Реално, со овие играчи и ова е успех.
Без Темелков, кој е одличен и во одбрана и во напад, со едни Мојсо и Миркуловски кои одиграа по 50-60 утакмици оваа сезона...
Со тројца бека кој незнаат кој шо треба да прај, и со една млитава одбрана, добро е што не доживеавме некоја катастрофа.
![Босоног :noze: :noze:](/styles/default/xenforo/smilies/barefoot.png)
Мора многу повеќе да му се дава шанса на Дивиот, и на цела клупа. Секоја екипа игра со 12-3 играчи, ние играме со 7-8 цела утакмица...
Проблемот е (по незнам кој пат велам) од најгоре...
Дури не се средат работите во топ менаџментот, инатаму ќе тониме вака.
На минчовци му одговара што имаат 7-8 репрезентативци, останатите си ги бира Кире, Михајло си има некој негов ќар, Начевци си прат бизнис со картите и со младинските селекции и то е то.
![Палец долу (n) (n)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsdown.png)
Изоставени се играчи како Недановски, Кузмановски, Георгиевски, па и Стојановиќ...
До кога со Филип Лазаров? Алушевски на 39 години игра и се труди многу повеќе од тие по по 10 години помлади од него
![Несигурен :unsure: :unsure:](/styles/default/xenforo/smilies/unsure.png)
Потребен е и селектор, кој ќе има 100 посто авторитет над екипата, и кој самиот ќе си ги бира играчите.
Кире Лазаров, е голем играч несомнено, тешко да ќе извадиме во наредните децении играч од таков калибар. Ама ова не е РК Лазарови од Свети Николе за да можи тој да се кочопери и да си шутка како ќе му текни. Разбирам, капитен, мора да понеси одговорност, ама кога гледаш дека не ти оди, и кога има слободен играч кој чист простор да шутни... Нека проба во Атлетико да го прај истото, нема да стани од клупата.