. За тебе може да е ослободуване, каj повекето луге чиj баби и дедовци живели во терор не е. Кралската влада во односот спремо нив не почитува не само некои мегународни норми ни и сопствените закони.
Било вложувано во инфраструктура, култура и образование. Сите колонизатори вложували во колониите за да добиjат повеке и да придружат локалните кон нивната култура.
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.487
Поени од реакции
4.757
не ми е јасен постот, што ти е поентата... еве ти дадов пример каде српството останало врз основа на црква... инаку моја грешк, мислев за живи внуци и синови на луѓе кои биле купувани од Егзархијата
Автоматски споено мислење:

Мене една рбота не ми е јасна, на оваа територијаа имаш останати српски цркви и фрески од српски владетели, несомнено е дека има и бугари... но средновековна култура нивна останата на оваа територија е минорна дури дали ја и има, на оваа територија можеш да најдеш само остатоци од српска, ромејска и турска култура, а бидејќи ова население е по јазик, обичаи, вера поблиско до српското отколку до бугарското логиката налага да размислувам дека оваа население во турско и пред тоа било српско (иако имало и бугарско население во источниот дел)...а смешно е да се зборува за некаква окупација после 1912, кааде оваа територија се модернизира и се вложува во него, доколку би било окупација тоа би било прв пример во историјата окупааторот да вложува во инфраструктура, култура и образование кај окупираните.
Автоматски споено мислење:

каде бе овие се застапени денеска во Македонија, дури не ни знам што е тоа Сурва, мартинки тоа сум видел само кај бугари, како и исто така слушам првпат за тие Русалиски игри...
Автоматски споено мислење:

Тие владетели се канонизовани и Цар Лазар и повеќето од Немањичката династија ( од познаачајните Цар Душан не е канонизован ради неколку причини), исто како и Романови од Руската Православна Црква, односно и нив можеш да ги најдеш по фрески, па затоа како светци ги цртаат по фреските.
Македонскиот и бугарскиот јазик се единствени без падежи и тука ти пропаѓа се со јазикот, тоа што му се врши насилно силување и србизирање со Блаже Коневски инаку внук на истакнат српски војвода прв непријател на Даме Груев а самиот тој стипендист на таа основа во Крагујевац ,уредник на Млад Шумадинац, иронијата на нашата историја внукот на човекот кој го стави у гроб со една нога Даме Груев кој го пееме во химна, е човекот кој го кодифицира македонскиот јазик спротивно на сите обиди за кодифицирање на македонски јазик пред тоа и од Мисирков и од Чуповски.

За црквите влијаат повеќе фактори, прво бугарите подоцна го прифаќаат христијанството, постојана битка на територии и тоа си го прави своето, факт е дека има доста солиден број на цркви и манастири изградени од Србите но сепак тоа не го менува фактот дека кога 19 век почнува битката за Македонија, народот е наклонет на Егзархијата поголемиот дел, потоа Патријаршијата а кон српската минорен број луѓе, напишано тие во кој делови од Македонија.

Имаш и српско училиште во Солун, зошто народот одел во егзархиското а не во српските училишта, потоа стипендирате ученици кои дел од нив потоа ги напуштат српските училишта, имаш вооружени пропаганди, па една романска пропаганда има речиси ист број на чети како српската до 1903 година, имате одбивање масовно на положување на клетва во Крагујевац на мобилизирани војници од Македонија , најголем срам на српската војска пред нивните сојузници.

Реалноста е дека има српско влијание во Македонија, но далеку од тоа што ти сакаш да го претставиш, затоа единствени востанија кои ги има на територија на Македонија по заминувањето на турците се исклучиво таму каде што владеат Србите, Охридско-Дебарско , Тиквешко и Валандовско-удовската акција/афера но повеќе според организациониот начин на изведба е блиска до востание.
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2018
Мислења
228
Поени од реакции
241
каде бе овие се застапени денеска во Македонија, дури не ни знам што е тоа Сурва, мартинки тоа сум видел само кај бугари, како и исто така слушам првпат за тие Русалиски игри...

