Македонија има најдобра Кока Кола во светот

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Добро е за туристичка реклама:

„Пробајте ја најдобрата кока кола на светот, па после може и да умрете „ шо вика Леандра
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Концентратот за Coca Cola доаѓа од Бразил,се транспортира смрзнат на -18 степена а квалитетот на Coca Cola-та зависи од тоа колку од тој концентрат ќе стават.Знаејќи колку штедлив народ сме ќе кажам дека нашата Coca Cola е гола вода,една од најдобрите е Француската а една од најлошите е Италијанската. Тој е мојот омилен пијалок а бидејќи патувам во разни држави знам каде каква е Coca Cola-та?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.991
Поени од реакции
51.126
блага e и не гребе...штo виделе најдобро поима неам




FTW!!!
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Може не е најубава ама поубава е од Руската и Бугарската:pipi: овие две ги имам пробано тиња се
во наредниот спот кој ќе го прават Милчо или Изи ќе има нешо како " Посетете ја Македонија и пробајте ја најубавата кока кола во светот":pos2:
сепак ја повеќе сум за Пепси :)
 
N

NeMiRnA

Гостин
Па добро е што штедат тогаш нашиве!Некогаш случајно ако им се подисипие од тоа концентратот шербет блага знаат да ја направат и неубава!Единствено тоа не ми се допаѓа,што вкусот и се разликува во зависност од пратката,ама најчесто е добра!
Изгледа имале среќа со контролава,па фатиле шишенца со ист квалитет и вкус!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Па добро е што штедат тогаш нашиве!Некогаш случајно ако им се подисипие од тоа концентратот може и шербет блага да ја направат и неубава!Единствено тоа не ми се допаѓа,што вкусот и се разликува во зависност од пратката,ама најчесто е добра!
Изгледа имале среќа со контролава,па фатиле шишенца со ист квалитет и вкус!
И на скопско му варира вкусот што многу ме нервира. Знаат да го погодат некогаш ептен да легне, ама па другпат...
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Од време на време ми прави мерак да испијам по некоја чаша. Во основа не сакам секој ден да пијам газирани пијалоци, ама Кока колата колку и да знам дека е штетна сепак секогаш ми била убава.
Инаку се согласувам со повеќемина погоре што кажаа дека порано во стаклени шишиња беше најдобра.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Јас шљокам Кока Кола лајт. се самоосудив со диета....
ама сега скоро пиев американска ориџинале и нашата е дефинитивно подобра.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Претставниците на компанијата македонскиот производ го избраа за најдобра Кока Кола на светот за 2008 година.

„Да се биде фабрика со најдобар производ во светот е огромно достигнување. Работиме во 178 земји, имаме повеќе од 800 фабрики и мислам дека сите во Пивара Скопје го заслужуваат ова признание - и менаџментот и вработените“, изјави Тим Брет, регионален претседател на Кока Кола компанијата.

Скопската пивара е дел од Кока Кола Хеленик групацијата која е присутна во 28 земји. Нивниот директор за квалитет Гери Брустер наградната му ја додели на генералниот менаџер на Скопската пивара, Константинос Спанудис.

Како се мери квалитетот на Кока Колата и како претставниците на компанијата ја избрале токму македонската за најдобра во светот?

„Кока Кола компанијата секојдневно од пазар зема производи, коишто се анализираат во нивните најсовремени, специјализирани лаборатории и се оценува нивниот квалитет“, рече Јелена Костовска, менаџер за осигурување на квалитетот.

Сега Македонија може да ги повика странците да дојдат кај нас да го пробаат најдоброто од својот производ.

Можеби земјава нема никогаш да стане светски првак во фудбал, но сепак Македонија е прва во нешто - правиме најдобра Кока Кола на светот.

Кока Кола групацијата е една од најголемите светски корпорации, нејзиниот најпознат бренд е присутен во речиси сите светски земји и се произведува повеќе од 100 години.


А1
A да ја крсти ПИВАРА МАКЕДОНИЈА?????:toe:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
A да ја крсти ПИВАРА МАКЕДОНИЈА?????:toe:
А од кај па право на Скопска Пивара да биде претставник за цела Македонија? Има и Прилепска Пивара мислам....
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Многу е блага во Македонија...

Најдоброто од Македонија.... упс заборавив... сега е „Нашето Најдобро“
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Па добро е што штедат тогаш нашиве!Некогаш случајно ако им се подисипие од тоа концентратот шербет блага знаат да ја направат и неубава!Единствено тоа не ми се допаѓа,што вкусот и се разликува во зависност од пратката,ама најчесто е добра!
Изгледа имале среќа со контролава,па фатиле шишенца со ист квалитет и вкус!
И на скопско му варира вкусот што многу ме нервира. Знаат да го погодат некогаш ептен да легне, ама па другпат...
Е да бе ова можи на баба ви погачата е па еднаш ставила 2 прсти сол,а другиот пат 3 прсти :uvo:

А бе таму до грам се мери колку,што,зошто и како.Машина е машина - ретко да згреши дозиметар.

Иначе вкусот и зависи од тоа што имаш претходно јадено или пак ако ја пиеш во истиот момент дури јадиш нормално е дека вкусот и благоста варира.Јади чоколадо и напиј се кока кола нема ни грам блага да ти биде:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom