Македонија под српска окупација

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Сега сум на работа немам време да ти одговорам соодветно, но поентата е во турско кога дојдеш да се молиш во црква знаеш дека е задужбина на краљ милутин, потоа прават нов манастир во 19 век во кои на фрески го има цар лазар и душан мислам беше и свештеникот ти објасни ова се тие и тие, а не хан аспарух или цар самуил... еве замисли се во тоа време не школуван си, једино православието те одржува тоа што си и секоја недела одиш на литургија во таква црква со такви фрески со кого ке се идентификуваш?
Фреските се од СХС. ;)

Црквата рајата нити има поим кој ја дигнал и зошто. Интересно како сепак 90% од тој народ го напушта вековното си српство кое така милно го чува низ црква, легенди и преданија и никогаш не му се навраќа, па ни тогаш кога е во српска држава.

Инаку манастирот е со векови запуштен пред да се возобнови со работа на бугараши, така да кажувај ми бајки за Милутин и Обилиќ.

п.с Во секоја од црквите има десетици светци и мотиви неповрзани со било што световно, ама битно фреска на Милутин или Душан ќе те направи Србин. Се фаќаш за сламки Пикса, многу тенки сламки.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Фреските се од СХС. ;)

Црквата рајата нити има поим кој ја дигнал и зошто. Интересно како сепак 90% од тој народ го напушта вековното си српство кое така милно го чува низ црква, легенди и преданија и никогаш не му се навраќа, па ни тогап кога е во српска држава.

Инаку манастирот е со векови запуштен пред да се возобнови со работа на бугараши, така да кажувај ми бајки за Милутин и Обилиќ.
Како бе нема, што проповедале тие попови тие биле и најучени во тоа време, сигурно гледаш фрески и би се запрашал чекај бе кои се овие... инаку дали тој народ го напушта српството што знам дискутабилна работа и за тоа е дискутирано, ако планираш пак да ми вадиш пописи од егзархијата како једина дозволена црква уреду е тогаш.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Како бе нема, што проповедале тие попови тие биле и најучени во тоа време, сигурно гледаш фрески и би се запрашал чекај бе кои се овие... инаку дали тој народ го напушта српството што знам дискутабилна работа и за тоа е дискутирано, ако планираш пак да ми вадиш пописи од егзархијата како једина дозволена црква уреду е тогаш.
Зошто упорно одиш со невистинито тврдење дека Егзархијата е единствена дозволена црква? Мислам, лесно проверлив факт е тоа. Ако беше единствена дозволена црква немаше патријаршијата воопшто да продолжи да постои. Патријаршијата не исчезнува, но кога се воспоставува Егзархијата губи повеќе од 90% од верниците. Simple as that.

Али ајде, ете погледни ги околните села се Егзархијски села, нема ни обид за повраќање на патријашријата, а селата давале и ополченци што се бораат против Србија. Кај да се најдеше еден четник од околината на манастирот да е роден и растен.

Свештенството е анационално, од српското во среден век останува една голема 0. Штовише, самиот манастир едвај се крепи со донации од странство во тој период. За османско време има периоди кога нема монаси. За пример дури на почеток на 20ти век во 1900та година има само 1 монах, а мислам дека околу еден цел век е напуштен кога и коските на св. Јоаким Осоговски исчезнуваат.

Црквата е најголем период во склоп на Охридската Архиепископија. Која и каква е таа црква е дискутабилно, но со сигурност можеме да тврдиме дека нит Св. Сава, а уште помалку Душан, Обилиќ и Мултуин биле теми на разговор. Не се секирај, имало и народ и цивилизација и религија и пред Душан и Миутин во Македонија, а богами има и после. Не започнала историјата 1283та.
 