Сурва или Василица, Сурвакари или Василичари...
е вековна традиција на Македонците, да палат огнови на тој ден, да месат леб со паричка, да се коцкаат, да се маскираат...
Обично маскирани учесници одат од врата на врата и пејат сурварски песни а домаќините ги даруваат со бонбони, ореви, колбаси...
Еден од најпознатите настани од овој вид кај нас е василичарскиот карневал во Вевчани.

Мартинката е и македонски обичај со вековна традиција:

Русалиските народни танци и обичаи се својствени само за Македонците од солунскиот дел, гевгелиско, струмичко и Пиринска Македонија.
Самиот збор има латинско потекло, од Русалија, што на романските јазици означува Педесетница. Влечи директно потекло од старо римскиот фестивал на розата наречен Росалија кои се одржувал за време на Педесетница(Pentecost). Овие игри за првпат се посведочени во 12ти век во околината на Гревена сега во Грција која пак во тоа време била доминантно словенојазична според средновековните грчки извори.

И сурвакарството и култот кон мартинката и русалиските игри избледнале во последните сто години. Ништо чудно, глобализацијата и модернизацијата го зема данокот. Но сепак се запишани и останати во сеќавањата како вековни традиции на Македонецот.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.523
Поени од реакции
5.841
не ми е јасен постот, што ти е поентата... еве ти дадов пример каде српството останало врз основа на црква... инаку моја грешк, мислев за живи внуци и синови на луѓе кои биле купувани од Егзархијата
Истото го правела Патријашријата со многу повеќе пари.Зад нејзе стои најбогатиот сталеж во османската империја. Монетарно Егзархијата е најсиромашна од сите и во почетокот нема ниту една држава позади себе. Инаку со самиот пример од Старо Нагоричане само што докажа дека Егзархијата не е единствената црква бидејќи Егзархијата никогаш немала повеќе од 10-15 куќи во тоа село, а Патријаршијата се одржала низ сите години.

Инаку понтата на постот ми е дека да, црквата кај вас била еден од носителите на српството и тоа било користено за прифаќање/одржување на српството во процесот на формирањето на национализмите. Само што чисто се сомневам дека тоа е нешто што било пренесувано и низ целиот среден век и турско. И да било такви случаи се екстремна реткост во Македонија. И народ и црква и христијанство и традиции и орални преданија постојат од пред крајот на 13ти век. Не доаѓа српската држава на тера инкогнита тука, па да гради историја и историски сеќавања од ново. Најмалку 400 години има организирано држава и црква тука.

За јазикот и дел од културните преданија и традиции ти објаснија погоре. Македонскиот јазик вокабуларната блискост со српскиот во моментов исклучиво ја должи на кодификацијата и изложеноста на српскиот како доминантен јазик во последните 80тина година. Самата структура на јазикот не може да биде поразлична и македонскиот и српскиот немаат ниту еден елемент што би можел да ги направи еден јазик.
Автоматски споено мислење:

Ја знаеме вашата перцепција за историја, почнувајќи од диносаурусите па натаму се е бугарско. А во суштина вистинските бугари не ни знаат дека на Балканот има народ кој го носи нивното име и ја слави нивната историја и нивните историски личности.
Пак ќе ти кажам, читни историја само испаѓаш глуп. Една работа од суштинска вредност не кажа овде освен да закопуваш некого, повикување на Чентовци и Југовци да тепаат некого и слични мудрости.

