Македонија под српска окупација

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ТЕРОРОТ И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ 1912—1913 Г.

Првите чекори за денационализација на македонскиот народ од страна на српските воени власти и четничките формации, на просторот на југоисточна Македонија, биле преземани во реонот на Велес, Тиквеш, во Гевгелиско, Валандовско, Дојранско, во Овче Поле и во Злетовскиот Крај.
(Главниот и познат учител на Тиквешко, Глигор Варналиев, известува дека уште во новмври 1912 година српската воховна команда во Кавадарци не била задоволна од „радоста” на месното население по случај влегувањето на српската војска во градот. Само еден месец потоа, општинската власт во Кавадарци и Неготино ја заграбил српскиот воен командант, а дотогашните месни раководители ги развластил и најавил затворање на училиштата и црквите, до доаѓањето на српски учители и свештеници. По примерот на градовите, биле развластени и носителите на власта во селата на Тиквешијата.
На 21 октомври 1912 г. во Велес била формирана месна управа во состав:
1. Димитар Ничев, околиски началник
2. Крум Зографоки, полициоки началник
3. Алексо Мартулков

По два дена, на 23 октомври 1912 г. во (Велес пристигнува српски околиски началник со неколку писари и жандари. Со нив во Велес дошол и мајорот Воин Поповиќ, придружуван од една чета четници, припадници на организацијата „Црна рака”. Воин Лоповиќ повторно им ставил до знаење на граѓаните на Велес дека треба да се прогласат за Срби.
Кон средината на декември од страна на српската власт била растурена и мрежата на месната власт во Свети Николе и Околијата. Сите луѓе кои давале каков и да е отпор на српските мерки, биле изложувани на терор и прогон. Во прилог на тоа се зборува во едно писмо без број од април 1913 г. на Командата на местото во Крива Паланка, во кое се обвинува околискиот началник Витомир Крстиќ затоа што не обраќал доволно внимание на „Повикот на Софискиот македоноки комитет” и издавал пропусници - дозволи на бугарофилите за нивно слободно заминување од Македонија во Бугарија. Понатаму, во истото писмо Петар Бајаловиќ (командантот на местото од К. Паланка) вели: „Кога по барање на мајорот Вуловиќ ги упатив сите (гранични стражари во Св. Николе и кога од околиокиот началник побарав да ми даде седум жандарми за чување на границата, тој не сакаше да ми даде” (мисли на 7 жандарми).
Во Гевгелија и Дојран се случува истото. Овие два града се ослободени од страна на четите на: Аргир Манасиев, капетан Тодоров, Ичко Димитров, Михаил Радев, Тане Николов и од страна на месната милиција која била меѓу најбројните во Областа. По ослободувањето во градовите и во селата на Околијата била конституирана месна власт. Во Гевгелија за кмет на градот бил избран Владимир Димитров, со помошниците: Мирче Димитров и Турчинот Абдулах Селимов. Во декември-јануари 1913 г. во Гевгелија доаѓа српска војска и ја растура месната власт, а место неа воспоставува српска администрација. Српската војска истото го направила и во: Богданци, Стојаково, Сермвнин, Конско, Ѓавато, Фурка, Групчиште и во другите населени места на Околијата од десната и од левата страна на Вардар.

Во Дојран српската војска на двапати прави обид за воспоставување на своја власт во градот и Околијата. Првиот пат носител на ваквиот потег бил началникот на Тиквешкиот округ, Душан Николиќ. Тој, на 15. I. 1913 г., откако ги обезбеди сите потребни информации за состојбата во Дојранска околија, упатил писмо до Врховната команда на Српската кралска војска во кое, меѓу другото, пишува: „Началникот (мисли на оној што бил назначен од српската управа б.а.) на Околијата, се до денес нема формирано ниту една општина во Околијата, ниту пак започнал со нивното формирање. Тој засега единствено ја (наместил својата канцеларија, но таа е без никакво дејство. Нашиот началник се на се досега сослушал само една странка. Причина за тоа е што Бугарите во сите општини завеле свои општински власти, па и во самиот Дојран имаат своја општинска и полициска власт), што ја воспоставиле веднаш по доаѓањето на нивните војски! Пред 3 месеци… Бугарите во Дојран имаат месна команда, полициска власт, окружен суд, пошта и телеграф и околу 160 војника оо 40—50 четници (месни членови на ВМОРО) и 5 офицери… Во самиот Дојран има околу 450 турски домови, 320 бугарски, 240 грчки и 12 српски… Според тоа, во колку сакаме во овој предел да формираме наша власт, тогаш тоа може да се стори единствено со сила”.
По ова писмо на окружниот началник на Тиквешкнот округ, Врховната команда на српската војска го известила министерот за внатрешни работи на Србија со зборовите: „Бидејќи не е добро (безсмила е) капетанот и писарите и натаму овде да седат (без работа), па Ви предлагам Дојранска околија да се укине, а околискиот началник да се именува или за секретар на началството на Битолскиот округ, во колку Гриовиќ биде назначен , за окружен началник, а писарите да се префрлат во Гевгелиска и Неготинска околија, зашто таму ке бидат потребни за формирање на општини за отстранување на Бугарите и Грците”.
Но, српската влада и Дворот не мислеле така едноставно да се напушти и да се загуби за нив Дојран и неговата околија. Претселателот на српската влада Никола Пашиќ не бил задоволен од одредбите на склучениот договор меѓу Србија и Бугарија на 29. II. 1912 г. поради што, уште на 28 септември 1912 г., пуштил во движење еден циркулар до кабинетите на големите сили, во кој Србија ставала до знаење дека: и да се даде автономија на Македонија, Србија претендира на градовите Кратово, Велес и Прилеп. Нешто подоцна, претензиите на Србија се прошириле на сите територии на западна и северна Македонија, долината Крива Лакавица, Брегалница и Злетовска Река. Со други зборови кажано, Србија пројавила апетит за цела денешна Вардарска Македонија, без територијата на Штипскиот округ и Струмичкиот крај, додека Дојранска околија била подрачје кое останало да виси. Но, независно од тоа, во февруари 1913 г. во Дојран навлегла српска војска и го уапсила околискиот началник Иван Топков со сите придружни органи на месната власт: судски, полициски и општински. По примерот на Дојран, српските војници ја растуриле и месната власт (администрација) по селата на Дојранска околија. Кметските наместници на Валандово и с.Пирава, Томе Бејлозов и Васил Николов, поради тоа што се осмепиле да испратат телеграми до бугарскиот цар Фердинанд, биле фатени од српските војници и по долго измачување биле заклани и фрлени во еден длабок вир во реката Вардар. Насилства од српските војници во тоа време се регистрирани и во селата: Богданци, Балинци, Фурка и во Собри. Прашањето околу поделбата на завладеаните територии од Турција, меѓу балканските сојузници уште повеќе се заострила по создавањето на Албанија. Создавањето на оваа нова држава на Балкавот ги погодило интересите на Србија и Грција, бидејки првата претендирала преку албанска територија да обезбеди излез на море, а втората намеравала да ги завладее териториите на јужна Албанија, под изговор дека Албанците немаат јазик, државна традиција и сл. Меѓу другото, од страна на Србија е поставено и прашањето за рамнотежа меѓу балканските држави.
Ваквите противречија и претензии меѓу довчерашните сојузници довеле до целосно запоставување на формулата за добивање на автономија на Македонија. Од сите делови на окупираните територии биле протерувани учителите, свештениците и припадниците на ВМОРО, четите, членовите на месните чети и др. За зачувување на Балканокиот сојуз се залагале: Англија, Франција и Русија. На 23. VI. 1913 г., рускиот император испратил телеграма до цар Фердинанд и до крал Петар, со цел да ги вразуми и се залагал сојузниците да ги разрешат сите спорни прашања по мирен пат.!”

За цело време додека траеле овие меѓусебни договарања на балканските сојузници, теророт врз македонското население на окупираните територии продолжувал со несмалено темпо. А кога избувнала II балканска војна, паралелно со теророт, српските воени власти, војниците и најмногу четничките формации добиле одврзани раце и за спроведување на непречени грабежи на македонското население и за опожарување на населените места.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ТЕРОРОТ ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ И ЦАРЕВОСЕЛСКИОТ РЕГИОН ВО ПЕРИОДОТ ЈУЛИ-АВГУСТ 1913 г.

Териториите на Кочанска околија, Виничко и западниот дел од Царевоселска околија (Каменичко), за време и (во првите денови по завршувањето на II балканска војна, ги снашла вистинака катастрофа, како во поглед на човечкиот потенцијал така и на сите видови на материјални добра. Оваа територија за време на II балканска војна често ги менувала воените господари, бугарски, српски, час со неа владееле бугарските, час српските и црногорските војски.
Со оглед на тоа што ова подрачје се наоѓало (во центарот на воените дејстнија, тоа било посетено од членовите на Карнегиевата комисија, која (во својот труд Анкета на Балканите, меѓу другото, забележала: „Селото Виница, означено во српските документи како изгорено и опустошено од Бугарите при отстранувањето, српските војници при навлегувањето во него (веднаш почнале да ги прашуваат селаните еден по еден, дали се Срби илн Бугари? Оној што ќе речел дека е Бугарин, ужасно бил тепан. По ова, началникот на војската избрал 70 души и дал заповед да ли стрелаат… На 10. VII 1913 г., три дена по ова во селото се (вратила бугарската армија, а по извесно време пак го напуштила селото. Тогаш, освен
старците, сите селани се повлекле со бугарската војска
Од цивилното население, поради здобиените рани за време на тепањето, умрел Коле Атанасов.
„Во село Блатец се повторува истата историја. Турците ги (клеветат „Бугарите” како сомнителни. Затвораат дваесетина од нив, му ги извртуваат очите на едно момче за да посочи каде се сокриени парите, друго едно го фрлаат во оган за истата цел, а потоа ограбиле и опожариле цели квартови. По ова ги извеле осомничените надвор од селото. Офицерот извикал: кој може нека се спасува. Војниците стрелале на нив и ги избиле сите. Поради ваквата бесмислена осветољубиво-користољубива заповед на еден војник, недостоен да го носи тоа име, во с. Блатец, Виничко, загинале:

1. Зафир Момчилов Трајков, бил измачуван, му биле извртени очите, за да покаже каде се сокриени парите
2. Доне Темов, му биле извртени очите
3. Алекса Темов, жив изгорен
4. Ангел Мирчев, стрелан
5. Трифун Митрев,
6. Симеон Стојменов,
7. Поп Спиро Стојанов, 8. Павел Синадинов,
9. Михаил Ангелов,

Како и лруги 11 души селани кои биле затворени и измачувани во турската џамија, а потоа, изведени надвор од селото и во месноста „Оризарски брест”, биле стрелани.”‘
Одмаздата на српските војници врз имотот, честа и животите на селаните од с. Лаки, Виничко, била уште поголема. Тие се (нафрлиле врз селаните како на стока и ги тепале каде ќе ги престасале и со се што ќе им паднало во раце. Двајца современици, коИ на некој начин успеале да го преживеат крвавиот масакр, сведочат: „Селото беше сардисано од сите страни. Војниците влегуваа во куќите и секој што ќе го најдеа дома го тепаа и бараа пари. За пари многу го мачеа соседот Серафим Ѓоргиев. Тој пискаше колку што можеше да го држи гласот. И колку повеќе пискаше, толку повеќе го тепаа. Едно време тој го изгуби гласот и татко ми рече: „Му ја зедоа душата, кучиња!” Од спротивната страна се слушаше врисок на женски глас. Тоа беше дода Евда Цекова. И таа престана по едно време да вика. Тогаш, татко ми рече да бегаме низ задната врата. Така и сторивме, побегнавме во шумата, во месноста „Грбовец”. На ова место пред и по нас се собра многу народ. Оттука гледавме како изгоре селото. Од 145 куќи, само 3 не беа изгорени, беа останале случајно. Кога се враќавме кон селото, на патот кај месноста „Бел Камен” го препознавме трупот на Тодор Марков, овчар, убиен на овчарската колиба. Малку панастрана од него беа парчосани други двајца, кои едвај, можеше да се препознаат оти се луѓе. Кога се вративме во селото ги најдовме избодени и потонати во крв:
1. Иван Мицев
2. Серафим Георгиев
3. Мите Јанев, парчосан на делови. Неговите блиски го „собраа” во вреќа и го однесоа во гробиштата да го погребат.
4. Евда Цекова, целата беше избодена со ножеви и беше искрвавена,
5. Марко Гоцвв, убиен во овчарската колиба
6. Атанас Марков, негов син
7. Харалампие Митев, стрелан и избоден
8. Александрија С. Домазетов, од с. Бигла, Царевоселско,
9. Саво Александров,
10. Спасо Петров,
11. Андан Стојков,
12. Илија Пецев,
13. Петар Христов,
14. Герасим Александров,
15. Георги Јовев,
16. Ефтим Темелков,
17. Милош Еф. Темелков,
18. Стоилко Митвв,
19. Илија Гошев,
20. Коле Лазаров,
21. Мите Јанев,
22. Саво Георгиев,
23. Георги Атанасов,

