Македонија под српска окупација

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Колку сакаш претставувај се како Македонец, ама тоа што не знаеш македонски правопис и се секираш за споменикот, нешто за што се засекирааа буквално сите националисти од Бугарија, автоматски те издава дека си блгарче (y)
Зошто?

Затоа што велам србски а не српски?

Тоа е мој личен избор бидејќи не се согласувам со тоа правило во македонскиот правопис.

Јас не се согласувам и со многу други правила, па и со азбуката по пример на караџицата.

Наi добро би било ако азбуката беше истата онаа со коiа се служел самиот Кр'сте Мисирков при пишуваньето на 'За Македонцките Работи'.
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2

Блаже Конески му е роднина на Бабунски,а знаеме дека Бабунски е великосрбски четник.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Мислам дека претеруваш малку со мислењето дека мнозинството Македонци се србомани. Олабави малку, го заболе некој за Србија. На многу народ им е антипатична Србија баш заради србоманите со нивниот комплекс на нижа вредност, a не дека имаат нешто против Србија.

Инаку за споменикот според соопштение член на семејството на Скочивирчето побарал дозвола од црквата да го измени првичниот текст.
Што знам, најголем дел од животот го поминав овде и убаво знам каква е атмосферата во општеството и јавноста.
Токму поради тоа и можеби станав про-бугарски ориентиран бидејќи природно застанувам секој пат на страната на послабиот.

Ако ме прашуваш, ние Македонците како народ секогаш ќе бидеме десеткувани и од Србите и од Бугарите токму поради словенскиот ни јазик.
Автоматски споено мислење:

Блаже Конески му е роднина на Бабунски,а знаеме дека Бабунски е великосрбски четник.
Мислам дека беше на Глигор Соколовиќ не на Бабунски. Но да во право си, има таква четничка врска во семејната историја на Блаже Конески.
Самиот тој Конески зборувал на србски со луѓе од струмичко и гевгелиско за време на студиите во Белград бидејќи како што рекол 'Тешко ми беше да го разберам гевгелискиот дијалект'.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.373
Зошто?

Затоа што велам србски а не српски?

Тоа е мој личен избор бидејќи не се согласувам со тоа правило во македонскиот правопис.

Јас не се согласувам и со многу други правила, па и со азбуката по пример на караџицата.

Наi добро би било ако азбуката беше истата онаа со коiа се служел самиот Кр'сте Мисирков при пишуваньето на 'За Македонцките Работи'.
Среќа што ти се прашуваш за нешто, а не професионалните лингвисти кои немаат политичка мотивација зад своите мислења.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Зошто?

Затоа што велам србски а не српски?

Тоа е мој личен избор бидејќи не се согласувам со тоа правило во македонскиот правопис.

Јас не се согласувам и со многу други правила, па и со азбуката по пример на караџицата.

Наi добро би било ако азбуката беше истата онаа со коiа се служел самиот Кр'сте Мисирков при пишуваньето на 'За Македонцките Работи'.
А и да си Бугарин тоа е некоја срамота?

И оваа книга замисли, го опфаќа периодот од три години само, помеѓу 1912 и 1915. Ами што правиме од 1915 па се до 1939?

Србскиот сателит на Балканот сеуште нема расчистено со овој мрачен период од историјата заради нели 'мир у кучи'. Ами веќе триесет години откога не сме во иста држава. За каков мир сега сеуште нема никој направено било каква анализа или книга во врска со овој период?

Пред извесно време Србите дигнаа ука бука замисли, заради тоа што некој се дрзнал да ги сквернави сликите на србските цареви во црквата. А ако не грешам, мислам дека некаде прочитав дека баш тие фрески се настанати во периодот за време на србската окупација помеѓу двете светски војни. Нормално, сателитот експресно ги врати фреските во првичната состојба. За време на Паја Патак дури и се направи грандиозен споменик во чест на србската победа во битката на Брегалница. А па да не зборувам за споменикот на Кајмакчалан кој е од поодамна. Иако овие споменици означуваат едно мрачно минато и окупација. Сателит по мерка.

Баш ме интересира сега со споменикот од битолско во врска со загинати војводи и комити кој некој се дрзнал да го уништува и да го изменува првичниот текст, дали ќе се врати првичната состојба на споменикот или ќе се продолжи со фалсификатите?
И тоа дадов само неколку примери, сигурно преку 1000 првенци, учители, монаси и свештеници се убиени во месеците дури и пред да почне втората балканска војна. Партали е правено тука.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
А и да си Бугарин тоа е некоја срамота?

И тоа дадов само неколку примери, сигурно преку 1000 првенци, учители, монаси и свештеници се убиени во месеците дури и пред да почне втората балканска војна. Партали е правено тука.
Па овде нормално дека е бидејќи не сме од Марс паднати а сме родени и сме живееле овде и знаеме како е, што е. Меѓутоа тоа е вековно набивање комплекс, не е од пред сто години и не е стрикно сврзано со Србите.

Србите имаат доста крвави раце овде.
Најжалното е што некои Македонци сеуште веруваат дека Србите не ослободиле од 'турско робство' хаха.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Па овде нормално дека е бидејќи не сме од Марс паднати а сме родени и сме живееле овде и знаеме како е, што е. Меѓутоа тоа е вековно набивање комплекс, не е од пред сто години и не е стрикно сврзано со Србите.

Србите имаат доста крвави раце овде.
Најжалното е што некои Македонци сеуште веруваат дека Србите не ослободиле од 'турско робство' хаха.
Искрено не познавам некои такви дибидуси што мислат така. Само проблемот е што некако се после тоа е како заборавено или како да не се случило. За пример види чествувањето и спомениците што 12 младинци од Ваташа го имаат, а што имаат 550те жртви од Тиквешкото востание. Друг пример ми е чествувањето на Брегалничката битка, ајде поклон пред жртвите и дозволување на српската страна да си ги чествува загинатите е нормален цивилизациски чин. Арно ама македонската страна да дава поклон, кога на другата страна стојат сите Комити и ополченци е ненормален блам и комплекс на пониска вредност. Барем да викнеле и претставник од бугарска страна, па сите заедно да дадат почест на секоја жртва, овие дибидусиве се поклонуваат на тие што им се бореа против дедовците,а дедовците си ги заборавија.

Дали тоа е продукт на незнаење или свесно игрнорирање не знам, но е страшно фрустрирачки и понижувачки.
 
Член од
16 август 2018
Мислења
385
Поени од реакции
510
Да ни се качува Вучич на таквото како Радев, Захарива итн. на пример и те како српските злостори ќе беа на тапет. Тоа ти доаѓа како природен рефлекс, бугарчиња ти се качуваат на таквото, се потсеќаш на нивните колежи, србите си ќутат, не те гибаат, не ти се билда негативна енергија спрема нив.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Радев и Захариева криви што не си ја знаете историјата? Мора некоја нација да е на тапет за да си ги чествуваш достојно жртвите од национализмот на истата?

edit Личи ли пример градоначелник и тоа од ВМРО ДПМНЕ да оди да се поклонува и обележува српските жрвти и победа како свои кај Брегалница додека на другата страна учествуваат најмалку 13-14.000 Македонци од Македоно-Одринското опочение? Барем една плоча некој да им поставеше, таму гинеа Илинденци, комити, војводи и др. за после тоа некој да се поклонува на нивните непријатели.

Во Ваташа каде е да има посебен споменик за 45те Ваташани убиени 1913та? Тука ни Бугарите, ни Србите не се криви. Македонецот сам си е крив. Во Валандовско има цела костурница на српските војници,а некој да ставеше една полчичка за учесниците во Валандовската афера? Еден од нејзините организатори е братот на Гоце Делчев, а противниците негови имаат толкаво здание.
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.472
Поени од реакции
4.648
Абе сите сте за во една дупка да ве закопаме се да ви ебам српско и бугарско. Таму под земја расправајте се дали сме биле татари или срви, ние рает да сме конечно.
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2
ок.
Автоматски споено мислење:

Тачно, што тепал Бугари истиот е терорист, додека Александров што бил уште по брутелен што тепал Срби имате улици по него колку сакате... и да имате милион улици на Бугари како Димитар Влахов, браќата Миладинови, Гоце Делчев... важно Бабунски сметал и тоа во Београд...
Автоматски споено мислење:

Кнез Павле, склучил таков договор со Хитлер каде што овој вториот ја гарантирал неутралноста на Југославија, без да влегува во Југославија, ниту па да служи Југославија за префрлање на трупи во било кој правец, значи и Евреит биле безбедни... но се случува 27 мартовскиот пуч под покровителство на Британска тајна служба и остнато е добро познатаа историја.