За твоја информација и Смилец и Тертер, фамилиите на родителите на Иван Драгушин се бугарски царски фамилии. Самиот Душан има мајка Бугарка и жена Бугарка што секако не го прават него Бугарин туку кажуваат за комплексноста на идентитетите во средниот век. Е сега кога ќе имаме такви докази за диносаурусите тогаш и тие ќе ги сметаме за бугарски.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.166
Поени од реакции
1.229
Се истепавте бугарофилчињата и србоманчињата во докажување какво било населението во Македонија и во грабање на културното наследство и на видните Македонски личности.
А и едните и другите (и третите - Грците) се создадени во 19 век, на Македонска територија од Македонското етничко ткиво како потка, како основа.
Јазикоот ни бил сличен со српскиот, со бугарскиот... Па нормално кога и едниот и другиот ПРОИЗЛЕГУВААТ од Македонскиот. Не ви текнува дека изворот на се' е Македонија и Македонецот па одтука радијално се шири наоколу, па колку подалеку од јадрото, од Македонија “сигналот“ слаби па разликите во јазикот се поголеми.
Србите единствено што имаат СВОЕ национално име и во минатото (во доцниот среден век) имале свои држави. Во тоа е разликата помеѓу Срби и Бугари.
Ако сакате да видите кој јазик од кој произлегуваат - изгледајте ги (или прочитајте ги ) “Зоне Замфирова“ и “Ивкова Слава“ па ќе видите како зборувале во Србија пред 100 и кусур години.
Блаже Конески и Круме Кепески само ја прилагодиле МАКЕДОНСКАТА азбука на совремието, ја стандардизирале и кодифицирале и неа и јазикот со граматиката. Во поглед на тоа, вашите стојалишта (и српските и бугарските) се исти како да речат Американците дека не тие англиски, туку Англичаните говорат американски јазик. Или дека Шпанците говорат мексикански, а не Мексиканците шпански...
Помирете се со тоа дека Македонскиот јазик е извор на вашите јазици кои се смо дијалекти на Македонскиот јазик. Писмото е Македонско, или Венетско да речам, старо со милениуми, со истите гласовни симболи и од него секој според своите потреби и гласовни карактеристики си правел свое писмо. Само Македонците, имаат за свои потреби најмалку 3 измени на писмото (таканаречеото “грчко“ писмо кое е оформено за Коине јазикот и не е “грчко“ затоа што во тоа време не постоеле никакви “Грци“ (нема ниеден материјален доказ за нивно постоење - натпис на камен, монети, керамика, метал, дрво, папирус, пергамент и т.н.). Втората кодификација е средновековната на Свети Климент. Третата е од Блаже Конески. Тоа е за Македонски потреби, но кодификациите на писмото со државите (или во Новата ера со религијата) се проширило на целиот Балкан и Источна Европа.
Латинското писмо е исто така произлезено од тоа древно венетско писмо само што е прилагодено кон латинскиот западен свет и е проширено со Римското Царство и подоцна со Католичката црква. Па никој нормален Германец на пример не вели дека писмото го измислиле тие, а Латините го користеле германското писмо. Или дека Италијанците се Французи оти пишуваат на Латиница.
 
Ок.
Автоматски споено мислење:

Истото го правела Патријашријата со многу повеќе пари.Зад нејзе стои најбогатиот сталеж во османската империја. Монетарно Егзархијата е најсиромашна од сите и во почетокот нема ниту една држава позади себе. Инаку со самиот пример од Старо Нагоричане само што докажа дека Егзархијата не е единствената црква бидејќи Егзархијата никогаш немала повеќе од 10-15 куќи во тоа село, а Патријаршијата се одржала низ сите години.

Инаку понтата на постот ми е дека да, црквата кај вас била еден од носителите на српството и тоа било користено за прифаќање/одржување на српството во процесот на формирањето на национализмите. Само што чисто се сомневам дека тоа е нешто што било пренесувано и низ целиот среден век и турско. И да било такви случаи се екстремна реткост во Македонија. И народ и црква и христијанство и традиции и орални преданија постојат од пред крајот на 13ти век. Не доаѓа српската држава на тера инкогнита тука, па да гради историја и историски сеќавања од ново. Најмалку 400 години има организирано држава и црква тука.

За јазикот и дел од културните преданија и традиции ти објаснија погоре. Македонскиот јазик вокабуларната блискост со српскиот во моментов исклучиво ја должи на кодификацијата и изложеноста на српскиот како доминантен јазик во последните 80тина година. Самата структура на јазикот не може да биде поразлична и македонскиот и српскиот немаат ниту еден елемент што би можел да ги направи еден јазик.
Автоматски споено мислење:

Пак ќе ти кажам, читни историја само испаѓаш глуп. Една работа од суштинска вредност не кажа овде освен да закопуваш некого, повикување на Чентовци и Југовци да тепаат некого и слични мудрости.

За твоја информација и Смилец и Тертер, фамилиите на родителите на Иван Драгушин се бугарски царски фамилии. Самиот Душан има мајка Бугарка и жена Бугарка што секако не го прават него Бугарин туку кажуваат за комплексноста на идентитетите во средниот век. Е сега кога ќе имаме такви докази за диносаурусите тогаш и тие ќе ги сметаме за бугарски.
Јас кажав једина признаена и дозволена црква од портата е егзархијата, секако дека има и пред српско држава која вече не постои, но исто така и постои континуирана српска култура од создавањето на првите спрски држави како дукља и зета па на даље, преку стефан немања, растко немањиќ или свети сава, па милутин, па стефан дечански па душан па краљевиќ марко, па доаѓаат турци па во склоп на таа власт како вазал е и стефан лазаревиќ, па тука е и мехмед паша лазаревиќ, па потоа доаѓаат борби за ослободување со милион четнички војводи родени токму од тука и до ден денеска тоа го потврдуваат како материјални докази, така и духовното културно наследство…јас и ти нема да се сложиме од причина што влечеш на бугарска страна и сите овие набројани погоре ги минимизираш како ништо битно а не е така.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.523
Поени од реакции
5.841
Јас кажав једина признаена и дозволена црква од портата е егзархијата,
Па Старо Нагоричане ти е самото доказ дека не е тоа случај. Ферманот на султанот исто така ти е доказ. Егзархијата не е единствена дозволена црква. Патријаршијата си работи и понатаму каде што ја сакаат, а и да имало случаи на наметнување на Егзархијата, на Патријаршијата и е дозволено да си поврати селата и во дел успева. Сепак територијата на Македонија проценките сите се движат дека околу 80% од православното словенско население и до крајот на Османлиската власт останува Егзархијско, додека останатие 20% се во поголем дел во Егејска Македонија.

секако дека има и пред српско држава која вече не постои, но исто така и постои континуирана српска култура од создавањето на првите спрски држави како дукља и зета па на даље, преку стефан немања, растко немањиќ или свети сава, па милутин, па стефан дечански па душан па краљевиќ марко, па доаѓаат турци па во склоп на таа власт како вазал е и стефан лазаревиќ, па тука е и мехмед паша лазаревиќ, па потоа доаѓаат борби за ослободување со милион четнички војводи родени токму од тука и до ден денеска тоа го потврдуваат како материјални докази, така и духовното културно наследство…јас и ти нема да се сложиме од причина што влечеш на бугарска страна и сите овие набројани погоре ги минимизираш како ништо битно а не е така.
Па ти си тој што минимизира присуство на други држави од 400 години, а прави помалку од 100 години како да се почеток и крај на целата средновековна историја на Македонија која нечепната опстојува да биде носител на српството како доминантно етнографско и културолошко наследство на македонските словени до 2021. (по по по какви големи зборови употребувам, да ме види некој етнолог да ме изруга сега ќе биде јако :D)
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2018
Мислења
228
Поени од реакции
241
Па ти си тој што минимизира присуство на други држави од 400 години, а прави помалку од 100 години како да се почеток и крај на целата средновековна историја на Македонија која нечепната опстојува да биде носител на српството како доминантно етнографско и културолошко наследство на македонските словени до 2021. (по по по какви големи зборови употребувам, да ме види некој етнолог да ме изруга сега ќе биде јако :D)
Србите најмногу што се задржале во некои делови на Македонија било 110 години(Скопје). Отприлика 100-110 години ја држеле под нивно владеење северната половина од денешнава Македонија, од потегот помеѓу Дебар - Кичево - Велес - Штип, со освојувањата на Милутин во 1282 до 1382-1392 со освојувањата на Турците:

Србите дури во 1333/1334 навлегуваат подлабоко на југ и ги освојуваат Охрид, Прилеп и Струмица. А во 1342 - 1345 продираат и во Егејска Македонија со освојувањата на Костур и Сер.
Сепак Србите за експресно кратко време ги губат освојувањата во Егејска Македонија и тоа од страна на Грците кои почнуваат со контра-офанзива по граѓанската војна од која претходно полза имале Србите. Во 1371 го губат Сер а во 1374/5 ги губат и Костур, Преспа и Охрид од албанските феудални фамилии Музака и Гропа.
Конечно во 1383 Турците ја освојуваат и Струмица која не била ни цели 50 години под србско владеење. Во 1385 го освојуваат Штип а во 1390 и Кратово и со тоа Источна Македонија преминува под турско владеење.
Конечно во 1392 Турците го освојуваат Скопје а во 1395 со смртта на Крали Марко и Прилеп и цела западна Македонија.

Значи Србите имаат некаде 100-110 години ефективно владеење само на територијата северно од потегот Дебар - Кичево - Велес - Штип. Додека јужно од тој потег не владееле ниту 50 години со исклучок на Прилеп (61 год.).

Тогаш за каква србска оставштина може да станува збор во Македонија?
Очигледно е дека не може да станува збор за некакво силно србско влијание...
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2007
Мислења
456
Поени од реакции
1.027
Значи Србите имаат некаде 100-110 години ефективно владеење само на територијата северно од потегот Дебар - Кичево - Велес - Штип. Додека јужно од тој потег не владееле ниту 50 години со исклучок на Прилеп (61 год.).

Тогаш за каква србска оставштина може да станува збор во Македонија?
Очигледно е дека не може да станува збор за некакво силно србско влијание...
Во последните 1,000 (илјада) години, било каква форма на Бугарска држава била присутна ни 50 години.
Тогаш , по твоја логика за каква бугарска оставштина може да станува збор во Македонија?

Но , по мене вакви математики нема смисла. Средновековните држави нема никаква врска со воља на масите нити некаков народен идентитет, тоа се пред се насилие на аристоркратијата над поданиците која е ублажена со црковната пропаганда дека кралевите и царевите се од Бога дадени и дека патењето во земскиот живот е билет за небескиот рај. А всушност се работи за не така далеку од мафијашки структури.
Второ, не се зема во преглед демографските промени помеѓу разни епохи. На пример срцето на модерната Србија е Шумадија - така наречена затоа што имало многу шуми. А имало многу шуми бидејки била практично ненаселена. Дури околу средината на 18 век, повторно се населува со луѓе од Херцеговина, Црна Гора , има малку и од Македонија. Која е тогаш врската на тие луѓе со цар Душан или било што, само ментална и симболична.
Со Бугарија слично - погледни ги сите династии или се прабугари, или власи или кумани, ама тие сето тоа ставаат под еден ист чадор.
Тогаш каква врска имаат колку години тие држави биле во Македонија, кога пред се се користи само еиткета без да се гледа суштината.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.375
Поени од реакции
13.327
Работел на книга од 1100 страни со која ќе докажел дека јапонскиот јазик потекнува од српскиот, а францускиот збор пардон водел потекло од српското „прднуо он“. Драги соседи од сите страни, не бидете Славиша во животот, плс.

1634226511984.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom