Да имавме притисок од Србија да менуваме перцепција за самите себеси, со сигурност ќе се зборуваа за тие книги многу повеќе него денеска. Меѓутоа тие си имаат одавно откажано от претензији така да нема потреба. Денеска сме пријатели.Србскиот сателит на Балканот сеуште нема расчистено со овој мрачен период од историјата заради нели 'мир у кучи'. Ами веќе триесет години откога не сме во иста држава. За каков мир сега сеуште нема никој направено било каква анализа или книга во врска со овој период?
Турците не толчеле повеќе од 5 века, никој не зборува веќе за тешките колежи. Порано сите нардони песни беа со клето Турче. Денеска сме најголеми пријатели.
Со Албанците имаме проблеми и историја на конфликти. Но немаме идентитски проблем. Не би рекол дека сме приатели, ама соработуваме некако, посебно на ниво на елитите во сектор клептократија.
Спорот со името со Грција е најблиску што го имаме со вас. Бидејки задира во самоидентификација. Сепак беше каде каде помал спор. Се реши на насилен начин, со уценети политичари и рушење на она малку репутација на сите институции во Македонија. После 30 години. Сепак, никој не зборува за разни грчки зулуми, луѓето си одат таму на море секоја година.
Луѓето многу ретко зборуваат за историја ако нема директна врска со што се случува во сегашноста. Ние се гледаме себеси, нашите родители, нивните родители на еден начин. Вие цело време трубите мора да сменете како гледаме на себеси и нашите претци. И при тоа користете членство на ЕУ да ни ја виткате раката.
Во таква ситуација небитно е што други има направено во минатота ако немаме проблем со нив во сегашноста. Во спортивно, секое влакно смета..