Мора ремонт во тимот да има, да игра кој заслужува ане врз база на роднинска врска ако сакаме да се пласираме на светско во јуни кога е баражот.
Секоја чест за Кире што има направено за државата. Ама тоа што секаде го пика носот не му го заборавам никогаш!
Кире е тој што го избрка Раде! Кире е кривецот што имаме Филип Лазаров, Козла, Митков и Ангеловски! Не е Шундо крив што неможе да наметне авторитет, затоа што кај Кире важи „Или Филип игра, или ни јас не играм“ Поради него и Наум и Борко си го кренаа егото. Едниот бара миленичето да му игра, а другиот си се заебава на терен.
Што мислите, зошто Червар не го зема кормилото ? Ете, затоа што не постои никаков ред и дисциплина во тимот, зошто Кире одлучува кој ќе дојде! Со оваа геренерација МЕДАЛ можеме да освоиме! Ама ете, тоа ти е тоа.
Државата никогаш не дала ваков ракометар како Кире. Секоја чест за све, ама ова што го прави не е во ред!
Додека не дојде тренер кој ќе воведе ред, ќе се радуваме на повремени успеси на 3 години.
П.С Претерав, ама ете нервозен сум, морам да се истурам.