Македонија-Унгарија (6.4.2012, 14:45 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нескриено е разочарувањето во македонскиот табор по почетниот пораз од Унгарија во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.

Едногласен е впечатокот дека Македонија пред се благодарение на сопствените грешки, а не некаква доминантна игра на Унгарците, си пресуди пораз по што сега го зголемува притисокот за задолжителни победи на следните два дуели со домаќинот Шведска и Бразил.

„Секако постои разочарување затоа што воопшто не бевме инфериорни во однос на противникот а загубивме поради сопствените грешки. Игравме неочекувано деконцтрирано во нападот во ситуации со играч, па и со два, повеќе што на крајот беше пресудно околу конечниот победник“ – истакна по натпреварот селекторот на нашата репрезентација, Звонко Шундовски.

Македонија имаше 16 минути играч повеќе, наспроти само осум минути со ракометар повеќе на Унгарците. Но, ниту тоа не го искористивме...

„Унгарците во одредени делови од играта ги искористија и индивидуалните свои квалитети и нашите непланирани слабости токму во тие моменти кога мораше да доминираме. Нејасна е слабата реализација кога квантитативно доминираме на теренот. Сепак, овој натпревар треба сега веднаш да се заборави и да се концентрираме за утрешниот натпревар со Шведска. Ќе биде уште потежок натпревар но мора максимално да се подготвиме затоа што ништо не е загубено“ – рече Шундовски.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7147

Дали еднаш овој ДИБЕК ке признае дека изгубивме ради неговите грешки...СЕЉАК
 
Оф леле, пошовинистички муабет од ова здравје.:facepalm: Зборев ОПШТО за моето ОПШТО мислење за Борко. Имаше над мене МАШКИ кои искоментираа нешто што немаше врска со денес, ама нив не ги цитираше пошо се машки.

За жал, денес го пропуштив мечот, затоа што не бев во можност да гледам, се надевам ќе има реприза па ќе можам да погледнам. А јас за разлика од некои што ги знам, не зборам на негледано и не можам да го критикувам, само читам дека бил слаб, а и не се сомневам, сите имаат слаби денови. Не се правам експерт, ниту зборам дека кај мене во фамилија од пред 30то колено се играло ракомет.

Ама да ме нападнеш врз основа на пол, а врска немаш ни што сум, ни зашто сум, и дали ги знам правилата во спортот е навистина апсурдно и непотребно.

Али у реду е...
Зафрканција беше де, не се лути, таман работа да сум шовинист, но факт е дека појше зборите за некој емотивни работи, као на пример, кој е најубав, судиите не заебавале, што везе си нема, Кире шутирал прерано...Oпшто кажував онака дека сте загреани многу, жени по кафичи како врескаат ние губиме, не е добра комбинација за нервите. Извини у секој случај. :D
 
Изгубивме во еден машки цврст меч,Унгарците можеби и прегруби и неслучајно имаа толку исклучувања(иако уште неколку пати им прогледуваа низ прсти ).Пресудија многуте технички грешки кои можеби и беа резултат на грубата игра .Судиите како и против Металург, во првото полувреме си судеа како што треба каде разликата и може да се стигн ама кога ќе дојде финишот тие ќе свирнат против нас и веќе нема време за да се надокнади.На Унгарците им дозволуваа да кружат подолго време а на нашите во одлучувачкиот напас со играч повеќе пребрзо ја кренаа раката па Наум беше приморан да влегува на сила.Сепак сум оптимист утре да победиме со 3 разлика и потоа Унгарците и Швеѓаните нека си вадат очи ,оти ако тепаме само со 1 разлика последно коло ќе гледаме пародија во салата.


Се сложувам во клучните моменти секогаш не оштетуваат. Демек прво полувреме судат како боже за нас ( уствари сите исклучувања им беа заслужени и не суделе воопшто во наша полза ич).
Но тоа што нашите го изиграа со играч повеќе е катастрофа.
 
Mojсо нема во главата братче дефинитивно... дечкото ем пуши ем пие алкохол ненормално, не води никаков спортски живот и затоа е направен ко свиња.. отиде една сезона во Шпанија и се врати назад, еден збор не успеал да научи шпански.. таа е разликата помеѓу Кире и Мојсо.. Кире води перфектен спорстки живот и затоа е таму кај што е...

Кире>>>>од сите наши репрезентативци, нема збор за тоа. Но, ако Мојсо нема во паметот, со тие физички предиспозиции, нема да заигра за Македонија. Ене го Филип со физички предиспозиции, а без памет, и гледај која шупелка е. Замисли го и Мојсо со таков памет како на Филип, односно без памет...тоа трагедии ќе биде...Затоа не може играч да нема памет, а е двигател на Металург, едно време прв стрелец во ЛШ, незаменлив во репрезентацијата, а со ваква структура на бековска позиција.

Тоа што води таков живот е стварно проблем, но реално 90 посто од спортистите во Македонија водат таков живот. Кошаркарите беа пијани на секое нивно излегување, Станиќ според интервјуто е пијандура и ретко иде на тренинзи. Знам дека е голман, ама ипак..
 