Абе другар, имаш конкретни примери како функционирала Егзархијата како единствена црква дозволена од портата... рецимо во околина на Куманово имаш две села кои се викаат Старо и Младо Нагоричане, во едното имаш Црква од Краљ Милутин изградена 1313 на која при влезот пишува црквата ја подигнува ради тоа што „краљ сербски изби турке...“, со потпаѓањето под турско после косовски бој и под руско влијание дозволувањето на Егзархија од Портата доаѓаат во овие две села бугари кои на луѓето ги поткопуваат со функција ( односно ги прават попови, ако се приклучат кон Егзархијата) во Младо Нагоричане тоа до некаде дава плод бидејќи немаат црква во која може да им се објасни кои се и какви се, во Старо Нагоричане не дава плод Егзархиската агенда од причина што тие имале црква во која се молеле и знаеле од кого е направена и зошто е направена... ова е сведочење на живи луѓе кои можеби се сеуште живи... епа овој пример пресликај го и на други места, рецимо зошто Егзархијата од еднаш толку пораснала... и да сега во тоа исто село Младо Нагоричане имаш повеќе фамилији кои ги викаат „поповци“, баш ради примерот како погоре.
 
Аха значи црквата таму го одржа српството, а сиротите Младо Нагоричанци што имаат 2 цркви од турско време ги направи бугараши. Како тоа на ниту една покасна црква од српско нема српски мотиви не е јасно, но приказнава има смисла особено ако знаеме дека историјата на Кумановско и човечкото наслеување негово почнуваат 1313 година или нешто пред тоа.

Факт е дека Патријаршијата не е избркана од тука и самиот факт што во Старо Нагоричане продолжува да опстојува истата и селото (о)станува српско говори во прилог на тоа. Тоа што вие си правите филмови за неписмено население што чита фрески и фантазира за некакви српски цареви затоа што ја прифативте таа приказна да станете национално Срби е друг муабет. Тоа екстремно тешко можеш да го пресликаш било каде на друго место во Македонија.

p.s Дај ги тие живи сведоци на Гинис за најстари луѓе на планетава да сведочат за настани од пред 100-150 години.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Историјата е целиот спор помеѓу Бугарија и Македонија.
Јас не ти велам да славиш Бугари,слави си ги барем претците или не се клањај на нивните противници. Ополчението не си го знаете, 11та Македонска дивизија и др. Една плоча или гроб да се наредеше. Тука веќе ни Србија ни Бугарија се криви.
Јалнаш си, Бугарија во моментов ја користи својата верзија на историја за обезличување на Македонскиот идентитет! Да беше историјата проблем ќе тргневме од самите нејзини почетоци, а богами ќе беше предмет на разговор и периодот после ВСВ. Па тука ќе се поставеше историско прашање, која ламја ги голтна сите Македонци во Пиринска Македонија? Не е историјата друже, таа е параван, позади тоа се кријат педерски интереси, како на поголемите, така и на нивниот слуга Бугарија. Само ова личи на спор на два црви у кенеф, кој повеќе гомна ќе изеде. Хрватска и Словенија се натпреварувале кој ќе биде собар а кој коњушар на царот, ние со бугарите испаднавме најдолен вид на слуги :sramezliv:
Што се однесува до славењето и спомениците, ако ополчението било сметано од народот како свое и ќе го славел, не оставал ти и штипјанецот да покренувате иницијатива.
П.С. Колку за твое инфо: Користејќи го називот на селото, Србија во спомен на династијата Немањичи има изградено манастир до нашето село, од толку "силно" прифаќање и славење, камен на камен нема останато од него.
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2
Аха значи црквата таму го одржа српството, а сиротите Младо Нагоричанци што имаат 2 цркви од турско време ги направи бугараши. Како тоа на ниту една покасна црква од српско нема српски мотиви не е јасно, но приказнава има смисла особено ако знаеме дека историјата на Кумановско и човечкото наслеување негово почнуваат 1313 година или нешто пред тоа.

Факт е дека Патријаршијата не е избркана од тука и самиот факт што во Старо Нагоричане продолжува да опстојува истата и селото (о)станува српско говори во прилог на тоа. Тоа што вие си правите филмови за неписмено население што чита фрески и фантазира за некакви српски цареви затоа што ја прифативте таа приказна да станете национално Срби е друг муабет. Тоа екстремно тешко можеш да го пресликаш било каде на друго место во Македонија.

p.s Дај ги тие живи сведоци на Гинис за најстари луѓе на планетава да сведочат за настани од пред 100-150 години.
Имало е едн град Канарево и у Самоилово време и бија под охридску архиепископију.
Автоматски споено мислење:

Јалнаш си, Бугарија во моментов ја користи својата верзија на историја за обезличување на Македонскиот идентитет! Да беше историјата проблем ќе тргневме од самите нејзини почетоци, а богами ќе беше предмет на разговор и периодот после ВСВ. Па тука ќе се поставеше историско прашање, која ламја ги голтна сите Македонци во Пиринска Македонија? Не е историјата друже, таа е параван, позади тоа се кријат педерски интереси, како на поголемите, така и на нивниот слуга Бугарија. Само ова личи на спор на два црви у кенеф, кој повеќе гомна ќе изеде. Хрватска и Словенија се натпреварувале кој ќе биде собар а кој коњушар на царот, ние со бугарите испаднавме најдолен вид на слуги :sramezliv:
Што се однесува до славењето и спомениците, ако ополчението било сметано од народот како свое и ќе го славел, не оставал ти и штипјанецот да покренувате иницијатива.
П.С. Колку за твое инфо: Користејќи го називот на селото, Србија во спомен на династијата Немањичи има изградено манастир до нашето село, од толку "силно" прифаќање и славење, камен на камен нема останато од него.
Не викав за џабе за дом спремни сс метле.
 
Последно уредено:

Спорот е историјата и обидот на Бугарија да ги залечи раните од нејзе бидејќи Бугарија после долго време во моментов е на победничката страна.

Што се однесува од ополчението, зошто тогаш се слават неговите индивидуални припадници Протогеров, Александров, Чакаларов, Христо Силјанов, Георги ПопХристов, Ефрем Чучков и другите ако не е сметано од народот ко за свое? Зошто од скоро секое село имало по неколку ополченци, сите тие некакви предавници ли биле? Не, туку во Македонија веќе со генерации се гради и гаи култура на заборав на работите од пред НОБ, особено ако тие се по некој начин поврзани со "најголемиот и суштинскииот враг" на македонизмот - Бугарија.
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
6
Поени од реакции
2
Мајка Русија е сакала да ги направи Бугарија и Македонија , Зад дунавска и Беломорска губернии.Тој е била оригинална цел на Сан Стефански мировен договор.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Како бе нема, што проповедале тие попови тие биле и најучени во тоа време, сигурно гледаш фрески и би се запрашал чекај бе кои се овие... инаку дали тој народ го напушта српството што знам дискутабилна работа и за тоа е дискутирано, ако планираш пак да ми вадиш пописи од егзархијата како једина дозволена црква уреду е тогаш.
Егзархијата не е единствена дозволена црква на територија на Македонија, еве јас потекнувам како и поголемиот дел стари струмичани од патријаршиска фамилија која не била со егзархијата, тука конкретно на пример егзархијата нема црква се до 1909/12 година кога завршува градењето на црквата Свети Кирил и Методиј.
Српското влијание било доминантно Азотско, Поречјето, Тетовско и Скопска Црна Гора, а и интересот кон српската црква е минорен кај населението кое било претежно Егзархиско и Патријаршија кои и воделе битки, каде што имаш случаеви верници на првите станале унијати да не потпаднат под вторите, а овие па оделе во протестанти да не бидат под првите.

Една работа која не ми е јасна што барат фрески на владетели во цркви, тие не се светци и нема што да бидат цртани во цркви, тоа исто сега да цртат кутлеши и антички владетели кои допирни точки немат со христијанството (а мислам и беа цртани), како што на фреска беше цртена фамилија на еден бизнисмен кај нас, за мене тотално недопустливо како православен христијанин.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
А што според тебе е уреду да се сквернават фрески па и од кого и да се, инаку ако го знаеш овој факт сигурен сум и дека знаеш за кој манастир се работи, исто така сигурен сум и дека азнаеш дека манаастирот не е направене помеѓу двете светски војни, туку уште во 19 век, а сигурен сум и знаеш од кого е нааправен... инаку до тој манастир на 10 метри има стара црква задужбина на краља милутина, исто такој да брука још бидне поголема фреските од српските великаши беа преименувани, а во просторијата до манастирот се продаваше книга за манастирот во која убаво пишува кој е на фреските и кога е изграден, тоа беше брука од големи раазмери а само една телевизија го пренесе тој скандал, беше пуштено и кривична пријава, но нормалано исход на истата не се знае после толку време.

И да, тие фрески, цркви, митови, обичаи... го дефинираа и го одржуваа како таков овој народ 5 века под турско, да не беа тие сега вероватно ке се клањавме во џамија.
Иако веќе ти одговорија еве и јас.
Манастирот Св. Јоаким Осоговски е изграден пред доаѓањето на Србите во Македонија при крајот на 13ти и почетокот на 14ти век. Значи манастирот не е изграден од србски цареви и владетели иако истите можеби извршиле одредени реставрации врз истиот.
Но самото цртање на фрески на србски владетели во манастирот и тоа во поново време, т.е србска окупација, кога името Македонија било забрането а оваа територија била наречена Вардарска Бановина е одреден вид сквернавење на самиот манастир.

Е сега, не се правам дека ги знам сите обичаи на сите Македонци и ја знам целата етнографија и етнофолклор на Македонија, но можам да ти кажам дека од таму од каде што потекнувам нема ни с од некакво србство а уште помалку дека сеќавањето на некакви србски кралеви, митови и косовски битки го одржале во живот населението. Сум слушнал сторија во врска со само еден 'србски' владетел, Крали Марко. Е сега, зошто Крали Марко е опеан во фолклорот а нема ни помен во врска со Волкашин, Углеша, Цар Душан, Константин Дејанович, Јован Оливер и многу други србски владетели кои владееле овде, па ниту за некакви косовски битки, е прашање кое секој што претендира кон македонскиот народ како србски треба да си го постави. Ако народот навистина се идентификувал со србството тогаш би требало барем да наследи дел од србските митови и сеќавања во врска со средновековната србска држава и голем дел од владетелите а не само за Крали Марко. А да не зборувам за тоа дека култот кон Св. Сава овде воопшто и да не е застапен и самиот бледнее во споредба со други светци кои овде се многу по почитувани за разлика од Св. Сава додека ситуацијата кај србскиот народ е обратна.

Од друга страна пак, некои народни обичаи и традиции како Сурва или носењето на мартинки на пример се застапени овде, но и во Грција, Бугарија, Романија но не и во Србија. Русалиските игри и танци кои биле доста атрактивни во минатото исто биле застапени и во Грција, Бугарија но не и во Србија.

Дури и мелосот на самите песни овде е сосема различен од србскиот па дури и застапеноста на некои инструменти (кавал, гајда) е во сосема спротивност од тоа при Србите (гусли).

Иако во делот од Македонија од каде што потекнувам славата не е застапена, таа со ништо не го дели народот на Срби или Бугари бидејќи дури и во деловите каде славата е застапена, именденот исто така се празнува.

Така да, не знам за какво србство би се зборувало кај Македонците кога обичаите, традициите, мелосот, народните танци, носијата итн. имаат поинаква димензија за разлика од србската.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Треба да се отвори тема и за грчката окупација на Македонија.Нивните злосторства против Македонците од Егејска Македонија ги засенуваат и на бугарските и албанските фашисти заедно.Па никој нив не ги нарекува фашисти.Такво етничко чистење не извршиле ниту Срби ниту Бугари.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Инаку кога станува збор за фрески сега читам за Полошкиот манастир кај Тиквешкото езеро.
Манастирот е дигнат од страна на Марина Смилец 1340та година, бугарска принцеза за нејзиниот син Иван Драгушин кој е погребан таму. Иван Драгушин е син на Марина Смилец и бугарскиот деспот Алдимир, брат на бугарскиот цар Георги Тертер. Иван Драгушин братучед е на Душан и од двете страни (бугарски благороднички семејства).
Во црквата има фрески од Иван Драгушин, Душан, Урош, Марина Смилец и Алдимир. Е сега кого народ памтел?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom