Македонија има 35 мултимилионери

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ова е многу добра констатација и заслужува тема.И мене ме интересира од каде се ги наогаат кадрите Фени,Југохром,цела Железара итн. кога ниту инвестираат во Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје,а студентите се бројат на прсти кои се запишуваат таму.Со тие огромни профити што ги прават од извоз барем да направеа една лабораторија или да дадеа барем 10 стипендии.
Па ти мислиш којзнае каков производ вадат тие фирми? Имаат една форула за добивање на метал, стара 50 години и се водат по неа. Слично како рецепт за торта. Конкретно за Југохром, имаат компјутерски автоматизирани полначи на печките, еден инжинер го прави распоредот и времето на ставање сировини во печката и тоа трае се до наредниот ден. Втора и трета смена највисок кадар е раководителот на смена!

Кога би продавале готов производ наместо метал, е тогаш и те како би им требал образовен кадар!
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Стварно не ми е јасно зашто некој не сака да признае дека 35те најбогати имаат богатство колку половина македонска економија (бдп) ? Зарем не се приметува колкав голем економско-цојален јаз или расчекор постои во државава, по моја проценка има 100 ултра богати, околу 1000 доста богати, и 100 000 помегу богати и средна класа, 300-400 илјади средна класа (најчесто или вработени во администрација или во корпорации како банки, осигурителни компании, телекомуникации и сл) и 1,5 милиони сиромаштија
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Кај нас има 10 % богати,10% средна класа и 80 % сиромашни.Проблемот е што во Мк има многу малку средна класа.Средната класа го движи напред едно општество.
 
П

Пепси_

Гостин
Стварно не ми е јасно зашто некој не сака да признае дека 35те најбогати имаат богатство колку половина македонска економија (бдп) ? Зарем не се приметува колкав голем економско-цојален јаз или расчекор постои во државава, по моја проценка има 100 ултра богати, околу 1000 доста богати, и 100 000 помегу богати и средна класа, 300-400 илјади средна класа (најчесто или вработени во администрација или во корпорации како банки, осигурителни компании, телекомуникации и сл) и 1,5 милиони сиромаштија
Кога земјоделецот ќе дојде еднакво на средна класа тогаш викај ура да живее први мај. А не средна класа - администрација.... ти еам државата се вика тоа.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ајде народе кого да обесиме прв :icon_lol: ?
.
Бегај бе :)
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 08:52 ---
Одма се повампиривте по керки,внуки ....што ако има над 120 кг ,каде претежно се такви ?
Абе каква е таква е ... парите важни се тука , она ако сака и ГИЦА нека е :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Таткото на транзицијата,октоподот е најбогат во Македонија и пошироко. Овие таковзвани милионерчиња ќе му должат до 1001 колено.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Па ти мислиш којзнае каков производ вадат тие фирми? Имаат една форула за добивање на метал, стара 50 години и се водат по неа. Слично како рецепт за торта. Конкретно за Југохром, имаат компјутерски автоматизирани полначи на печките, еден инжинер го прави распоредот и времето на ставање сировини во печката и тоа трае се до наредниот ден. Втора и трета смена највисок кадар е раководителот на смена!

Кога би продавале готов производ наместо метал, е тогаш и те како би им требал образовен кадар!
Сакаш да кажеш дека во толкав комбинат работат само 3-ца кои одат во 3 смени??
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Форбс: Камчев, Јорданов и Јосифовски се најбогатите Македонци

По три години на тронот, Јордан Камчев го турна Минчо Јорданов од првото место на најбогати.

1. Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите во сопственост на Јордан Камчев како што се Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип.

2. На второ место со 22,5 милиони евра колку што чинат Макстил, Бетон и Факом. Кралот на челикот Минчо Јорданов, падна на второ место.

3. Со вкупната вредност на акциите на Макпретрол и Олико од 20 милиони евра Форбс го рангираше Андреја Јосифовски на третото место.

4. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра на Прилепска Пивара и сопственост од контролниот пакет на акции од 74% е Сашо Самарџиски.

5. На пето последно место со 9,8 милиони евра колку што чини Алкалоид според вредноста на акциите се најде Живко Мукаетов.

http://24vesti.mk/forbs-kamchev-jordanov-i-josifovski-se-najbogatite-makedonci
 

Kajgana Shop

На врв Bottom