Скоро 1 час пред почетокот на ова големо балканско дерби, конечно Македонија да биде во шанса да се бори за првата позиција во групата на едно светско. Овој ни е најдобар состав со кој сме излегле на било кое првенство , посебно сме одлично покриени на бековските позиции, по 3 одиграни средби оваа репрезентација покажа зрелост , знае да победи и кога Лазаров нема свој ден, што во изминативе години тоа не се беше случило.
Играчи кој што пред време ги прогласивме како промашени точки засега одлично се покажуваат на теренот.. таков е случајот со Никола Маркоски и Владо Недановски, ова ни е вистински тест да видиме како може да се справуваме со репрезентација која што е фаворит за медал..
Иксрено најмногу ме плаши одбраната, Ацо и Велко се однесуваат како прв пат да играат заедно, а тие се двајцата карпи во одбраната и треба секогаш да се на ниво, посебно на вакви утакмици.
Многу голема еуфорија се крена пред оваа утакмица, изјавите на играчите се многу позитивни, ветуваат одлична утакмица и не излегуваат со бело знаме пред фаворитот, се надевам дека и така ќа биде..
Време е оваа генерација да се спротистави на таков фаворит како што е Хрватска, време е да се радуваме на голема победа.. господ нека ни биде на помош , среќно

