Не ме радува... ништо не ме радува пред овој дуел. Освен една работа. Слушнав дека нема да им игра Иверсен. Тоа ме израдува многу зошто ги гледав Иверсен и Карју против Шкотска, фантастични контри правеа. Тие двајцата, во два три потези, веднаш стигнуваа од центарот до 16-тникот. Многу среќа имаа Шкотите, посебно во првиот дел.
Бидејќи знам дека мора да нападнеме, а уште подобро знам како поминуваме кога ќе нападнеме, добро би било оваа контра да не им функционира на Норвежаните.
Ќе дебитира Деспотовски, незнам што играч е во однос на другите, но освоил куп на Украина и тоа против Шахтјор во финалето, што не е мала работа. Тој дел на теренот ни е најслаб, се надевам дека овој играч ќе може да направи некоја промена.
Исто се надевам да дебитира Филип Ивановски затоа што се работи за млад и многу добар центарфор кој игра во добра лига и дава голови. Знам дека Јонуз ќе започне со Стојков кој пак не дава толку голови и не може да си најде клуб за озбилно, ама одвреме навреме знае да погоди па белким ќе биде за арно.
Иначе не ме радува, отсуството на Новески, аматеризмот во ФФМ кој редовно се одразува на репрезентацијата, лошата форма на Пандев, размонтираниот холандски брод...
Но, на маката се познаваат јунаците. Утре е ден кога ќе видиме од што се направени. Колку беше до Среќко, колку беше до нив. Колку можеме, или не можеме.
Ваква Норвешка нема другпат да ни дојде. Како што нема да ни дојде ни онаква Шкотска. А ние ја покакавме со Исланд. Време за вадење нема, вториот од нашата група ќе биде најлош втор, така стојат работите. Но и ова лажно убедување дека со две победи имаме шанси за бараж, би требало да не мотивира доволно.