Исто така во тој момент на Хитлер му треба то договор, што не значи дека би го поштувал во иднина.
Кажују му на еднога србина дека сам шоп и он ми вика дека ми смо биле големи србо кољачи.Разбирам зашто баба ми не ги сакаше ни срби ни бугари.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Радев и Захариева криви што не си ја знаете историјата?
Што има врска историјата со денешниов однос Македонија-Бугарија? Тука е едноставно, ми се може ќе те дупам!
Да беше до сториските моменти, може и ќе имаше разбирање!
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Пред извесно време Србите дигнаа ука бука замисли, заради тоа што некој се дрзнал да ги сквернави сликите на србските цареви во црквата. А ако не грешам, мислам дека некаде прочитав дека баш тие фрески се настанати во периодот за време на србската окупација помеѓу двете светски војни. Нормално, сателитот експресно ги врати фреските во првичната состојба. За време на Паја Патак дури и се направи грандиозен споменик во чест на србската победа во битката на Брегалница. А па да не зборувам за споменикот на Кајмакчалан кој е од поодамна. Иако овие споменици означуваат едно мрачно минато и окупација. Сателит по мерка.
А што според тебе е уреду да се сквернават фрески па и од кого и да се, инаку ако го знаеш овој факт сигурен сум и дека знаеш за кој манастир се работи, исто така сигурен сум и дека азнаеш дека манаастирот не е направене помеѓу двете светски војни, туку уште во 19 век, а сигурен сум и знаеш од кого е нааправен... инаку до тој манастир на 10 метри има стара црква задужбина на краља милутина, исто такој да брука још бидне поголема фреските од српските великаши беа преименувани, а во просторијата до манастирот се продаваше книга за манастирот во која убаво пишува кој е на фреските и кога е изграден, тоа беше брука од големи раазмери а само една телевизија го пренесе тој скандал, беше пуштено и кривична пријава, но нормалано исход на истата не се знае после толку време.

И да, тие фрески, цркви, митови, обичаи... го дефинираа и го одржуваа како таков овој народ 5 века под турско, да не беа тие сега вероватно ке се клањавме во џамија.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Што има врска историјата со денешниов однос Македонија-Бугарија? Тука е едноставно, ми се може ќе те дупам!
Да беше до сториските моменти, може и ќе имаше разбирање!
Историјата е целиот спор помеѓу Бугарија и Македонија.
Јас не ти велам да славиш Бугари,слави си ги барем претците или не се клањај на нивните противници. Ополчението не си го знаете, 11та Македонска дивизија и др. Една плоча или гроб да се наредеше. Тука веќе ни Србија ни Бугарија се криви.

А што според тебе е уреду да се сквернават фрески па и од кого и да се, инаку ако го знаеш овој факт сигурен сум и дека знаеш за кој манастир се работи, исто така сигурен сум и дека азнаеш дека манаастирот не е направене помеѓу двете светски војни, туку уште во 19 век, а сигурен сум и знаеш од кого е нааправен... инаку до тој манастир на 10 метри има стара црква задужбина на краља милутина, исто такој да брука још бидне поголема фреските од српските великаши беа преименувани, а во просторијата до манастирот се продаваше книга за манастирот во која убаво пишува кој е на фреските и кога е изграден, тоа беше брука од големи раазмери а само една телевизија го пренесе тој скандал, беше пуштено и кривична пријава, но нормалано исход на истата не се знае после толку време.

И да, тие фрески, цркви, митови, обичаи... го дефинираа и го одржуваа како таков овој народ 5 века под турско, да не беа тие сега вероватно ке се клањавме во џамија.
Манастирот е граден во Византиско време, па напиштен и возобновен во турско. Има таму една црква дигната од Милутин врз темелите на постара црква, а најзначајните и најстарите нејзини икони зачувани во истата ги има цртано бугарски зограф од Бугарија.

Манастирот го возобновува познатиот градетел Андреја Дамјанов од велешко за кого немаме никакви докази за неговата етничка припадност. Единствено нешто е дека неговиот син е бугарски офицер и врховист. За возобновување на манастирот даруваат Дубровчани кои спомнуваат дека даваат на милост на бугарски манастир св. Јоаким. И сега кај е тука српството од памтивека?
 
Сега сум на работа немам време да ти одговорам соодветно, но поентата е во турско кога дојдеш да се молиш во црква знаеш дека е задужбина на краљ милутин, потоа прават нов манастир во 19 век во кои на фрески го има цар лазар и душан мислам беше и свештеникот ти објасни ова се тие и тие, а не хан аспарух или цар самуил... еве замисли се во тоа време не школуван си, једино православието те одржува тоа што си и секоја недела одиш на литургија во таква црква со такви фрески со кого ке се идентификуваш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom