Јас сум презадоволна од играта и од момците, но највеќе ми е жал за нив што не го земаа бронзениот медал, душата им остана на терен само нашта екипа немаше кој да ја одмора со нецели 7 играчи стигнавме до полуфинале, шпанците, французите и русите имаат страшно силни екипи што грото играчи им се едни од најдобрите НБА играчи, и по сите глупости на судиите како шлаг на тортата па ние можеме слободно да кажеме алелуја и да морални победници сме, ај да го видам Гасол, Наваро и другите слични на нив да играат 40 минути и кусур без да имаат замена дали ќе ги постигнат истите резултати... како и да е момци Македонци секоја чест и капа долу, вие сте нашите европски шампиони срцата на вашите сонародници е вашиот златен медал, Ви благодарам безизмерно!