Ццц уште што нема да се изначиташ овде ... мислиш дека народов е толку глупав да го издриблаат нарочито за тоа прашање ?! Име мењавање НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ И ТОА ДА БИДЕ ЈАСНО !! КОЈ ЌЕ ПОТПИШЕ ТАКВО НЕШТО РАКАТА ДА МУ СЕ ИСУШИ, 100 ГЕНЕРАЦИИ ПОКОЛЕНИЈА ДА МУ СТРАДААТ ОД НАЈЛОШИ БОЛЕСТИ И СЕ НАЈЛОШО ДА ГИ СНАОЃА И НА ОВОЈ И НА ДРУГИОТ СВЕТ !!! НА ОВОЈ МИРЕН НАРОД КОГА ЌЕ МУ ДОЈДЕ ПРЕКУ ГЛАВА НАРОЧИТО ЗА ИМЕТО...НЕКА БЕГА КОЈ ЌЕ СТИГНЕ ПРЕД НАС ЗОШТО УШТЕ ТОА НИ ОСТАНА И ДАВАЊЕ НИКОГАШ !!!
Се ова убаво кажано пријателе, ама се плашам да не дојдеме у ситуација да молиме да ни го променат името.
Глупоста со проблемот за името е добредојдена само да се оттргне вниманието од клучните проблеми во државава - огромната сиромаштија и се поголемата меѓуетничка омраза.
Да имавме добар стандард и мала невработеност воопшто немаше ни да ни треба НАТО и ЕУ, а уште помалку ќе не засегаше барањето на Грците за промена на името. Едноставно ќе се смеевме и ќе го игнориравме.
Но, за жал не е така. И некој го наметна како клучно прашање за да добиеме евентуална мала шанса за некаков си напредок на оваа напатена држава.
Ситуацијава по тоа прашање ни е угоре високо, удоле длабоко.
Доколку се обединиме како Македонци лесно ќе излеземе на крај со "браќава".
Но како да излеземе од лошата економска состојба? Тоа е вистинското прашање. Има и за тоа одговор, но ќе треба многу повеќе време и луѓе какви што не сме навикнати да гледаме на нашава политичка сцена - чесни и лојални на обединетиот и неподелен македонски народ.