Кире>>>>од сите наши репрезентативци, нема збор за тоа. Но, ако Мојсо нема во паметот, со тие физички предиспозиции, нема да заигра за Македонија. Ене го Филип со физички предиспозиции, а без памет, и гледај која шупелка е. Замисли го и Мојсо со таков памет како на Филип, односно без памет...тоа трагедии ќе биде...Затоа не може играч да нема памет, а е двигател на Металург, едно време прв стрелец во ЛШ, незаменлив во репрезентацијата, а со ваква структура на бековска позиција.

Тоа што води таков живот е стварно проблем, но реално 90 посто од спортистите во Македонија водат таков живот. Кошаркарите беа пијани на секое нивно излегување, Станиќ според интервјуто е пијандура и ретко иде на тренинзи. Знам дека е голман, ама ипак..


Станиќ и дроѓи кусаше :LOL:
 
вака со поладна глава сеа...

Тоа од што се плашев, тоа бидна. Почетниот притисок... Секогаш го сјебуваме првиот натпревар, секогаш имаме шанси да победиме у него но го сјебуваме самите. И на ЕП беше исто, но таму беше подобро што дуелот со директниот конкурент го игравме на крај, тука дуелот со најверојатно директниот конкурент го игравме прв... и го загубивме.

Катастрофална игра... 15 грешки е НЕДОЗВОЛИВО за ваква репрезентација, недозволиво. Ништо не функционираше кај нас, освен Наумче, секоја чест, тотална спротивност од анемичниот Наум од Србија, многу, многу позитивно е за нас кога тој е разигран.

Арно ама другото чкрипеше... одбраната дупки... дупки... приметливо е отсуството на Темелков, компактноста на одбраната се изгуби, немами ист профил на играч ко него да замениме, се вршат експерименти... неуспешни.

Борко катастрофа, нему слабост му се шутеви од 9 метри (hint Хансен), го докажа и денеска тоа со Перез. Требаше да се проба со Диви, она што го мрчеше у интервјуто за Станиќ сега е со него...

Дел од вината ќе прерфлам врз Кире... зошто !? Затоа што три пати избрза НЕПОТРЕБНО, како што правеше у Србија. Мислев дека ќе се поправи сега у тој поглед. Ја разбирам неговата желба за гол, но мора да размислува студено... Исто замерка и за помалку себичната игра во првиот дел на второто полувреме кога многу ја гњавеше топката, и постојано бараше простор за удар, место да ја подаде на разиграноит Наумче.

Она што ни беше можеби најдобрата страна на ЕП - пикерите, денеска слабо... не пијат нафта сепак Унгарциве, не прочитале добро, прсекое 5-6 топки кои идеа кон Столе и Ванчо... а у меѓувреме овие беа и добро чувани.

И сосема логично е кога таму се сконцентриани на одбрана маџариве, да ги вработиш крилата. Не дека ни се слаби крилата, туку не ги користевме се до шоуто на Козла. Кога го направи првиот престап се скинав од смеење при сета нервоза...

Друго, колку тоа одбраната беше за никаде, говори и фактот што НЕМАВМЕ контри. Ми се чини дека прва контра беше онаа при крајот на мечот кога Манасков погоди...

Многу, многу грешки, деконцентрација, избрзаност... Сега (како и секогаш) мораме по потешкиот пат, али нема откажување, момците нема да се откажат дури имаат и најмали шанси, но мора да се поправат работите.

п.с. делумна вина секако и до момаков на аватар... :icon_lol:
 
Ау Шведска е дрво бе..
Реков погоре Бразил ќе рокнат некого, можда ќе ја имаме таа среќа уште денеска да видиме таква работа.
 
Зафрканција беше де, не се лути, таман работа да сум шовинист, но факт е дека појше зборите за некој емотивни работи, као на пример, кој е најубав, судиите не заебавале, што везе си нема, Кире шутирал прерано...Oпшто кажував онака дека сте загреани многу, жени по кафичи како врескаат ние губиме, не е добра комбинација за нервите. Извини у секој случај. :D

Секогаш реагирам избувливо, затоа што повеќето тоа и го мислат и тоа ме нервира. И може жените поемотивно си врзуваат во крпче некои работи, ама не значи дека примарно жени гледаат убавина додека гледаат спорт. Како што реков, за мечот не можам да коментирам, не го гледав, не можев, ама ваљда ќе гледам реприза.

И друг пат, кажи дека се шалиш, пошо очигледно не се разбравме. :)
 
СО ИГРАЧ ПОВЕЌЕ..... МАКЕДОНИЈА 4/19 ... УНГАРИЈА 4/9
СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ.. МАКЕДОНИЈА 1/7 ..... УНГАРИЈА 7/15
ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ.... МАКЕДОНИЈА 16 ....... УНГАРИЈА 6
ИСКЛУЧУВАЊА.......... МАКЕДОНИЈА 8.мин ... УНГАРИЈА 16.мин


катастрофа, катастрофа... :facepalm:
 
Ни рукометарите ни клошаркарите нема да биде ништо штета плоштадот кени биде празен
:tapp: ти бе не си арен изгледа
кој ти дава тебе право да ги навредуваш и едните и другите? !:mad:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom