Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Луѓе мои мили, нема зошто да се разочаруваме... глава ГОРЕ... има зошто да се гордеете!
1. Дозна цел свет за Македонија
2. Нашиот Борче е во идеалната петорка на ЕП
3. Четврто место не е лошо воопшто(кога ќе видите кои светски сили се под нас)
4. Па само и грците да ги победевме ќе беа дочекани како ХЕРОИ!
*не заборавајте дека влеговме како најголеми аутсајдери...
Гледајте на позитивната страна... После играта со Русија низ улици се пееше и свиреше како да сме земале злато! Затоа утре достоен дочек на нашите Херои кои срцето го оставија во Литванија!
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
И Чековски не е крив, се бореше максимално. Толку му е квалитетот на човекот а подобар избор немавме! Дури тој на првенството одигра и подобро од тоа што мислев дека може да одигра! Браво за Чековски!!
Епа читај , реков денес ме изнервира
 
М

Мартин`

Гостин
Бо Мекејлеб - најдобра инвестиција на Македонија во последниве 20 години!
Кошаркарска репрезентација - најдобра реклама/промотор на Македонија во последниве 20 години!

За нас они се веќе херои и добиваат златен медал така да само напред кон нови успеси!! :cuc:
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Епа читај , реков денес ме изнервира
Не се нервирај. Он и у полуфинале промашуваше!:icon_lol:
Ама оној Соколов е дефинитивно у најлошата петорка на првенството! Комотно може и за MVP у најштетен играч на првенството :tapp: Малку ми е незгодно ова што го кажувам од почит спрема колективот ама неможам да издржам ке пукнам!!!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Знаеш зашто не се слагам со тебе зашто ти го гледаш само спортскиот дел а го занемаруваш духовниот дел нешто што нема врска со спортот туку со македонскиот менталитет на пониска вредност.

Ние бевме познати дека на психолошки план секогаш сме биле слаби и во критични ситуации секогаш сме губеле дух или однапред сме се предавале.

Овие кошаркари станаа пример за цела Европа дека се борат како лавови до КРАЈ, добија германски дух на македонски талент што е феноменална комбинација и ако се пренесе и на другите спортисти ќе биде револуција на македонскиот дух.

Ете затоа не ми е гајле за неосвоената медаља, затоа што видов почеток на промена во менталитетот а тоа не се гледа секој ден и мислев дека такво нешто никогаш нема да дочекам.

Затоа за момците само поклон :cuc:.
Тоа е тоа брат. За болдираното..ова мора да биде поттик за сите, да го смениме нашиот лузерски менталитет, да се бориме до крај против било кого. Тоа мора да им се всади во главата на сите спортисти, а ова што се случи е одличен пример што треба да се следи.
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Абе една Франција (Мизерии) се предаде однапред на ДВА ПАТИ со Шпанија ,а ние им париравме скоро цело време.Кој сфати ,сфати...
Tој аргумент не држи ама баш воопшто вода...никој не ја негира фантастичната игра против Шпанија,ниту против Литванија,итн...но денес,во веројатно единствената шанса во кариерата на Влатко Илиевски и Гечевски да освојат медал на големо натпреварување целиот тим освен Бо и Илиевски потфрли.

Не е проблем кај Дамјан што не знае да даде кош од едно метро,да одиграше добар меч,ке се прости...затоа на крај требаше да шутнат или Бо или Владо затоа што ја заслужија таа одговорност.

Проблемот е што Дамјан не погоди ништо,направи 3 фаули кои не ставија во бонус за 1 минута,заради кои директно не водевме по 3-та четвртина и направи 4-ти фаул на 4 секунди пред крај на истата,фаул без топка,со кој им подари уште два поени на Русите со кои водеа 52-50 наместо да влеземе во последната со нерешен резултат.Колку пати во текот на првенството правеше такви фаули?Фаул за 3 во последна секунда,фаул-кош,итн.

Една работа е умор а друга 3 фаули на Самарџиски за 2-3 минути,надвор од рекет,бунари и изгубени топки на Чековски,итн.

Јас сум прегорд на играчите и затоа ми е толку криво што не се враќаат со медал...не за мене,за нив.Уште повеќе ми е криво кога ќе видам дека немаме младина.Па луѓе мои играме со 5(со Гечевски 6)
играчи цело првенство.Освен 2-3 тројки против Грција,Чековски,Дамјан и Соколов тотално потфрлија и Докузовски не можеше да ги одмори првите 5 ни минута без да падне резултатот.

Срамота е да се ставаат Соколов,Чековски и Дамјан во исти пакет со Бо и Илиевски...тоа е реалноста,а ако сакаме да се мериме кој е поголем патриот ти можеш слободно и Симоновски да кажеш дека имал придонес во играта.

Како и да е,не знам за другите ама по 20 години спортска беда не можам да го игнорирам фактот дека изгубивме ваков меч,боли и нема утеха.

Пред 2 денови напишав пост по мечот со Шпанија,дека најмногу сум горд на фактот што овој тим игра со самодоверба,верба и без страв...Дамјан денес покажа дека сеуште треба да јаде вреќи леб за да има таков менталитет,затоа што немаше никаква верба во самиот себе,слика што ја гледаме 20 години наназад.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Само ја се израдував што Самарџиски во последниве две утакмици изгледаше тотално ОПУШТЕН и почна да игра као ПРАВ центар ???

САМО НЕКА ПРОДОЛЖИ ВАКА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.631
Поени од реакции
59.548
Како и да е,не знам за другите ама по 20 години спортска беда не можам да го игнорирам фактот дека изгубивме ваков меч,боли и нема утеха.
Да го изгубевме оној со Литванија ќе се сложев со тебе, зошто тој ќе не фрлеше во просечност. 5-8 е солидно ама сепак ништо посебно.

Ние и порано ќе сме имале репрезентативни успеси ако имавме екипи со комплетен ростер. Женската ракометна репрезентација играше со 8-9 ракометарки, машката лани исто и се случуваше: кога дојде втората фаза имаа се што треба за подвиг, само немаа повеќе сила, беа исцрпени.

За мене успехот е постигнат, со подиумот или без него. Се надевам дека за две години ќе имаме покомплетна екипа, исто се надевам дека и во јануари ракометарите ќе бидат здрави и подготвени за битка. Овој успех на кошаркарите ќе им даде крила, верувајте, чуда ќе се случуваат.
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Само ја се израдував што Самарџиски во последниве две утакмици изгледаше тотално ОПУШТЕН и почна да игра као ПРАВ центар ???

САМО НЕКА ПРОДОЛЖИ ВАКА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!
You're not alone ;)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.371
Поени од реакции
5.461
Македонски менталитет... сега карат, плукат по Дамјан оти не дал поени !!! А дури даваше тројки БРАВО МАЈСТОРЕ !!! еххх македонче, македонче !!! Па тука и самата рака трепери, таа беше позиција за да се остани во игра или не...
Лигуши едни, срам да ви е !!! Да ве видам вие шо ќе напраевте !!! ТРЕБА ДА СТЕ ГОРДИ ЗА ОВА ШТО ГО НАПРАВИЈА !!!

П.С. Арно вели Јанко, да не чујам лош збор оти сите ќе ве дигам на клоци !!!
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Слики некои и видеа од плоштадот во Скопје? Јако беше !
Инаку...тоа е тоа..нема зошто да им се лутиме на нашите...браво за ова што го направија..секоја чест ! Одлични беа !
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Tој аргумент не држи ама баш воопшто вода...никој не ја негира фантастичната игра против Шпанија,ниту против Литванија,итн...но денес,во веројатно единствената шанса во кариерата на Влатко Илиевски и Гечевски да освојат медал на големо натпреварување целиот тим освен Бо и Илиевски потфрли.

Не е проблем кај Дамјан што не знае да даде кош од едно метро,да одиграше добар меч,ке се прости...затоа на крај требаше да шутнат или Бо или Владо затоа што ја заслужија таа одговорност.

Проблемот е што Дамјан не погоди ништо,направи 3 фаули кои не ставија во бонус за 1 минута,заради кои директно не водевме по 3-та четвртина и направи 4-ти фаул на 4 секунди пред крај на истата,фаул без топка,со кој им подари уште два поени на Русите со кои водеа 52-50 наместо да влеземе во последната со нерешен резултат.Колку пати во текот на првенството правеше такви фаули?Фаул за 3 во последна секунда,фаул-кош,итн.

Една работа е умор а друга 3 фаули на Самарџиски за 2-3 минути,надвор од рекет,бунари и изгубени топки на Чековски,итн.

Јас сум прегорд на играчите и затоа ми е толку криво што не се враќаат со медал...не за мене,за нив.Уште повеќе ми е криво кога ќе видам дека немаме младина.Па луѓе мои играме со 5(со Гечевски 6)
играчи цело првенство.Освен 2-3 тројки против Грција,Чековски,Дамјан и Соколов тотално потфрлија и Докузовски не можеше да ги одмори првите 5 ни минута без да падне резултатот.

Срамота е да се ставаат Соколов,Чековски и Дамјан во исти пакет со Бо и Илиевски...тоа е реалноста,а ако сакаме да се мериме кој е поголем патриот ти можеш слободно и Симоновски да кажеш дека имал придонес во играта.

Како и да е,не знам за другите ама по 20 години спортска беда не можам да го игнорирам фактот дека изгубивме ваков меч,боли и нема утеха.

Пред 2 денови напишав пост по мечот со Шпанија,дека најмногу сум горд на фактот што овој тим игра со самодоверба,верба и без страв...Дамјан денес покажа дека сеуште треба да јаде вреќи леб за да има таков менталитет,затоа што немаше никаква верба во самиот себе,слика што ја гледаме 20 години наназад.
Абе ја те сфаќам тебе, лесно ти е позади тестатура да си типкаш теории, фантазии и перфектен плеј од нашиве играчи, па уз сокче/кафе/цигара, милина. :)

Кога ќе отидеш ти таму, да се тепаш со руски говеда од 2 метри, да парираш на пик енд рол тактики од Литванија кои носат 80+ поени на натпревар и да играш против НБА шпанска петорка, тогаш ќе ти дадеме простор да анализираш околу Дамјан, Чековски и сите други кои "грешеле".
А за Дамјан, дечкото имаше кош во рака за трето место, медаља еј...па 99% од вас ќе се здркаат кога ќе треба да шутнат за победа во маалски баскет, не па ваков ранг на натпреварување.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Сакам да може да им каже некој дека сите ние сме со нив и да не тагуваат :( Бронзениот медал го сакав највеќе за нив, како награда, нас срцето ни беше полно и вака и онака.

Главата горе Војдан, направи многу работи на шампионатов. Горда сум на нив, ќе кидам утре од факултет само за да ги пречекам, па ако сака и 100 степени нека е!
епа џену затоа сум толку исфрустриран, сакав нашиве да ја земат бронзата, никој не ја заслужуваше повеќе од нас, затоа бев изнервиран до даска и реагирав така, бев нервозен до оној момент кога го видов Бо со знамето наше, тогаш ко голем товар да ми падна од срце, и се потсмирив малку,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom