Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
 овие  две ги имам пробано тиња се
И на скопско му варира вкусот што многу ме нервира. Знаат да го погодат некогаш ептен да легне, ама па другпат...Па добро е што штедат тогаш нашиве!Некогаш случајно ако им се подисипие од тоа концентратот може и шербет блага да ја направат и неубава!Единствено тоа не ми се допаѓа,што вкусот и се разликува во зависност од пратката,ама најчесто е добра!
Изгледа имале среќа со контролава,па фатиле шишенца со ист квалитет и вкус!
Да видиш да не веруваш...
Пробај...
Со гледање тешко дека ќе успееш да го осетиш вкусот...
Претставниците на компанијата македонскиот производ го избраа за најдобра Кока Кола на светот за 2008 година.
„Да се биде фабрика со најдобар производ во светот е огромно достигнување. Работиме во 178 земји, имаме повеќе од 800 фабрики и мислам дека сите во Пивара Скопје го заслужуваат ова признание - и менаџментот и вработените“, изјави Тим Брет, регионален претседател на Кока Кола компанијата.
Скопската пивара е дел од Кока Кола Хеленик групацијата која е присутна во 28 земји. Нивниот директор за квалитет Гери Брустер наградната му ја додели на генералниот менаџер на Скопската пивара, Константинос Спанудис.
Како се мери квалитетот на Кока Колата и како претставниците на компанијата ја избрале токму македонската за најдобра во светот?
„Кока Кола компанијата секојдневно од пазар зема производи, коишто се анализираат во нивните најсовремени, специјализирани лаборатории и се оценува нивниот квалитет“, рече Јелена Костовска, менаџер за осигурување на квалитетот.
Сега Македонија може да ги повика странците да дојдат кај нас да го пробаат најдоброто од својот производ.
Можеби земјава нема никогаш да стане светски првак во фудбал, но сепак Македонија е прва во нешто - правиме најдобра Кока Кола на светот.
Кока Кола групацијата е една од најголемите светски корпорации, нејзиниот најпознат бренд е присутен во речиси сите светски земји и се произведува повеќе од 100 години.
А1

A да ја крсти ПИВАРА МАКЕДОНИЈА?????![]()
Па добро е што штедат тогаш нашиве!Некогаш случајно ако им се подисипие од тоа концентратот шербет блага знаат да ја направат и неубава!Единствено тоа не ми се допаѓа,што вкусот и се разликува во зависност од пратката,ама најчесто е добра!
Изгледа имале среќа со контролава,па фатиле шишенца со ист квалитет и вкус!
Е да бе ова можи на баба ви погачата е па еднаш ставила 2 прсти сол,а другиот пат 3 прсти :uvo:И на скопско му варира вкусот што многу ме нервира. Знаат да го погодат некогаш ептен да легне, ама па другпат...