И селаните од с. Безиково биле изложени на страотен терор од страна на српските војници. Кога го зазеле селото, војниците се пуштиле во грабеж и силување на жените. Две од групно силуваните жени умреле на лице место, а една друта жена умрела нешто подоцна од последиците на повредите добиени од војниците-насилници. На една од жените што ја силувале, и го испекле детето на оган. Детето штотуку наполнило една година старост. Од мажите во с. Безиково, од оние што биле фатени од војниците, не преживеал ниту еден. Имињата на убиените се:

1. Атанас Велков, дете
2. Стојмен Јанакиев, дете
3. Атанас Стојчев, стрелан
4. Иван Каранфилов,
5. Велко Илиев, ги изгубил и синот и жената
6. Георш Арсов,
7. Теодосие Христов,
8. Мито Христов,
9. Никола Ангелов,
10. Симеон Ангелов, стрелан
11. Гаврил Арсов,
12. Ангел Арсов,
13. Велин Јанакиев,
14. Лазар Тасев,
15. Стојмен Иванов,
и уште 3 други селани чии имиња не се познати. Пакрај масакрот српските војници го опожариле селото, куќите, плевните, овчарските колиби и собраната летнина. Останатиот дел од населението побегнале во планината и во Бугарија. Стоката за која немало кој да во ди сметка била разграбена и стрелана од страна на војниците.
Во селото Липец српските војници паднале под влијание на Турците и крваво се пресметале со голем број селани. Едни биле стрелани, други избодени со бајонети и друго ладно оружје, а оние што останале живи, кусо време по тепањето, умреле. Селото во два наврати било ограбувано. Во првиот грабеж биле убиени:
1. Трифун Јакимов, учител
2. Нико Јакимов, брат на учителот
3. Филип Јакимов, исто така брат на учителот.
Пред да бидат стрелани долго време биле измачувани во турските гробишта. Мачителите од нив барале пари и оружје. Бидејќи немале ниту пари (ниту оружје, биле избодени со бајонети, а потоа закопани во плитка дупка од каде што им се гледале нозете. На истото место по нив биле закопани и:
4. Захариј Постолов
5. Тодор Постолов Чорбаџиев
6. Трифун Постолов 7. Симеон Ароов
8. Ампо Постолов
9. Иван Постолов
10. Мите Дамјанов
11. Илија Тирелков, гајдаџијата
12. Симеон Арсов
13. Цветан Митрев
Војниците не се задоволиле со овие жртви, туку повторно се вратиле во селото и почнале да ги измачуваат жените и уште неколкумина мажи. Меѓу сите нив на најголеми маки бил изложен свештеникот П. Георгиев на кого српските војници му забиле нож во устата. Од свештеникот војниците барале пари и оружје. Заедно со попот биле тепани и затворени:
2. Панчо Трајанов, сокршен од тепање
3. Гиго Трајанов,
4. Мише Манов,
5. Крсте Георгиев,
6. Теодосиј Постолов, беследно исчезнал
7. Спасе Иванов, тепан и измачуван
8. Мите Трајков,
9. Петар Иванов,
10. Стефан Мишев, одвлечен во шумата и беследно исчезнал
11. Евгенија Тодорова, групно давена
12. Стојна Григорова, „
13. Агница Симеонова, „
14. Стојанка Стојанова, „
Останатите жители од селото се разбегале во шумата или побегнале кон бугарската војска.
Исто така поради клевета од месните Турци, големо злосторство српските војници извршиле врз населението на с. Зрновци. Од сведоштвата на преживеани луѓе се дознава дека кон средината на јули 1913 г. селото било опседнато од голема единица, готова да го срамни со земјата. „Српските војници — наведуваат сведоците, придружени од голем број турски одмаздници, се растрчаа во групи по нашите куќи, влегуваа внатре кршејќи ги вратите и прозорците, а потоа грабеа се што ќе им паднеше во рацете. Тие не пцуваа и тепаа. Оние што пружаа отпор ги врзуваа со ортоми и синџири и според нивните постапки спрема нас, во нивните очи бевме пониски и од обичен добиток. Кога ги разграбија куќите, сите мажи, жени, деца и старци не поведоа кон турските гробишта. По патот од селото до гробиштата војниците не клоцаа, пцуваа и ни се закануваа дека сите до еден ке не стрелаат. Кога стигнавме до гробиштата, на секој од нас му беше јасно дека нема враќање назад. По едно време одделија 7 души од другите и почнаа само нив да ги тепаат и да прават со нив кој што сака и мисли. Најжестоко беше измачуван поп Томан Трифунов, а по него и Иван Фурнаџиев. Другите се разбегавме, некој во селото, некој во шумата, а некои во другите села. По извесно време, кога работата се стивна, видовме на каков грозен начин им беа одземени животите на седуммината наши соселани. Тие беа, најблаго речено, искасапени и не се препоанаваа оти се човечки суштества. Нивните имиња се:
1. поп Томан Трифунов
2. Иван Фурнаџиев
3. Панчо Данаилов
4. Ефтим (Тимо) Лазаров
5. Димитруш Јованов
6. Мишо Стојков
7. Иван Павлов
Истиот ден кога се извршени масакрите во Блатец и Зрновци, српските војници го разграбиле и селото Мородвис, кое штотуку почнало да се населува со христијанско население од планинските села на Кочанска околија. По разграбувањето на куќите, војниците стрелале петмина селани од Мородвис и тоа:
1. Апостол Божинов
2. Јордан Савев
3. Ристо Стојменов
4. Мито Станоев
5. Мите Николов
По извршеното злосторство била одземена стоката — едриот и ситен добиток од селаните, за потребите на војската. Единствениот сведок што останал, Турчинката Алиева, по се она што го видела, на повратниците во селото им рекла: „Ова место ќе ги казни тие луѓе, убија невин свет”.
На големи грабежи и насилства биле изложени и населените места Пеклани и Трсино. Во овие две села биле тепани и масакрирани голем број селани и тоа:
1. Филип Апостолов, избоден
2. Данчо (Дане) Спиров,
3. Горги Постолов,
4. Јордан Серјафимов,
5. Трифун Дончев,
6. Златан Стајчев,
7. Пешо Филипов,
8. Гоше Лазаров, од с. Трсино
9. Тасе Георгнев,
10. Коле Лазаров, 11. Велин Христов, 12. Зафир Христов, сите родум од село Пеклане, Кочанско.
Нешто подоцна, по избивањето на спорот меѓу околискиот началник на Светиниколска околија и разбојникот Јаја-ага, од страна на четниците на Јован Бабунски биле изложени на терор и неколку турски семејства, Од Турците биле убиени:
13. Мурат Фератов, убиен, родум од с. Трсино
14. Муарем Хасанов,
15. Расим Косев,
16. Денчо Сулеманов,

За селото Соколарци меѓу српските војводи и офицери се ширеле гласови дека било богато. Неколку фамилии од селото биле внесени во списокот што го изготвил четникот Јане Нивичаноски, посочени дека располагаат со многу златни турски лири. На сугестиите на четникот наседнал српскиот офицер Понјавиќ кој почнал жестоко да ги измачува маркираните семејства. Од страна на офицерот Понјавиќ многу бил тепан Постол Мицев (кој не можел да ги издржи маките, му дал 50 златни лири на офицерот и потоа умрел. По него на ист начин бил измачуван и селанецот Мите Стојмилов, кој исто така им подлегнал на раните, не му дал пари на офицерот, но умрел, На офицерот Понјавиќ, во измачувањето на селаните за пари, му се придружиле и: четни-кот Јане од с. Нивичино, Кочанско, како и српскиот офицер Поповиќ. Тие ги мачеле, затворале и изнудувале за пари сите селани за кои биле убедени дека имаат скриено златни турски лири.
Покрај деветмниа мажи, кои биле сокршени од тепање, исто така биле тепани и давени и три жени од се лото, кои останале со последици. Мачителите не се задоволиле со тоа, па расфрлиле данок на целото село и им се заканувале на луѓето дека сите до еден ќе биле испотепани, ако не ја исполнат обврската.
Покрај овие, од Кочани и Кочанако за време на војната и по нивното завршување, биле убиени, ранети, тепани и испропадени од своите родни места повеќе од половината на населението, во овој питом крај пред започнувањето на војните.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
КАРАКТЕРИСТИЧНИ БЕЛЕЗИ НА СТОПАНСКИОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ 1913 И 1915 ГОДИНА ОПШТ ПРЕГЛЕД НА СТОПАНСКИОТ ЖИВОТ

Балканските, особено II балканска војна, му нанеле катастрофални последици на стопанскиот развој на територијата на југоисточна Македонија. Пред се македонската целост, која со векови наназад во својот стопански и општествено-политички развој претставувала една заокружена и специфична географска целина, по војните била распокината на 3, односно на 4 дела. По завршувањето на II балканска војна, секоја од балканските држави на овој начин постапувала со пленот, со заграбената територија од македонската земја.
Србија, која пред балканските војни и по територија и по бројот на населението била помала од Македонија, по завршувањето на II балканска војна, завладеала скоро со целата територија на денешна РМ, без Струмичкиот округ. Во склоп на Србија влегувала и територијата на југоисточна Македонија од Вардарскиот дел (без делови од Гевгелиска и Дојранска околија до Струмичкиот округ), кој излегол од војните ограбен, опожарен и многу запустен. Всушност, по II балканска војна во сите предели на југоисточна Македонија владееле глад, бада, болести, грабежи и сите видови легални и нелегални разбојништва. Селаните, занаетчиите, трговците, чифлигарите, а во извесна смисла и чифликсајбиите и сите други слоеви на населението, кои останале во своите родни места, западнале во тешка материјална положба. Ретко некои, особено жителите на опожарените населени места, да не биле доведени до питачки стап.

И интелигенцијата, која се до војните стоела на чело на масите во сите револуционерни акции, сега, во услови на окупацијата, била тероризирана, прогонувана и разбивана, поради што дејствувале дезорганизирано и изгубено. Кога кон сето ова се надоврзе и фактот што пределот на југоисточна Македонија бил зафатен од неколку мошне силни бранови на расселување, станува јасно, зошто овој предел западнал во целосна стопанска и политичка криза. За земјоделска летнина не можело да стане ни збор. Зашто, онаму каде што не било опожарено, летнината била ограбена. Во есента 1913 и во зимата и пролетта на 1914 г. ретко кое од селските семејства не гладувало. Мнозинството од анкетираните современици категорични се во тврдењата дека во тој период (1913 и 1914 г.) меѓу народот царувал глад, мнозина немало каде да живеат, се криеле низ урнатините и во пештерите по планииите и се хранеле со варени лисја и шумски корења. Оние пак, кои се решиле да се симнат од шумата, започнале да ги напаѓаат имотите на поранешните турски бегови. Вакави примери на изнудено разбојништво се појавиле скоро насакаде во Областа, а најмногу ги имало на територијата на Штипска, Овчеполска и Кратовска околија.

Така на пример, од тужбата на адвокатот Живоин Симиќ, поднесена во декември 1913 г. до Министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, против селаните од селата Мечкуевци, Врсаково, Мустафино, Судик, Брловци (Г. Балван) и Ерџелија, Штипско и Светиниколско, може да се види дека населението од овие села во борбата за опстанок, го нападнале чифликот на Сули-беј од Штип, и грабеле се што може да се грабне. Меѓу другото, селаните му то исекле лозјето на Бегот и 200 стебла круши од градината во с. Куково, Злетовско. Против селаните од с. Врсаково и Карбинци, Штипско, жалби до воените власти поднел и Џелал-беј од Штип, како и Мевмед-беј, кој ги обвинува селаните од Мечкуевци затоа што требало да му предадат 5.200 шиници жито, а му предале само 400 шиници.

Против непослушните чифлигари од Уларци, Ерџелија, Мустафино и од Гујновци, тужба поднел и Шефкет-беј од Штип. Началникот на Овчеполска омолија се исплашил од ваквата состојба.. Имено, тој, од една страна, бил напаѓан од турските бегови и од турското население, а, од друга страна, преку писма и на друг начин му се заканувале христијаните. И едните и другите му праќале абер да си оди од каде што дошол. И навистина, токму на ова подрачје ќе доде до обединување на незадоволните Турци и христијани, кое во 1914 г. ќе се прошири и во останатите краеви на Областа. Борбата за опстанок го принудувала македонското население и во другите околии на Областа, да се однесува на ист начин.

Ограбувачкиот и одмаздничкиот карактер на II балканска војна, му нанеле непоправливи последици на сточарството, една од најрентабилните и пред војната мошне развиени стопански гранки во Областа. Преживеаните сточари од тоа време наведуваат драстични примери и бројки на разграбена и стрелана стока од сите населени места без исклучок. Во прилог на тоа зборуваат и податоците за Пехчевската каза (подоцна Малешевска околија), од кои може да се види дека сточннот фонд на тој простор по балканските војни, спореден со оној пред нив, е за петпати, помал од пред 1912 година. Во Пехчевската каза пред I балканска војна (само во Малеш), сточарите одгледувале 20О илјади овци, а во 1914 година имало само 14 илјади овци, додека коњи пред војната имало 13 илјади, а во 1914 г. само 2.600 итн.
И не само тоа. Новите српски управувачи, за да се одбранат од масовното навлегување на четите на ВМРО издавале наредби да се палат овчарските колиби и трла по планините. Ваквата безбедносна мерка на српските воени и цивилни власти, најблаго речено, го докусурила сточарството во Областа.

Меѓу првите, против бесмислената безбеднсона мерка на српските господари кренале глас селаните од селата Серменин, Коноко, Моин и Петрово, Гевгелиско. Тие упатиле молба до Министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, во која укажуваат на последиците за развојот на сточарството во нивните села, доколку не се стави вон сила заповедта на околискиот началник од Гевгелија, за опожарување на овчарските колиби и трлата. Потписниците истовремено земаат обвр
ска дека нема да дозволат нивните колиби да се користат од никого и нагласуваат: „Во турско време да ја кажеме вистината, комитите доаѓаа во колибите, но денес даваме чесен збор, дека нема да дозволиме, р’ѓосан човек и комита да влезе во нашите планини и села … Дека ќе се прндржуваме на дадениот збор гарантираме со имотот и нашите животи”.
(Молба од група сточари од селата: Серменин, Конжо, Мони и Петрово, Гввгелиско, од 12. I. 1914 г. Молбата е потпишана од Трајко Калев, Хр. Николов, Гл. Трајков, Хр. Кончалиев, Тано Божинов, Јован Клаов, Петров, Стојо Јованов, Дим. Попов, Јов. Јованов, Темелко Митров, Петко Смилев, Ризо Георгиев, Петко Иванов)

Молбата на селаните не била прифатана. Овчарските колиби во Гевгелискиот, Царевоселскиот, Малешевскиот и во другите краеви, во најголем број биле опожарени.
Од индустриски постројки ко 1914 и 1915 година се споменуваат само 4 млина за мелење жито во Штип, еден во Свети Николе и еден во с. Прибачево, Кочанско. Потоа 3—4 стругари и валалници во Малеш, една мала фабрика за преработка на зејтин од афионово семе и сусам во Штип, три примитивни тулани: во Пехчево, Радовиш и Свети Николе, и една работилница за праработка на свилена буба во Гевгелија.
Трговијата која порано се одвивала во правец на Солун, по (војните, сосема замрела. Трговците од Штип и од другите гратчиша меѓу 1913 и 1915 г. ги разнесувале своите стоки најмногу со магариња и тие повеќе личеле на торбари одошто на трговци.
Сепак, најголема загуба за развој на стопанството во југоисточна Македонија претставувал човечкиот фактор. Од сихе последици што ги оставиле војните, најголемата се состои во тоа што; Областа била останата без луѓе. Понапред е кажано дека во овој простор тред I и II балканска војна .живееле околу 350 до 400 илјади жители, а сега, меѓу 1913 и 1915 г. во Брегалничкиот округ останале едвај 98.473 жители, со тенденција овој број и натаму да опаѓа. Така на примвр, во гр. Штип пред војната живееле над 20 илјади, а во јануари 1914 г. останале 12.342 жители, во Пехчево пред војната живееле околу 5.000, а сега нешто повеќе од 600 луѓе. Или на простарот на поранешната Штипска каза пред војните

живееле околу 49 до 50 илјади, а во јануари 1914 г. ос-танале само 5.052 жители. И нешто друго треба да се одбележи. Во Штипска околија при пописот на населението, од овие 5.052 жители, регистриран е само 1 писмен граѓанин.
Бројот на населението во Брегалничкиот округ и во Дојранско, Валандовско, Гевгелиско и Пробиштипско се намалува за околу 30 илјади во периодот меѓу април 1914 и октомври 1915 г., за време на регрутацијата на младинците од тој простор на Македовија, кои биле упатувани да служат во српската армија. Голем број податоци говорат дека цели подрачја од југаисточна Македонија во тоа време биле лишени од работоопособно машко население. Во отсуство на машка работна рака, во полето работеле само жени, деца и старци, поради што продуктивноста на трудот и резултатите на учениците во училиштата биле сведени на нула.
Згора на сите неприлики, бројниот придојден големосрпски управен апарат расфрлил и даночни обврски на ова толку оголено население. Тоа било уште една причина, населанието да се отуѓува од државата и нејзините системски институции, а да го прифаќа поредокот на ВМРО која за неполни две години прераснала како др-жава во држава. И така, општините на кои навистина им требала помош, биле оптоварени со данок и плаќале: 31.952,5 динари за потребите на окружната администрација, 21.799 дин. за околиската управа, 58.610 дин, за друга градски опаштини и 110.790 динари за издршка на сите други селски општини. (Податоците се однесуваат само за Штипска, Овчеполска, Кочанска, Царевоселска, Малешевска и Радовишка околија).
 
B

Borg_Drone

Гостин




Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.

Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија)
. Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив.

Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец
.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ПОСТАВЕНОСТА НА ГОЛЕМОСРПСКИОТ ДРЖАВЕН АПАРАТ 1913 — 1915 ГОДИНА

Иако некомплетирана, големосрпската воено-државна власт меѓу ноември 1912 и јуни—јули 1913 година била воспоставена во: Неготинска, Велешка, Овчеполска, Гевгелиска, Дојранска и во Валандовска околија. Во другите краеви на југоисточна Македонија Србите воспоставиле свои институции на системот дури во периодот меѓу 6 август и 25 август 1913 г. На 25 јули истата година бил назначен првиот началник на Штипскиот округ, кој подоцна бил применуван во Брегалнички округ и во него влегувале: Штипска, Овчеполсма, Кочанска со Виничкиот крај, Царевоселска, Малешевска и Радовишка околија. Велешката околија влегувала во составот на Скопскиот округ, Гевгелиската, Валандовската и Дојранската околија биле во состав на Тиквешкиот округ, Пробиштипската во Кумановскиот округ, додека Струмичкиот округ според Букурешкиот мировен договор и припаднал на Бугарија. Од средината на ноември 1912 до 25 август 1913 г. функцијата на окружната власт во Брегалничкиот омруг ја вршеле: Јово Поповиќ, резервен потполковник како командант на место, со широки воено-политички овластувања; Љубо Вуловиќ, началник на Штипска околија; Михајло Балабановиќ (Бал)абанов) како претседател на Општината и кметските наместици: Коста Гичев, Ибрахим Каминов (големопоседнк) и Хаџи Давид Сион, Евреин по потекло.
Во истиот период, во Тиквешкиот округ, воено-полициската власт била во рацете на командантот Петровиќ и Душан Николиќ. Меѓу 15 и 28 август 1913 г. биле востановени институциите: окружен, околиски и општински судови, Брегалничката дивизија, окружна команда со
седиште во Штип и Кочани, окружна бгагајна во Штип, месна контрола, шумарска управа, монополско надзорништво, поштенско-телеграфска станица, назначен е окружен економ, донесено е решение за отворање гимназија во Штип, назначени се училишни надзорници, царинарници, одредена била лакација на жандармеријата и на пограничните трупи и седиштата на околиите и општините.

За седишта ва околии биле одредени: Штип, Дојран, Радовиш, Кочани, Гевгелија, Берово, Царево Село, Свети Николе и Неготино, со предлог да се востанови околија и во Злетово, Виница, Пехчево и Валандово, кои имале третман на паланки (касаби) а, сепак, останале само како општински центри. За да се обезбеди што по организиран увид и контрола над населението, големосрпските управувачи формирале голем број општини и тоа:

— во Штипска околија 5 општини во селата и 2 во градот, За седишта на општини биле одредени: Штип, с. Карбинци, с. Никоман, с. Почивало, с. Брест и с. Лесковица.

— во Радовишка околија 9 ошптини со седишта во Радовиш и сепата: Долни Липовиќ, Злеово, Конче, Скоруша, Ињево, Подареш, Калаузлија и Прналија.

— во Овчеполска околија 11 општини со седишта во: Св. Никопе, и селата: Павлешенци, Долно Црнилиште, Мечкуевци, Немањици, Цумајлија, Горни Балван, Трооло, Горобинци, Барбарево и Малино.

— во Кочанска околија 11 општпини со седишта во Кочани, Виница и селата: Зрновци, Јастребник, Пресека, Соколарци, Нивичино, Облешево, Оризари, Блатец и Полами.

— во Царевоселска околија 5 општини со седишта во Царево Село, Каменица, Тработивиште, Драмче и Грлани.

— во Малешевска околија 4 општини со седишта во Берово, Пехчево и селата: Владимирово и Митрашинци.

— во Злетовска околија 6 општини со седишта во Злетово, Пробиштип и селата: Рудари, Калниште, Кнежево и Лесново.

— во Гевгелиска околија 7 општини со седишта во Гевгелија и селата: Богданци, Стојаково, Миравци, Негорци, Конско и Моин.

— во Дојранска околија 5 општини со седишта во Дојран, Валандово и селата: Аразлија, Кл’цково и Градец.

— во Неготинока околија 6 општини со седишта во Неготино и селата: Криволак, Пепелиште, Уланци, Џидимирци и Клисура.

Покрај овие, на територијата на југоисточна Македонија се наоѓале и седиштата на неколку општини од Велешка околија, како на пример: општината во с. Иванковци, Башино Село, Сојаклари и други.
Со мали исклучоци, во окјругот, околиите и општините, 99% од претседателите, деловодителите, писарите, жандармите и друтите службеници биле луѓе доведени од Србија — предани на големосрпската кауза, но не и способни да се носат со доверемите функции. Од македонските средини не се назначувани луѓе во органите на власта, под изговор дека овдешниот човек не располага со потребна култура и државна традиција. Во прилог на тоа зборува содржината на едно пиомо ка Штабот на Врховната команда во кое, меѓу другото, се вели: „за претседатели, кметови и одборници треба да се земаат луѓе неоспорно предани на српското дело”.
Административниот апарат ги користел поранешните турски државни простори (згради), а таму каде што немало такви, државата земала деловен простор под наем. Во таков, наемен простор била сместена службата на Околијата во Штип, додека окружната служба работела во поранешниот турски уќумат, зграда со два ката, ѕидана од; камен, кал и керпич, а имала 24 работни соби; 2 чекални и внатрешен клозет.
Во Радовиш, Околијата била сместена во поранешната турока гимназија, а во Берово во просториите на бугарската гимназија која имала 4 големи и 2 мали простории. Во Кочани и Пехчево за потребите на управните служби се користени просториите на туроките уќумати. Добри биле и просториите во Свети Ниноле, каде што е користена зградата на турскиот мудир, која имала 10 соби, 2 чекални и голем затвор, кој бил доста прометен.
Службеничкиот кадар во почетокот на воведувањето на управата, дејствувал претпазливо и многу се плашел од причина што насекаде во Округот беснееле Колерата, Вариолата, Арапската вариола, Тифусот и Маларијата.

Иако состојбата на здравстввната заштита била ужасна, сепак, на територијата на целиот Округ работеле само 2 лекари во Штип, 1 за Кочанска околија, 1 самоук лекар за Овчеполска, 1 исто таков за Малешевска околија и 1 свештеник, надрилекар од о. Оризари кој лекувал на своја рака.
Состојбата околу воопоставувањето на училишната мрежа, била уште покатастрофална. Окружниот началник, давајќи карактеристика на степенот на интелигенцијата на македонскиот народ, во еден документ од тоа време се изјаснил: „Интелигенцијата на народот од нова Србија (Македонија) не е ни влакно помала од онаа на земјоделците во нашите стари граници. Нешто повеќе, постојаните истезанија за избегнување на компромитираната турока власт, зулумите од Арнаутите, овој народ толку префинето го изостриле, а особено планинците по бистрина отскокнуваат над многу краеви на нашата стара државна област”.’
И сведошвата на анкетираните современици од македонските села и гредови, во однос на поведението на македонскиот народ го зборуваат истото. Во сите сведоштва се подвлекува дека македонскиот човек во целина добро бил воспитан и, место пцости, лаги, измами и друго, во општењето со другата страна најповеќе ги употребувал зборовите: добредошол, заповедај, сполајти, Бог нека Ви е напомош, нека Бог Ве чува и слично. Токму поради ваквата добрина и верба во собеседникот од другата страна, македонските граѓани, а најмногу оние од селата наседнале за време на балканските војни и платиле скап данок во крв и во материјални добра, токму на оние што им зборувале дека дошле да ги ослободат од Турците.

Инаку, новиот придојден голвмосрпски апарат во југоисточна Македонија, во периодот меѓу 1913 и 1915 година, спореден со предвоениот, турскиот, е неколку пати погломазен. Најголем број службеници биле концен-трирани во Штип и во друтите околиски центри на областа: Кочани, Дојран, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Царево Село, Берово. Во тие места покрај редовната администрација што ја сочинувале: 1 околиски началник, 2-3 писари, 3-4 практиканти, 5-6 службеници одговорни по одделенија (благајничко, економско, градежно и сл.), задолжително располагале и со гломазна полициска власт во чиј оостав, во зависност од големината и стратешкото значење на Околијата, биле вработвни од 80 до 300 души.

Од средината на 1914 година бројот на полицијата постојано се зголемувал. Во околиите и Округот, паралелно со окружната и околиската, функционирале и општинска и стратешка полициска власт. Кога на сето ова се додаде дека на територијата трајно биле лоцирани големи контингенти на воени и четнички формации и припадници на тајната полиција, станува повеќе од јасно, колкав бил државниот апарат што на еден или друг начин требало да егзистира од трудот на работниот човек, кој немал егзистенција и за себе. И не само тоа. Овој броен и нестручно подготвен апарат управувал со народот не по одредбите на Уставот што важеле за пределите на старите граници за Србија, туку според т.н. Уредба за „новослободените” области, со цел да се внесе страв во коските на Македонците, Турците и Арнаутите, и да не се повторат случаите како што беа во Тиквешкото и Охридско-дебарското востание од јули—октомври 1913 година.

Но, одредбите на Уредбата донесена на 25 август (7. X) 1913 година не ги дале очекуваните резултати. Наместо тие да придонесат во Македонија да се денационализира македонскиот народ, тие придонеле тој народ да се отуѓува од новата српска држава и повторно, како во турско време, да го прифати комитството како единствен можен и прифатлив начин за борба против новите угнетувачи. Ваквото расположение кај народот, меѓу другите го воочиле и: Љубо Јовановиќ, министер за внатрешни работи, М. Драшковиќ, министер за градежништво и М. Гуричиќ, началник во министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, кои по извршената обиколка на Македонија констатирале: „нема да заплачи ниту едно македонско око, ако си заминат Србите од Македонија”. Уште на самиот почеток од Србија дошле: во Неготинска, Гевгелиска и Дојранска околија 51 лице, во Малеш и Царево Село 9, во Крива Паланка и Кратово 51, во Кочани 21 лице и сл.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Војска, жандармерија и четнички формации

Српски воени единици, некои повремено а некои со подолг престој, на територијата на југоисточна Македонија имало уште во 1912 година и тоа во: Овче Поле, Злетовскиот крај, Велешко, Неготинско, Гевгелиско (перманентно) и во Кочани, Штип, Струмица, Радовиш, Валандово и повремено во Дојранскиот крај.
По завршувањето на II балканска војна, по завладувањето на териториите во кои пред тоа се наоѓала бугарска војска, како: Штип, Радовиш и Кочани, меѓу 8 јули и 10 август 1913 година, била воспоставувана новата српска воена мрежа. По склучувањето на Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 г. српската војска ги запоседнала и териториите на Царевоселска, Малешевска, Дојранска, Валандовска и Гевгелиска околија. Во тоа време била востановена дивизиска окружна команда за Брегалничката област со седиште во Штип и Кочани, под чие покровителство се наоѓале голам број поголеми и помали воени единици, лоцирани низ целата територија на о6ласта. Војската била сместена во старите турски касарни, а во места каде што недостигал таков простор, војниците престојувале во просториите на егзархиските и турските училишта.
Во периодот од јули до првата половина на август 1913 г. од вкупно 20 редовни полкови војска на српската армија, 17 биле концентрирани на територијата на денешна СРМ, без Струмичкиот округ. Поголемиот број од овие 17 полкови биле распоредени во реоните спрема бугарската и албанската граница. Ваквата концентрација на воени сили спрема бугарската и албанската граница, српската влада ја оправдувала со тоа што, наводно, од овие соседни држави на подрачјето на Македонија и на Косово упаѓале комитски чети. За да се излезе на крај со четите на ВМРО кои се помасовно навлегувале од бугарска на српска територија, претставниците на српската воена организација „Црна рака” инсистирале, во „новоослободените” предели со меч да се воопостави само воена управа, во траење од 5 години. И покрај тоа што владата на Никола Пашиќ не ги удоволила ваквите барања, сепак, Уредбата за јавна безбедност за „новоослободените” области од 23 декември 1913 година давала можност српскиот воен, жандармериски, четнички, црковен и државен потенцијал во Македонија и Косово да работи, ограбува и да суди кој како знае и умее.
Најблиски соработници на воените единици меѓу 1913 и 1915 г. биле: жандармеријата и четничките формации кои биле многу на број и биле распоредени — расфрлени низ целиот простор како печурки по дожд.
Најголема жандармериска единица во југоисточна Македонија бил Окружниот жандармериски одред во јачина од 307 жандарми, 15 коњаника и 295 пешаци со 1 поручник и 2 потпоручника. Одредот се сметал за непополнет и, така, командниот кадар на Одредот „изнаоѓал” поверливи лица од месното население, со цел за полесно откривање на поранешните и сегашните сторители на престапните (казниви) дејанија”.
Поверливите лица имале статус на тајна полиција па затоа нивните имиња не се предмет на преписката дури и на ниво меѓу полицијата и војската. Но, македонскиот народ е интелигентен и брзо реагирал на ваквата полициска клопка (брат братот да го предава), се повлекол во себе и никој со никого не се впуштал во разговор. Во врска со тоа, еден анонимен автор под псевдонимот Гајиќ, во една статија на весникот „Радничке новине” пишува: „Крвавата братоубиствена војна оставила страотни траги. Се е мртво, недоверливо, секој човек се плаши еден од друт. Стопанството и трговскиот живот во градот Кочани умрел. Само 20 бакалници и 30 занаетчиски работилници во Кочани ги претставуваат овдешната трговија и занаетчиство.
Покрај Окружниот жандармериски одред за обезбедување на Штип, биле ангажирани и 60 жандарми за обезбедување на седиштата на општините и 15 за обезбедување на просториите на Околијата. Во Радовиш просториите на Околијата и Општината ги обезбедувале 50 жандарми, во Берово 35, Царево Село 34, Кочани 29, во Свети Николе 23 и т.н.
Со бројна жандармерија располагале и општинските центри кои имале статус на паланка, потоа општинските центри со стратешко значење и т.н. прометни комитски места.
Кога се констатирало дека мета на комитите се железничките линии, големосрпските власти брзо реагирале и како противмерка вовеле ноќни дежурства, организирале принудни патроли од редот на месното население и проектирале голем број жандармериски испостави по железничките линии: Велес — Неготино — Гевгелија. Растојанието од една до друга железничка станица, испостава и друго, изнесувало само 3 до 4 километри. И денес анкетираните современици иронично дофрлуваат дека, зад секоја втора или трета населба била лоцирана или почнала да се гради жандармериска станица или некое друго одбранбено укрепување.
Првата светска војна била пречка голем број проекти да не се довршат. Но, проектите на жандармериските станици што не се реализирани меѓу 1913—1915 г., биле извршени во годините на втората окупација меѓу 1919— 1941 г. кога биле изѕидани објекти покомотни и од поцврст материјал. Голем број од овие жандармериски станици на просторот на југоисточна Македонија сочувани се до денес, некои во добра, некои во полоша состојба, и како неми сведоци го потврдуваат она што го кажуваат живите сведоци.

Со овој гломазен полициски механизам во Областа раководела окружната полициска команда чие седиште било во Штип, а на која директно биле потчинети: околиските, општинските и стратешките полициски команди, што исто така во југоисточна Македонија ги имало во доволен број. Во случај на потреба, на жандармеријата редовно и притекнувала на помош војската, четничките одреди, а неретко и селаните и градските потери кои присилно биле мобилизирапи во претходницата на жандармеријата. Потерџиите немале право да носат оружје, туку наместо тоа, биле вооружени со вили, секири, лопати, стапови и друго. Во периодот од април 1914 па се до крајот на септември 1915 г. потерите и потерџиството станале секојдневна појава. Всушност, во тоа време територијата на југоисточна Македонија многу повеќе личела на казнен логор, одошто на ослободена од Турците земја. Десеткуваниот македонски народ, а во одредена смисла и Турците кои останале да живеат во своите родни места, биле најблаго речено пригмечени и изложени на страотно економско ограбување и на политички и физички притисоци од сите страни. Македонците и Турците, од една страна, требало да ги задоволуваат апетитите на сиромашното придојдено чиновништво кое во најголем број било корумпирано и некадарно да се носи со поверените му задачи, а од друга страна, требало да даваат на жандармите, четниците и на војниците и да ги извршуваат нивните наредби спротивно на сопствените желби и, од трета страна, населението требало да дава се што може и што има, на четите — македонски и турски кои биле присутни насекаде во Областа и имале воспоставено таков систем на организација, која имала целосен увид врз економската и политичката состојба.
Колку повеќе бројчано се зголемувал жандармерискиот, воениот и четничкиот потенцијал на легалната власт, во толку поголема мерка се зголемувало четничкото присуство во Областа. Настапила вистинска вооружена борба меѓу институциите на легалната и нелегалната четничка власт. Македонскиот народ и Турците, наоѓајќи се во центарот на оваа недефинирана, но постојана војна, по извесно колебање застанале на страната на Организацијата. Немало населба во која ВМРО не обезбедила јатаци и соработници. Работоспособниот дел од населението се растурал на сите страни. Институциите на големосрпскиот систем се покажале крајно неефикасни. Судовите, практично, престанале да работат на граѓански спорови. Ако се судело, тоа биле предмети само од политичка и разбојничка природа. Во отсуство на работна рака, мајките ги задржувале децата од училиште, поради што почнал да се растура и училишниот систем, а паралелно со училишниот се распаѓал и црковниот систем. Народот престанал да ги посетува црквите, од причина што службата во нив се изведувала на српски јазик, и поради тоа што новородените деца требало да добиваат српски имиња. При такви услови и околности, штотуку воспоставениот големосрпски режим се нашол во целосна изолација и не му останувало ништо друто освен да се брани самиот себе и да применува мерки на насилство и терор врз македонското и турското население.
Всушност, со мерките на терор кралска Србија го покажала своето вистинско лице на аграрна задолжена земја, а предводена од алчна и моќна буржоаска бирократија на која укажува и големиот српски син Димитрие Туцовиќ. Еве како тој ја окарактеризирал некадарната српска буржоазија, жедна да владее и да се величи: „Таа (српската буржоазија) се повива пред притисокот на северниот сосед, целата виси на скутовите на руската дипломатија, средства за владеење позајмува од странските капиталистички компании, но сепак се здоби со идеологија на експлоататор и сопственик кој се замислува на чело на гладна армија, како господар на неколку милиони пригушени поданици, сонува за величие, се рогуши, апелира само на сила и ги дави послабите од себе во исто време кога ја застрашува опасност и самата да биде задушена од појаките”.
Коментарот на Туцовиќ не е предмет на случајно резонирање. Во Србија сите Срби не мислеле исто во однос на македонското прашање. Така СДП на Србија инсистирала на ист третман за Македонците, каков што имале Србите во Србија. Весникот „Радничке новине” има 30 претплатници во Кочани и 30 во Кавадарци. Владо Дискиќ, до повод одбележувањето на „Први мај” во 1914 г., во овојот говор, меѓу другото, извикал: „Да живее балканската федерација”. Ставовите на Социјал-демократската партија на Србија со својата умереност и помагала на српската буржоазија, ако таа можела тоа да го разбере. Но, за жал, српската буржоазија, поточно бирократија и дворот мислеле поинаку. За нив, како што стои во еден документ од октомври 1913 г., „прашањето околу народноста е решено на Брегалница и во нашите граници (српските), нема веќе Бугари, туку слободни српски поданици”.

