Шведска е светлосни години пред цела Европа, не само пред нас. Затоа не се споредувај.
А Словенија, кој те лажеше колку прекрасно и добро? Словенците се помалку ја сакаат ЕУ, се повеќе се незадоволни од животот. И јас ич не се стремам кон ЕУ. Ниту италијанците не ја сакаат. Тој вештачки сојуз опстојува за да не дојде до војна, а не затоа што им нуди фантастичен и безгрижен живот на луѓето.
И нема земја што не е корумпирана, има земја која што е немоќна, па дозволува другите да и кажуваат каква е. Македонија не е толку ,,лоша,, , колку што не е моќна. Знаеш, Италија е во ЕУ, а таа земја има огромен број на гладно население, неписмено население, необразовано население. Ама, бидејќи е во ЕУ, некои мислат дека којзнае како се живее таму. Сум била во италијанско државно училиште, во сред Милано. Ништо подобро од Јосип Броз Тито во Скопје, единствено, дворот беше почист.
Скршени столчиња, исшкртани табли, накурчени ученици, нафурани професори.
Излези од тука, и ќе видиш дека не само Македонија, цел Балкан е тешка ,,вукојебина,,. Јас ја сакам Македонија, но вистината е таа.
А никаде, значи никаде, нема да добиеш туку-така се. Секаде треба да се испотиш. Разликата е што на ,,големите од надвор,, им одговара кај нас да не биде така. Немој ни да помислиш, дека овие нашиве во парламент, се моќни да носат такви одлуки.
Кај што има сила нема правдина.