Косово никако не е дел од Србија и нема ниту да биде, барем во ваков стек од политички и воени околности на Балканов, каде САД свират, а другите („као„ држави) играат според отсвиреното.Многу историја се напиша погоре, ајде за промена малку сегашност. Најверојатно во Цариград отаде океанот гледат да заштедат на пари за администрирање на вазалските државички на Балканот па оттаму ова тивко припојување Србија-Македонија-Косово.
Србија, колку и да се чукаат в гради како гледаат да се тргнат од глобалистичките канџи, колку и да се колнат на братство со Русија, неизбежен факт е дека се сепак вазалска држава на САД. Мнозинството српски медиуми се во сопственост на пензионираниот американски генерал Петреус. Сѐ што се случува на нивната политичка сцена е диригирано однадвор. Без амин на Америка тие не прават ништо, настрана целиот театар.
Преку тивкото припојување, ако е таквото припојување вистина, врз грбот на Македонија ќе се реши косовското прашање. Косово вазалско државиче, тивко е веќе присоединето кон вазалското државиче Македонија. Увезени косовски политичари се во врвот на власта на Македонија. По тивкото припојување на Македонија кон Србија, Косово ефективно станува дел од Србија. Дали во ваквата поставка е Косово независна држава? Де јуре, да. Дали е дел од Србија? На еден чуден начин, де факто да. Ќе им дојдеме како тампон зона на двете спротивставени вазалски држави.
Во случај Русија да стане фактор на Балканов, состојбите секако дека ќе се променат.
Тоа што Косово и според Резолуцијата 1244 е дел од Србија, не значи ама баш ништо „на терен„, оти на Косово, американските окупациони сили практично имаат инсталирано државна структура, која не е дел од Србија, туку е засебна држава.
Но, не е проблемот дали Косово е или не е дел од Србија, туку мнооогу поголем проблем е дали „севернава„ ќе биде дел од Косово а не обратно...