Ваквата крута српска политика се повеќе ги отуѓувала Македонците од српската држава. На македонскиот човек не му останувало ништо друго, освен повторно да се фати за оружјето и да поведе немилосрдна борба против новите угнетувачи на Македонија.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ОБНОВУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА НА ЧЕТНИЧКАТА ВМРО ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ПО ВОЈНИТЕ

Балканските сојузници Бугарија, Србија и Грција, со сите постапки и заткулисни игри пред и за време на Балканските војни, едни повеќе, а други помалку ги злоупотребиле добрината на македонскиот човек, неговата поранешна борба за слобода, гостољубието и вербата во соседните христијански армии, и што е најсуштествено, злоупотребено е учеството на македонскиот народ во војните. Иако ова учество го карактеризираат две компоненти: масовност и пожртвуваност, од причина што војувале под три знамиња, не обезбедиле статус на рамноправен учесник во сојузничкиот Балкански блок кој стапил во војна со Турција. Македонските учесници во I и II балканска војна, па и самиот македонами народ прво од спорната, а подоцна и од неспорната зона, следејќи ги постапките на сојузничките армии предосетил дека се готви поделба на Македонија. Тоа најдобро може да се види и од содржината на подавките на голем број свештеници, учители, кметски наместници и други лица од теренот на Македонија, упатени најмногу до бугарскиот двор и до Врховната команда на Бугарската армија, во кои недвосмислено се укажува дека сојузничките армии посегаат врз македонскиот идентитет и целост.
Кон средината на декември 1912 г. ЦК на ВМОРО упатил Меморандум до цар Фердинанд во кој, меѓу другото, се предупредува за намерите за распарчување на Македонија. Во Меморандумот, изнудено или не, истакната е паролата за автономија на Македонија. Оттука може да се заклучи дека, дури и раководниот кадар на ВМОРО не бил информиран за договорот склучен на 29 февруари 1912 г. меѓу Бугарија и Србија. Во јануари 1913 г. ЦК на ВМОРО упатил Изложение до министер-претседателот на Бугарија, во кое, меѓу другото, се дава одговор, зошто е прифатена тезата за автономија од страна на Македонската организација и др.

По војните, можноста на ВМОРО за дејствување постанала уште потешка. На левата страна од Вардар крстосувале јаки српски воени, четнички и жавдармериски сили кои ги опожарувале овчарските колиби. Крстосувачкиот одред па Јован Бабунски вршел чистки во Овчеполско, Кратовско и Кочанско. На 26 јули 1913 г., по заповед на Врховната команда на српската војска (бр. 8159), биле формирани уште два крстосувачки одреди што ги воделе: Јоаким Буковиќ и Владимир Ковачевиќ. За да го придобие турското и албанското население на своја страна, ВМОРО ја истакнува паролата за автономија на Македонија.
Во август 1913 г. била возобновена мрежата на ВМОРО во Битолско, Охридско, Струшко и Дебарско. На тој простор уште во април 1913 г. престојувале: П. Чаулев и Т. Павлов поради преговори со Албанците за заеднички дејства против Србите. Во месец јуни, по одобрение на бугарската влада во Албанија престојувал Јане Сандански со цел да склучи договор меѓу ВМРО и Албанскиот комитет за заедничко дејство во претстојната војна. Но, српската и грчката влада дознале за мисијата на Јане Сандански во Албанија, брзо реагирале и им ветиле на Албанците дека ќе им ги дадат Дебар, Гаково, Корча и Аргирокастро.
По Бојните Србија и Грција не ги иополниле ветувањата спрема Албанија. Поради тоа Албанците многу се налутиле и меѓу 13 и 17 август 1913 г. бараат врски со ВМРО, склучуваат договор за кревање на Охридско-дебарското Востание. Албанците се оогласиле нивните чети да ги водат П. Чаулев, П. Христов и М. Матов. По задушувањето на Охридско-дебарското востание, во редовите на ВМРО дошло до дезорганизација (X—XI. 1913 г.).

Кон средината на декември бил миниран мостот кај Демир Капија (12 спроти 13 декември 1913 г.). На 27 декември чети на ВМРО се појавиле во Скопско и Кумановско, а потоа и во Велешко на Владимир Сланков, Кумановско — Крсто Лазаров, Тиквешко — Лазар Тодоров, Штипско — Иван Јанев-Брло, Кратовско — Дончо Лазаров, Гевгелиско — Дело Тушински, Малешевско — Гаве Стоилов, Радовишко — Христо Симеонов и во Дојранско — четата на Петар Овчаров.
Меѓувремено, уште во август 1913 г., Ал. Димитров и Д. Мирчев заминале во Цариград за преговори со Младотурците за заеднички дејства во Македонија. Турската страна одговорила позитивно. Бил создаден Бугаро-турски револуционерен комитет кој имал за цел да се бори за автономија на Македонија. Во септември Есад Паша престојува во Вардарска Македонија со задача да им стави до знаење на Турците да не и служат повеќе на српската власт. Во јануари 1914 г. во Македонија дошле 5 мали турски чети предводени од Акиф-беј, Мехмед Али-беј, Черкез Али-беј и Хусеин-капетан. Тие чети дејствувале во: Штипско, Радовишко, Дојранско, Кукушко и Драмско. Началник на турските чети бил Ибраим-беј со седиште во Струмица. Заедничките дејства на македонските и турските чети биле благословени и од Хилми Паша, кој имал голем авторитет меѓу турското население.
По Охридското востание, Павле Христов заедно со албанското раководство формирале Бугаро-Албански комитет за дејство против Србите и Грците.
Во декември-јануари 1914 г. бил создаден и Бугаро-Романски комитет за остварување на девизата — автономија на Македонија.
На 20 јануари 1914 г. кај с. Богданци доаѓа до судир на четите на ВМРО и српската жандармерија. На 26 јануари истата година од страна на српската потера била фатена Неда Ризманова од с. Клисура, Тиквешко, заедно со други двајца четници (од с. Петрово, Гевгелиско — б.а.).
Во февруари 1914 г. српските четници затвориле и тепале 653 лица во Кратовско, од кои неколкумина умреле (30). Во исто време во Штип биле затворени 100 души, додека 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 8 од с. Русиново и 22 од с. Ратево побегнале во Бугарија и Струмица.
Во с. Градец, во врска со подметнатата бомба кај мостот на Демир Капија, целото население од селото било затворено во Дојран каде е изложено на страотен терор.

Наспроти теророт врз цивилното население, стариот војвода Петар Овчаров речиси слободно се шетал од населба во населба низ Дојранско и Валандовско, па дури им наметнал и данок на српските чиновници на подрачјето. Српските власти ги знаеле патеките на четата на Овчаров, но не реагирале со ништо. Тие ги знаеле и месните заколнети луѓе, но и против нив ништо не преземале. И така, на преминот меѓу 1914—1915 г., подрачјето на Дојранската околија, скоро без исклучок, преминало во рацете на ВМРО.
Меѓу другото, една од главните задачи на четите на ВМРО била да се саботира регрутирањето на македонски и турски младинци во српската армија. Успесите на Организацијата на тој план биле големи. Планините се напоиле со бегалци. Наместо да одат во српската војска, младите Македонци и Турци се вклучувале во четите на ВМРО.
Четата на кратовскиот војвода Дончо Ангелов донела пресуда да се убие жандармерискиот наредник Перо Лешиќ. Пресудата била извршена.
Четата на кумановокиот војвода Крсто Лазаров имала голем судир со српската жандармерија кај с. Патетино — Овчеполско.
Во судирот со српските жандари, четници и војската, малешевските чети на Гаве Стоилов и Георги Тодоров убиле 28 и раниле 7 припадници на српските единици. Во Малеш било нападнато и семејството на околискиот началник. По овие четнички препади во Малешевска и Царевоселска околија настапил вистински хаос. Училишниот инспектор за Малешевска околија М. П. Исаковиќ во извештајот за учебната 1914/1915 г. наместо за успехот на учениците зборува кое училиште располагало со оружје, а кое било без тоа. На едно место во Извештајот тој вели- И покрај сите напори и настојувања стана невозможна работата на учителите во Царевоселско… Сето машко население е во бегство, училиштето го посетуваат само неколку деца” .
Слична била состојбата и во Штипско, Радовишко, Овче Поле па и во другите краеви на Областа.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ГОЛЕМИОТ ВОЕН БУНТ ВО КРАГУЕВАЦ ВО АПРИЛ 1914 Г.

Во септември 1913 г. крал Петар Караѓорѓевиќ издал Указ со кој било прокламирано присоединувањето на новозазеимените области кон Кралството Србија. По овој свечен чин, Србија се здобила со право да регрутира војници и од Македоиија, Косово и од други „новоослободени” краеви на земјата. Од овој момент, па се до средината на март 1914 г. воените власти на новите окрузи започнале да изготвуваат списоци за регрутирање на младинци од Македонија, во српската армија. Активностите на тој план се одвивале без некои особени тешкотии се до моментот, додека младите регрути не стасале во местата каде што требало да го служат воениот рок.
Првата генерација регруги од територијата на југоисточна Македонија кренала од своите домови кон касарните на 23 март 1914 г. Воените обврзници од другите околии: Гевгелиска, Дојранска, Валандовска, Радовишка, Кочанска. Неготинска и Светиниколока, односно од друпите краеви на Областа, тргнале во истото време. Сите стасале (некои порано, а некои подоцна) во Велес. На железничката станица во Велес истиот ден стасале и регрутите од Прилеп, Крушево, Битола и Ресен. Регрутите од југоистачна Македонија, а со нив и регрутите од стариот град на Прилеп (Варош), први биле натоварени во вагоните и први кренале од Велес за Крагуевац. Во Крагуевац младите регрути, околу 1.200 на број, биле распоредени во т.н. „23 Брегалнички полк, составен од 4 дружини (баталјони) со по 300 војници. Командниот кадар на полкот го сочинувале: генерал Терзиќ, Данило Калафатовиќ, командир на полкот и началник на Гарнизонот, Божидар Загориќ, командант на II дружина, Тихомир Добричанец, командант на I дружина, потпоручник Арангел Стефановиќ, командир на I чета, Сретен Пенезиќ, четен фелдфебел (наредник) и Стојадин Милосављавиќ, десетник (каплар).
По извршениот распоред по единици секој од војниците добил готов текст на заклетвата, со задача да ја научат напамет за денот кога требало да се полага заклетвата. Вториот ден по добивањето на текстот на заклетвата војниците биле одведени на театар и без да им се прават било какви пречки по патот од касарната до театарот пееле бугарски песни „Тих бел Дунав се валнува” и „Жив е тој жив е там на Балканот”. Во вечерните часови дежурните офицери вршеле проверка, кој од војниците, колку ја научил заклетвата. На 10 април 1914 г. во кругот на I и II баталјон била подигната бина за свеченоста по повод давањето на заклетвата. На свеченоста биле поканети гости од земјата и странски претставници во Србија, како и целото граѓанство на Крагуевац.
По изведената наредба за „став мирно”, почнала да свири воената музика, а потоа со крената десна рака по архимандритот (црковно лице), војниците требало збор по збор да положат заклетва во името на Бога, дека верно ќе му служат на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ.
„Дојде до решавачкиот момент! За миг воздухот беше расцепен од тромогласно „ура”! Не сакаме да се колнеме! Не сме Срби и сл. Војничкиот страј при командата .„мирно” се наруши, се растури, се разбрка. Настапи неописив хаос. Сите присутни беа слиснати и изненадени. Офицерите разлутени, со измакнати сабји мавтаа, тепаа, но без резултат — нередот стануваше уште поголем. Граѓаните, мажи, жени и деца ги зафати паника, бегаа гледајќи назад и паѓаа едни врз други во грамади. Картина на вистински бунт ретка по својата специфичност бидејќи беше на официјално место, пред официјални лица и странски претставители”.
Во прилог на искажувањето на сведокот, весникот „Радничке Новине” на 17 април 1914 г. пишува: „Построени пред казармите, новобранците беа печални и мрачни. Тие ја слушаа патриотоката реч на свештеникот неми и со наведени очи… Наеднаш се разнесе глас „Не сакаме да се колнеме”. Целата дружина како еден одби да се заколне.
По растурањето на свеченоста, две одделенија од I и II полк со ножеви на пушките направиле обрач околу бунтовниците, а мајорот Божидар Загориќ ги тепал војниците од неговата дружина и уапсил 18 души војници, кои одбиле да се заколнат. Архимандритот сам, без да инсистира војниците да ги повторат зборовите по него, ја изрецитирал заклетвата при што, во смирен тон им рекол на војниците дека „се Срби”, но постапиле дрско од причина што бугарската пропаганда така ги воспитала.
Вечерта на 10 спроти 11 април 1914 г. офицерите во собите га тепале војниците кој со што можел и бареле од секого да поткаже кои се организаторите. Никој никого од војниците не предал. Затворените 18 војници, најмногу од Штип и Кочани, секој ден од 11 до 22 април 1914 г. биле носени во строј пред другите војници 2 километри надвор од градот и од нив е барано да кажат кои се организаторите. Тие молчеле, а молчеле и оние што не биле затворени. Кога започнала I светска војна, 23 Брегалнички полк бил расформиран, а војниците добиле прекоманда во Ниш, Крушевац, Заечар и Ваљево.
Од сведоштвото на еден друг војник се дознава дека во војничкиот бунт во Крагуевац учествувале 40 војници од Штип и повеќе од дваесетина од Околијата. На станицата во Штип дошле и регрутите од Малешевско, Царевоселско, Кратовско, Кочанско и Виничко. Во с. Џумајлија (денес Лозово) се придружиле и регрутите од Овчеполско, и сите заедно кренале за Велес. Сведокот, меѓу другото, вели: „Во Велес се качивме на воз околу 1.000 души. На железничката станица во Крагуевац не пречекаа граѓаните многу весело. Уште во првите денови, офицерите се трудеа да бидат многу внимателни кон нас . . . Ни дадоа плочи исто како што учителите им даваат на учениците од I одделение и не учеа да пишуваме: „Јас сум Србин, српски син, име ми е Радован” . .. Ние од Штип и писмените селанивојници му рековме на дежурниот офицер дека не сакаме да то учиме тоа што сме го учеле во I одделение” .
На српоките офицери не им текнало дека реагирањето на штипјани нешто значи, па во иронија, од наредниот ден, не само дежурниот, туку и другите офицери подбивно дофрлувале: „ако, таков е редот”. Навредени од таквото однесување на офицерите, војниците Панчо Тодоров, Панчо Јанев и другите војници од Штип ги окршиле плочките (табличките). По овој чин, вечерта истите војници не примиле вечера под изговор двка ги третираат како свињи. По одбивањето на храната, генералот Калафатовиќ се досетил дека нешто се „вари” меѓу војниците, повикал неколкуминаа од нив на разговор и им ветил дека храната ќе се подобри. Вечерта на 9 спроти 10 април 1914 г., Панчо Тодоров, Панчо Јанев, Панчо Крстев и Стојчо Крстев ги организирале другите војници да не даваат заклетва. Проблеми во однос на постигнатиот договор за саботирање на заклетвата немало кај ниту еден војник од Штип и Штипоко. Во исто време, таков договор правеле и војниците од Кочани и Кочанско. За тоа, како се одвивале подготовките за подигање на бун , тот во Крагуевац меѓу војниците од КочанскоВиничкиот крај, сведочи учесникот Санто Витанов Кузманов, роден во с. Горни Полог, Кочанско. „Во 1914 г. многу војници од Кочанскиот крај беа мобилизирани за служба во српската армија. Бројот на војниците ќе беше многу поголем ако беа тука и тие што беа избегани во Бугарија. Некаде при крајот на март добив покана да се јавам во Кочани. Ниту јас, ниту татко ми, ниту било кој друг од семејството се противеше. Кога стасав во Кочани, се јавив на закажаното место и заедно со другите од градот и селата не поведоа во Штип. Јас бев на 27 години, чичо Јован Бурјашки имаше над 40 години, додека син му Трајан Бурјашки мислам оти беше се уште дете. Затоа ги беа зеле во војска и татко и син, тоа е посебна приказна. Се сеќавам дека штипјани од градот и селата имаше околу 70—80 души, од нашиот Кочански крај бевме мнозина, над 200—250 души, зашто и царевоселци, оние од Осоговијата ги викаа во тоа време Кочанци. Во Штип дојдоа и
Панчо Тодоров од Штип, еден од организаторите на војничкиот бунт во Крагуевац (сведоштво).
радовишани, кратовци и мнозина од Овчеполието. На станицата во Штип имаше многу народ. Многу мајки и други жени плачеа, а ние пеевме песни. Панчо Дорев, Стојчо Нешков, Панчо Јанев од Штип и дватроица од Радовиш: Сандо Кошевецо, Илија Хаџивасилев и неколкумина ученици, пренеле на нашите, на Сократ, на Наско Калаџиев и на Ладо Квачков од Кочани, дека од овчеполските села Неманци, Мечкуевци, Ранченци и од Црнилишта, од стотина души кои требало да одат во војска со нас, се пријавиле само 20—30, а другите побегнале во Бугарија. Ние се договоривме да одиме, па ако треба ке побегнеме од казармата. Во Џумајлија ни се придружија и други овчеполци меѓу кои маше и Турци. Преку нив изворно дознавме дека регрутите од Неманци, Црнилишта (Долно и Горно Црнилиште), и од Мечкуевци побегнале во Бугарија. Кога стасавме во Велес на станицата имаше многу насобран народ. Регрути имаше дури од Дојраноко, Гевгелиско, Неготинско, од Прилепско и од други места. На станицата во Велес, исто како и во Штип, некои од војниците пееја песни, а некои разговараа и ги фалеа овчеполците како големи јунаци. Бидејќи тука беа и војниците Христифор, Илија Ордев, Стојан Манев, еден Вабушчиски, Дане Јосифов или Лазаров и други, мислам околу 15—16 души од Свети Николе, преку нив дефинитивно се уверивме дека навистина во Овчеполието, за да не служат во српската војска, мнозина побегнале во Бугарија. Јас со една група нашинци од Кочани, Виница, Тркање, Пресека, Безиково, Липец и од други села се договоривме да бегаме, но бидејќи возот набргу потоа тргна, ни пропадна планот.
На 24 или 25 март 1914 г. стасавме во Крагуевац. Што е право, право е. На железничката станица не пречека многу народ и сите беа некако радосни. По дватри дена од пристигнувањето во Крагуевац, не распоредија по дружини. Бевме над 1.000 души. Јас, Мите Ефремов, Трифун Серафимов, Блаже Гугутката, Атанас Мечкаров, Глигор Врбички, Јован Бурјашки, син му Трајан Бујашки, Крсто Куков, Гуци Ташков, Доне Ташков, Иван Ларгов од с. Тркање, Крсто Костов, Ампо Иванов и Јован Манев од с. Моинци, Серафим Темелков од с. Липец, Димитруш Алексов од с. Јакимово, Кирил Точев, Коце Михајлов и други двајца од Виница, Томе Митев, Атанас Нивички од с. Црвена Нива, Илија Ампов и други 4—5 души од с.Безиково, Сократ Адамов, Наоко Калајџиев, Ладо Квачков, Јоце Кочанецо и други 4-5 души од Кочани, Стојо Атанасов и други 7-8 души од с. Пресека и други, не распоредија во I кочанска батерија. Веднаш потоа, на плочки, почнаа да не учат да пишуваме и да читаме на српско писмо. Ни ги променија и презимињата, а не советуваа да си ги промениме и имињата, нашите биле „бугарски“. Првата закачка изби кога започна прозивката на „виќ”. Не се одзовувавме, а не викавме ни „ја”, туку „јас” или „аз”, тие што веќе беа поминале низ бугарските училишта. Нам ни беше командир некојси Душан Панов (Паниќ), кој не се лутеше дури и тогаш кога ги пеевме песните за Христо Ботев, како и песната: „Проклети да се либе Данев и Пашич” што отвориха Втората војна”, само што Пашиќ не го спомнуваме, како ни зборовите „как ке се разберам с непокорни Срби”. Кога разбраа се што кажува песната, ни забранија да ја пееме. Некаде околу 1 или 2 април 1914 г. ни дадоа текст на заклетвата за српскиот крал. Тоа предизвика вознемиреност прво кај писмените, а потоа и кај сите други. Штипјани радавишани кажале на нашите: како нашите татковци и дедовци се колнеле на Фердинанд, а ние да се колнеме на верност на српскиот крал? Меѓу сите почна да се шепоти, што сме ние, народ или ништо? Тројцачетворица од Штип изјавиле: ние нема да се колнеме, не сме свињи за да не хранат со толку лоша храна. На Миле Кошавецот му се паднало едно парче леб мувлосан. Едногласно, една вечер одбивме да јадеме. Тоа беше бунт. Се помеша и генералот Калафатовиќ. На 8 или 9 април 1914 г. започна пребројување во нашата дружина. Војникот Трајан Беков не прашуваше еден по еден: ќе се колнеш или не? Сите одговараа: не!, не!, не! На 9 спроти 10 април сите се заколнавме дека не земаме заклетва, дека нема да предадте никој од другарите и зазедовме став: во колку не малтретираат, да бегаме.
Дојде и тој час. Свештенииот почна збор по збор да ја чита заклетвата, но никој од нас не го следеше. Старешините почнаа да не подбуткаат и да ни викаат. Ние молчевме. Одеднаш од средината се чу силен глас „УРА”, не сме Срби, се колнеме на Фердинанд. Во нашиот круг стана голема бркотница. Не опколија српски вооружени војници, а старешините почнаа да не тепаат. Тешко можеше да се воспостави ред. Жените и децата од градот бегаа кој на каде може. Од заклетвата ништо не биде. | Не затворија во собите и не испитуваа да кажеме кои се тие луѓе што не ортанизирале. И мене ме распрашуваа. Јас им реков дека не смеам да се заколнам бидејќи, ако го сторам тоа, ќе ме убијат комитите. И други така им кажале и престанаа да не тепаат. Потоа затворија 20 души, а на другите почна да ни зборува и да не убедува попот, дека Бугарите се виновни, тие не лажеле, ние во старо време сме биле Срби.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Затворениците беа многу мачени. Блаже Гугутков и Атанас Мечкаров не се вратија, беа убиени. Крсто Костов од с. Моинци исчезна беследно, Сократ Адамов, Наско Калаџиев и Јоцо Кочанец беа набиени од тепање. Илија Ордев, Стојан Манев и Христофор од Свети Нижоле не ги видовме повеќе, исчезнаа безследено во Крагуевац. Иста судбина доживеа и Глигор Брбички од с. Тркање го затворита и беследно исчезна. Една вечер ме фати под рака Трајан Беков од с. Тркање и ми рече: „доаѓаш ли со нас, ние се договоривме да бегаме”, на што јас му одговорив: „сакам, ама страв ми е”. Тој налутено ми рече: „служи му на српскиот крал”, ако отвориш уста држи му се”. Истата вечер тој со тројца од Моинци и повеќемина од с. Пресека и од Безиково побегнаа. Цели 15 дена ги прогонувала потера и ги беше фатила. Истовремено беа побегнале и војниците од Гевгелиоко, некои од нив успеале да побегнат, а некои не. Тие што останавме, едни не испратија да се бориме против АвстроУнгарија, а другите против Бугарија, кај Врање. Во атарот на Врање требаше да има битка, но до неа не дојде, бидејќи пред да започне битката, старешините побегнаа. Еден добранамерен офицер, Србин, ме чукна по рамото и ми рече: „вие не бегајте, вас Бугарите не ве убиваат, врзете на пушките бели крпи и предајте се”. Така и сторивме. Кога не одведоа кај бугарскиот наредник, тој ни напиша писмо и благодарение на тоа писмо никој не не малтретираше по патот. За два и пол дена преку Куманово и Штип се вратив дома само со 3—4 другари. Голем број од другарите, со кои кренав во војска, беа убиени, не се вратија повеќе”.

Интересни податоци за македонската историја, во врска со воениот бунт на војниците од југоисточна Македонија во Крагуевац, потекнуваат од подрачјето на Радовиш и околината. Сведоци од овој простор се: Коло Витанов, Трајан Иванов, Горѓи Витанов, организатор, Сандо Кошевец, организатор, Илија Хаџивасилев, осуден и многу измачуван. Георги Христов, организатор, Глигор Генчев, учител, Николија Генчев, учител, Христо Матрапазов, учител. Сведоштвото на Сандо Кошевец е посмртно, а пренесено е преку Илија Хаџивасилев со кого бил во иста затворска ќелија.
Сандо Кошевец не можел да ги издржи затворските тортури, не признал ништо и не предал ниту еден од своите другари, бил убиен за време на распитот. Сведоштвата на радовишките учесници во војничкиот бунт во Крагуевац од 10 април 1914 г. што ги пренесуваат К. Т. и С. Г. — Лакавички, ги содржат истите поединости како и сведоците од Штип, Свети Николе и Кочани. Разлика се забележува само во тоа што радовишките војници се заколнале дека ќе се дигнат на бунт уште по патот меѓу Радовиш и Штип. Кога тие стасале во Штип и посебно кога размениле мисли со своите штипски другари, одлуката за идната војничка буна веќе за нив била донесена: „По се она што го претрие нашиот роден крај од страна на српскотурските насилници, ние немавме волја ниту на некому да му служиме, ниту за што да се бориме, бевме изгубиле се: имотот, честа, куќите, стоката, и се друго. Нас не не држеа нозете и срцата за да извршиме уште еден понижувачки престап, да се заколнеме за верност на оној по чија наредба пред неколку месеци беше опожарена и до темел разурната нашата прекрасна Лакавица: с. Конче, Лубница, Скоруша, Загорци, Гавран и се друго во планините и полето. Во нашите уши и срца се уште ги слушавме и болно ги чувствувавме писоците и плачот на нашите мајки, жени, сестри, деца и баби, како плачеа и бегаа избезумено соочени со крвавите ножеви и трионети на бесните пси. Гласот за избеганите овчеполци само ја зголеми нашата решеност, што побргу да изнајдеме причина и да се кренеме на бунт. Едно треба да се разбере: повеќе сакавме да умреме, отколку да му служиме на српскиот крал. Граѓаните на Крагуевац, мислиме на оние што не пречекаа, беа добри, но тие ништо не знаеја колкави болки и пакост направи врз нашиот крај нивниот крал.

Една вечер Миле Кошев извика: „другари, ни даваат мувлосан леб. Тие не сметаат за говеда.” Ѓорѓи Витанов му се придружи и извика: „Тие сакаат да не истроват”. Штипјани групно извикаа: „Ние не јадеме храна што не ја јадат и свињите”. По нив истото го сторија и прилепчани и сите други. Ги искршивме и срамните плочки на кои не учеа да пишуваме и да читаме српско слово. На денот кога требаше да ја примиме заклевата, во еден глас извикавме: „Не се колнеме, не сме срби”. Кога српските офицери слушнаа дека некои од војниците го фалеа бугарскиот цар Фердинанд, ги фати бес и почнаа да не тепаат, во кругот, во собите, преку денот и ноќта. Миле Кошев го убија. Илија Габрешанецот го убија, Илија Хаџивасилев го затворија во ќелија со вода и го скршија од тепање. Убија и затворија и неколку млади и весели момчиња од селата. Се сеќаваме на Јован Тушев од с. Покрајчево, Коло Витанов од с. Навичино, Христо Ташев Грков, Тамен Дончев, Крсто Стефанов и други од с. Ораховица, потоа Гоче Липовец, Лазар Василев од с. Папавница (беше упатен на фронт на првата линија, го ранија, но побегна), Хриото Илиев, Коце Сеизов и петшестмина други од с. Дедино, потоа од Подареш, Гарван, Козбунар, Смиланци и од другите села.
Сведок на злосторствата, извршени над нашите војници меѓу Ниш и Приштина, е Асан Ораховички. Во нетово присуство, а поради учество во војничкиот бунт во Крагуевац, од радовишани, избодени се: Иван Мундев, Коце Сеизов, Ташо Ташев, Христо Филев, Христо Илиев, Крсто Милев, Христо Стефчов и други. Ретко некој од нашите, што учествуваа во бунтот, да се врати дома здрав и жив. Од градот Радовиш учесници во бунтот бевме: Николија Черкезов, Илија Буов, Георги Митрапазов, Георги Витанов, Коце Миндев, Илија ХаџиВасилев, Николија Кашлиев, Сандо (Алвксандри) Кошев, (го викавме Кошевец), роден во штипското село Кошево, Илија Габрешанец, Георги Христов, Снасо Бреслиев, роден во штипското с. Брест, Глигор Гозов, Глигор Генчев, учител, Николија Генчев, учител, Христо Матрапозов, учител и Ристо Пирулинков”.
Иако сведоштвото на Лакавички има огромно историско значење, сепак треба да се одбележи и нешто друго во врска со тоа. Имено, останува нејасно прашањето: зошто во коментарот на Лакавички не се споменуваат имињата на групата војници кои заедно со Сандо Кошев истапиле пред српскиот офицер од стројот и побарале да бидат ослободени од служба во српската армија. Тие војници се: Ангел Андреев, Мило Спиров, Коце Клисаров, Кирил Сармаднов и Иван Пенкин. Во овој коментар не се издвовни и имињата на организаторите на бунтот: Георги Витанов, Георги Христов, Илија ХаџиВесилев, Илија Габрешанов и Миле Кошев. Постои дилема и околу името на главиот организатор Сандо Кошев, кој во еден изворен документ се среќава како Христо Кошев, а во друг извор како Миле Кошев.
Всушност, во сведоштвата на Лакавички се забележуваат истите недостатоци кои се среќаваат и во „Спомените” на светиниколскиот војник Константин Григоров Ангелов, кој, иако во војничкиот бунт во Крагуевац од Овчеполско учествувале над 60 војници, ги опоменува имињата само на: Стојан Манев, Стојко Алексиев, Христофор Веселинов, (се спомнува и во Кочанско), Владе баба Достин, Јордан (Дане) Јосифов, (веројатно станува збор за човек роден во с. Црнилиште), Илија Ордев, Тасе Танев, Ване Бојковски, Гоше Чкров, Пане Христов Неманички и
Тоде Сарчиевски.

Сведоштвата на Ване Гончев и Томе Пилитов од Богданци, Христо Г. Кирилов и Мито Маџаров од с. Стојакаво, Каме Бајлозов и Лазар Чурлинов од с. Пирава, Вангел Стојанов Маџаров од с. Миравци, Саво Т. Јаиев (роден 1887, се уште жив) и други од Гевгелиско и Валандовско, Слични се на сведоштвата на војниците од другите краишта на Брегалничката област, учесници во војничкиот бунт во Крагуевац. Уште на железничката станица во Велес — наведуваат сведоците: „регрутите од нашиот крај се определија на страната на војниците од Штип и Тиквешко кои извикуваа: „Ние сме Срби”. Старешините определени за спровод на регрутите настојуваа што побрзо да не качат во возот и да не однесат во Крагуевац за да не посрбат. Во Крагуевац не пречекаа љубезно. Градот беше украсен со знамиња и испишани паноа за добредојде. Во почетокот не учеа да пишуваме и да читаме. Доаѓаа кај нас во посета свештеници и учители. Офицерите правеа се за да не убедат дека сме Срби. Првата закачка меѓу нас и старешините изби околу плочките за изучување на азбуката, потоа кога не примивме вечера поради мувлосан леб, а на 10 април откажавме да ја прифатиме заклетвата за кралот. Поради инцидентот со заклетвата бевме изложени на тепање, пцости и плуканици. Една вечер Мито Маџаров ни рече: „другари ќе не довршат”. Јас Србин не бивам, ајде да бегаме. Обезбедивме компас и оружје и побегнавме од казармата. Цели 15 дена се криевме во шумите во близина на Сокобања. Ние од планината ги следевме потерите. Немаше да не фатат доколку не не предадеше еден овчар.

Од Стојаково успеа да избега само Мито Маџаров, другите паднавме во заседа што ја предводеше вден кајакар на лотка кој пренесуваше патници од една на другата страна на Морава. По ова не затворија. Штом започна борбата со АвстроУнгарија сите до еден, во искинати одела и боси, не фрлија на првата линија на фронтот. Едии беа убивни, други умреа од последици на тепањето по бунтот од 10 април, трети се поболеа од тифус и тие испомреа. Останавме живи само оние шго успеавме да побегнеме како и оние што преминавме на страната на АвстроУнгарската војска. Од Стојаково побвгнаа 27 души, од Богданци околу 40, од с. Гавато: Георги Кирилов, Андон Попов, а тројца се убиени и ранети. Од с. Богородица над 40 души, од с. Градец над 40 се убиени, од валандово 7—8, од Дојран 6, а имаше и од Николичево, Фурка, Пирава, Марвинци, Балинци, Грчиште, Миравци, Брајковци, Смоквица, Прдејци, Серменин, Ума, Конско и од други места. Многу свет загина и од Штипскиот крај.
Инаку, во војничкиот бунт во Крагуевац учество зеле голем број војници. Истрагата за бунтот траела од 10 април па се до почетокот на I светска војна 1914 година. Во тој период, на подолго и покусо време, низ затворите поминале околу стотина војници — учесници во бунтот и речиси сите тие исчезнале беследно. Но, и од војниците, кои не лежеле затвор, мал број ја преживеале војната. Тие биле испраќани на првата линија на фронтот спрема АвстроУнгарија, каде што ги загубиле животите.
Во прилот на тоа, иако срамежливо, зборуваат и изворните податоци од српски извори. Така на пример, во едно пиомо без број од 10 април 1914 г. пишувано од страна на министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, а упатено до Кабинетот на министерот за надворешни работи на Србија, меѓу другото, се вели: „Застапникот на командантот на Дивизијата мисли дека главната дричина за протестот (бунтот — б. а.) на регрутите во однос на заклетвата се крие во тоа што се наговорени од оние другарирегрути, граѓани на Штип и Кочани, кои порано биле комити во бугарската војска… 30 од нив се затворени. Ниту еден од нив до овој момент не предава никого, ниту од другарите, ниту од граѓаните” .
За овој бунт се расправало и во бугарокото Народно собрание. На 2 јуни 1914 г. во бугарскиот весник „Балканска трибуна” била објавена статијата: „Ѕверствата во Крагуевац”, во која се наведува дека 22 војници учесници во бунтот биле затворени, тепани до смрт поради што и подлегнале на раните”.

Еве што се зборува во еден српски извор за бунтот од 10 април 1914 г.: Регрутите од градовите Кочани и Штип при примањето на заклетвата во градот Крагуевац покажале отворен отпор и антисрпско расположение. Таков однос покажале и регрутите од Прилеп и Стар град Варош, Марковиот град.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ова е дел од трагичната историја на Македонија за која се молчеше 50+ години поради „братството и единството“ кое ни го продаваше Белград кој се обидуваше позади тој слоган да ни наметне „братска љубов“ не само на нас Македонците со србите, туку и на хрватите, босанците и словенците...со распадот на Југославија на сето тоа му падна маската, само поради тоа што кај нас останаа на власт комунистичките струи кои му се поклонуваа на Белград, сеуште се протуркуваше таа „братска србија“ и се цензурираа сите трудови кои збореа токму за српската хегемонија во Македонија и врз македонците.

Редно време е да прекинеме со селективноста на погледите кон историјата, и да ги погледнеме од сите аспекти.

Највеќе боли тоа што денеска има сеуште млади македонци кои чувствуваат отворена љубов кон Белград, со некаков комплекс на пониска вредност...

Тоа мора да се смени и да се застане на страната на својата крв нивната парола, без разлика кој владеел со Македонија:

Македонија на Македонците!
 
B

Borg_Drone

Гостин
Српската пропаганда разжестена и во најподлата своја форма е во втората фаза од делувањето во Македонија. Но и во ова втора фаза српската пропаганда може да се подели на два периоди.
Првиот е пожесток подиректен но и побезуспешен за српската кауза.



Војводата Војиниќ од времето на српски четнички уфрлања во Македонија

- Во ова време српските чети во Македонија се со борбена стратегија кон турските потери од левата страна на Вардар, додека од десната повеќе одеа на тероризирање на населението.

- Ова се вклопи и во поделените сфери со Бугарија, па борбите во “српскиот дел” се вистински и се оди на нејзино “ослободување” од Турците или предизвикување состојба на постојано движење.

- На другата страна пак теророт е со цел да се предупреди другата страна – Бугарија, да не навлегува во интересната сфера на Србија па ова е и некој вид разграничување со територијата на насилие кон населението (како тампон зона).

- Ова фаза на четнички судири и движења не е поволна за српската пропаганда и како и бугарската само ги одвраќаа Македонците од нивните пропагандни цели. Успешна перфидност српската пропаганда ќе достигне нешто подоцна со новата генерација српски пропагандисти кои развија целосно нова стратегија за Македонија.

- Таа стратегија се развиваше по Балканските војни и по I светска војна а целосна кулминација достигна во новото Кралство на СХС. А тогаш дури и старите четнички војводи успешно ја разработија и играа својата роља. Но во што се состоеше српската нова пропаганда?


Од новиот центар Белград на новото кралство СХС стигна и новиот перфиден тип на пропаганда кон македонскиот народ

- Во новата “милозливост и хуманоидност” кон македонскиот народ. Се прекинаа класичните и непотребни жестокости кон Македонците, а се одеше на лицемерно и тивко приближување со инкорпорирање на многу Македонци во служба на новата заедничка држава. Како тоа изгледаше за да се сфати суштината на сето ова се гледа од следниот пример.

- Во село Долгавец – Прилепско, во време на предстојните судири со Србите во I светска војна, Бугарите вршат насилна мобилизација на млади регрути. Овие пак не сакаат да се борат за бугарските мегаломански цели, а при окупација на Македонија од нив и масовно избегнуваат мобилизирање, криејќи се кој како ќе се снајде.

- Бугарите пронаоѓаат 18 регрути кои ја избегнале мобилизацијата од с. Долгавец и бидејќи е масовно избегнувањето регрутација, за пример и страв кон останатите, вршат колеж убивајќи ги сите 18 младинци. Долгавец и целата околина во траор и жал за покосената младеж уште долго ќе останат.

- Србите по зацврстувањето на својата власт од Кралството на СХС, ќе се сетат на овој крвав чин од Бугарите и во с. Долгавец ќе подигнат голем споменик во чест на овие исклани младинци од “злочиначке бугарске руке”. Имињата на сите врежани во мермер и со јуначки стихови од типот “Кад би били вуци они би јаукали, ал су они јунаци и за српство попадали...”. Но неедуцираниот и неписмен народ во она време и услови и онака тоа најмалку го виде уште пак дека во презимињата на сите е додадено “само” по едно – ИЌ.


- Народот го гледа чинот на почитт кон него од едниот фактор – Србите, за разлика од другиот – Бугарите кој го извршил колежот. Уште повеќе се зголемува ова зашто чинот го пеат три попа, фамилиите од загинатите на челни и почесни места и кон кои српската власт посебен респект искажува. Од секоја фамилија вработува по некој, кој полјак, кој чувар, курир и сл.

- Едниот ти го зема најмилото – рожбата, другиот ти го враќа барем во мислите споменот на неа; едниот само бара топовско месо, а другиот те почитува барем јавно, а ти дава и леб на изгладнетите бројни усти во смејството. Има ли поперфидно нешто од овој модел на зафаќање адепти за својата пропаганда?!


- Не е ни чудно што така масовно целата оваа регија со другите села која и родбински е исплеткана да ја почитува новата српска власт. Уште повеќе респектот се зголемува кога и тие како Дебарца или областите кои некој пропагандно ги нарече “Славна Шумадија”, српската власт ги наоружа и со војска ги „штити“ од албанските банди кои дотогаш никој не се обидуваше да ги стави под контрола.

- Сега со операциите од српската војска, тие добија за првпат некаква слобода во секојдневното работење и живеачка и така е за време на речиси целиот српски режим. Колку е длабока и перфидна оваа пропаганда, говори и тоа што до скоро на пазар во Прилеп или било каде ќе дојдеа селаните од с. Долгавец, с. Стровје или др.села, кога ќе ги прашаа другите од каде се по одговорот од нив, неминовен е коментарот на прашувачот “Ах вие сте од Србоманите“!

Србите во приближувањето кон македонскиот народ се користеа и со негово „ослободување“ од арнаутските банди дури и со активирање на војската за што пропагандно ја очекуваа и добиваа „благодарноста“ од народот
- Значи и по толку години, режими и различни системи оваа перфидна пропаганда оставила длабоки поделби во македонскиот народ ако не во друго барем во свеста и секојдневниот говор. За нивна жалост денес македонскиот народ е со некои нови генерации кај кои ваквите приземни форми веќе не поминуваат и се лесно проѕирни. Сепак за некој друг период ја одиграле својата опака мисија.


 
B

Borg_Drone

Гостин
Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.
Господине Министер

Со службен акт Ви праќам со денешната пошта два ексемплари од книгата на Офејков “La Macedoine au point de vue ethnographique, historique et philogique, Philippoli 1888 “, која е побликувана овие денови. Во она писмо Ве молам за исплата на сметката.

Како што таму сум назначил, писател на книгата е Шопов, секретар на овдешниот бугарски ексархат, кој и инаку во меѓународниот печат се бори за етнографски бугарски права во Македонија. Ги следев повеќе пати натписите со ова име потпишани во пештанскиот “Revue de l`Orient“ во полемиката со г.М.Бан.

Со книгата е препечатена Лежановата етнографска карта на Балканскиот полуостров, печатена ми се чини, уште пред 20 години. Кога ќе ја погледнете подобро, лесно ќе се уверите, дека во основа и се оние граници, кои се едно време поставени за граници на бугарскиот ексархат, а кои потоа се покажаа во границите на познатиот Сан-Стефански мир.

Истата книга овие денови од книжарницата е пратена на сите овдешни странски претставници. Имав прилика да забележам, дека овдешниот англиски и австриски пратеник се сомневаат, дали во издавањето на таа книга во овој миг нема руски прсти.
[/color][/b]За тоа мнение би се нашла една причина за тоа, што навистина сиот Ексархат се движи во руски води, и ако иако смирено и со голема умереност, но од друга страна во македонските работи Бугарите не знаат за партиски делби, и многу сложно работат. Заради тоа кај нив погоре споменатата книга се прима со еднаква љубов на секаде.Колку што можев да забележам, меѓу првите на неа почна да обраќа внимание новиот полуофицијален Софиски весник “La Bulgarie“, кој некои места во целина ги препечатува.

Заради тоа јас мислам, во нашите должности кон оваа појава не можеме да се раководиме од политички опортунизам заради нашето гледиште по прашањето за независниот развој на балканските држави, туку дека би требало нешто и од наша страна да се прави и бранат етнографските права, бидејќи ни инаку за нашето гледиште во главното политичко прашање нема и не може да има сомнение. Јас од своја страна со денешната пошта пратив еден ексемплар од таа книга на претседателот на друштвото “Св.Сава” и г. Св.Николаевиќ, а другиот на географот г. Вл. Кариќ во намера да им обратам внимание. Одговор или слична објективна книга за нашите етнографски права треба да се изработи на француски. На оној кому би можело да се даде француската обработка, би требало повеќе од нив да му дадат материјали и мисли, секој по својата струка, зашто доказите во наша корист мораат да се собираат од разни полиња, како : од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традицијата, од географската позиција на оние предели кон српските земји.

Не ја пропуштам оваа прилика да напоменам, дека пред неколку дена англискиот пратеник г. White ми говореше, навистина патем, дека би било добро да ние и Бугарите меѓусебно се договореме за Македонија,па за тоа да нема борба. Договорот би требало да гласи : да и од наша и од нивна страна во сите тие делови се поддржува политички status quo, т.е турска управа, додека не би дошла прилика да за тоа се зборува. Г. White сакаше да знае до каде се нашите етнографски граници, но немајќи ги картите при себе, остана тоа прашање за друг пат. Потоа говореше, дали ние би трпеле бугарски епископ во Скопје. Јас кажав, дека тоа за нас е апсолутно невозможно, и тоа не само за Скпје, туку и за цела Македонија, дека јас овде секогаш и во секоја прилика против тоа станував најенергично, да за тоа сме согласни и со Грците и со патријархот, и да имаме и други начини, да работеме против тоа. Претпоставувам, дека Бугарите нешто прашувале на таа страна, па заради тоа може да влегло и она прво прашање во разговорот. Повеќе ништо не е говорено во таа прилика.
[/b]
Со најодлично почитување Вашиот Ст. Новаковиќ

Пратеништвото на Кралството Србија во Цариград

Пов. Бр. 42
30 јануари 1888 година
во Цариград

( Оригинал – Архив Србије, МИД ПО ф.I, досие II. Пов. Бр. 22 / 1888 )
 
B

Borg_Drone

Гостин
По се изгледа некој не го разбрал добро писмото на Новаковиќ..

„Бидејќи бугарската идеја како што ни е на сите познато фати длабоки корени во Македонија јас смеатм дека е скоро невозможно да се поколеба изнесувајќи ја наспроти само српската идеја. Таа идеја се плашам не би била во состојба како чиста и гола спротивставеност да ја потисне бугарската идеја и заради тоа на српската идеја од помош ќе и е некаков сојузник кој би бил ОСТРО ПРОТИВ БУГАРИЗМОТ, А КОЈ БИ ИМАЛ ВО СЕБЕ ЕЛЕМЕНТИ КОИ НАРОДОТ И НАРОДНИТЕ ЕМОЦИИ МОЖАТ СО СЕБЕ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ отцепувајќи го од бугаризмот. Тој сојузник јас го гледам во МАКЕДОНИЗМОТ или во извесни мудри граници обележено негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ. Опасности во овие операции за српската идеја нема никакви за тоа, оти Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите во оној час би му помогнал на србизмот штом бугаризмот се одвои и со истото би се помешал...“
Од ова се гледа дека и Новаковиќ е свесен за непомирливоста на македонскиот народ со бугаризмот за што и вели она за што е свесен : "НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ".


"НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ".
(Или со еден збор....Македонизам ВЕЌЕ ПОСТОЕЛ, постоеле МАКЕДОНЦИ, не биле ИЗМИСЛЕНИ......А Божо....многу ЛАЖЕ!
Како може инаку штотуку роден Македонизам одма да биде спротиставен(и тоа МНОГУ СПРОТИСТАВЕН) на Бугаризмот??)





Се поставува прашањето за бугарските пропагандисти - Зошто би бил македонизмот толку во непомирлива позиција со Бугарите и нивните тенденции за бугаризација на Македонија , ако се си Македонците "Б`лгари по род"?!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.809
Поени од реакции
5.470
Вака една работа..Како што кажуваат постарите, нам под српско не ни било ниту малку поарно од турско,бугарско итн..Мој прадедо е убиен од сврбите, поради тоа што се викал Србин..Си одел прадедо ми од напазар и го запреле сврбите и отприлика вака се одвивал разговорот:

српскиот џандар:Како се зовеш?
пра пра дедо ми:Србин...
српскиот џандар:Па сви смо ми срби, ти како се зовеш...
пра пра дедо ми:Србин се викам...
српскиот џандар:Јер сам ти рекао..Сви смо ми срби, ти како се зовеш...
И настанала препирка, по која дедо ми на крајот е убиен, мислејќи дека си игра мајтап со србите...Како прво, неговиот кум не знам што мислел на Македонец да му дава такво име,..Затоа мислам дека србите не се ништо подобри од грциве и бугариве..
 
N

n/a

Гостин
Вака една работа..Како што кажуваат постарите, нам под српско не ни било ниту малку поарно од турско,бугарско итн..Мој прадедо е убиен од сврбите, поради тоа што се викал Србин..Си одел прадедо ми од напазар и го запреле сврбите и отприлика вака се одвивал разговорот:

српскиот џандар:Како се зовеш?
пра пра дедо ми:Србин...
српскиот џандар:Па сви смо ми срби, ти како се зовеш...
пра пра дедо ми:Србин се викам...
српскиот џандар:Јер сам ти рекао..Сви смо ми срби, ти како се зовеш...
И настанала препирка, по која дедо ми на крајот е убиен, мислејќи дека си игра мајтап со србите...Како прво, неговиот кум не знам што мислел на Македонец да му дава такво име,..Затоа мислам дека србите не се ништо подобри од грциве и бугариве..
А колку за информација...
оваа приказна сум ја чул минимум десет пати до сега и тоа на различни делови у Македонија.
Значи има две можни варијанти:
-Или некој ја присвојува оваа историја за својот дедо (сакам да кажам лаже)
-Или у тоа време името Србин било многу популарно и секој трети во Македонија така се викал (за што рака на срце нема доказен материјал).
:toe:
Чајре?
Кое од двете?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom