Tiveriopol
Струмичанец
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.212
- Поени од реакции
- 996
Нескриено е разочарувањето во македонскиот табор по почетниот пораз од Унгарија во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Едногласен е впечатокот дека Македонија пред се благодарение на сопствените грешки, а не некаква доминантна игра на Унгарците, си пресуди пораз по што сега го зголемува притисокот за задолжителни победи на следните два дуели со домаќинот Шведска и Бразил.
„Секако постои разочарување затоа што воопшто не бевме инфериорни во однос на противникот а загубивме поради сопствените грешки. Игравме неочекувано деконцтрирано во нападот во ситуации со играч, па и со два, повеќе што на крајот беше пресудно околу конечниот победник“ – истакна по натпреварот селекторот на нашата репрезентација, Звонко Шундовски.
Македонија имаше 16 минути играч повеќе, наспроти само осум минути со ракометар повеќе на Унгарците. Но, ниту тоа не го искористивме...
„Унгарците во одредени делови од играта ги искористија и индивидуалните свои квалитети и нашите непланирани слабости токму во тие моменти кога мораше да доминираме. Нејасна е слабата реализација кога квантитативно доминираме на теренот. Сепак, овој натпревар треба сега веднаш да се заборави и да се концентрираме за утрешниот натпревар со Шведска. Ќе биде уште потежок натпревар но мора максимално да се подготвиме затоа што ништо не е загубено“ – рече Шундовски.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7147
Дали еднаш овој ДИБЕК ке признае дека изгубивме ради неговите грешки...СЕЉАК