Македонија-Норвешка 0:0

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 август 2008
Мислења
83
Поени од реакции
7
Напред Македонија

Искрено цените се превисоки на билетите. Претерале, ама стварно. Сепак ке гледам со другарки дома на тв.
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
еве ја картата
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Земав карта од 4 блок ама редот е 47... кој беше највисокиот ред?
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.855
Поени од реакции
5.698
се гледаме на Исток, мој тип победа наша од 3:1 :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
се гледаме на Исток, мој тип победа наша од 3:1 :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Неможеш на исток, ја резервирале за гостите кои ќе дојдат околу 200 :tapp::tapp::tapp: Овие ФФМ се невидена работа, поглупи луѓе на едно место немам видено. Сами ги бркаат навивачите, ќе се чуди педерот кога за 2-3 утакмици нема да има ни 1.000 на стадион!
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
се надевам дека ќе победиме
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Ќе биде многу тешка утакмица,се разбира очекувам победа,но ќе видиме:helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.630
Поени од реакции
59.546
Не ме радува... ништо не ме радува пред овој дуел. Освен една работа. Слушнав дека нема да им игра Иверсен. Тоа ме израдува многу зошто ги гледав Иверсен и Карју против Шкотска, фантастични контри правеа. Тие двајцата, во два три потези, веднаш стигнуваа од центарот до 16-тникот. Многу среќа имаа Шкотите, посебно во првиот дел.

Бидејќи знам дека мора да нападнеме, а уште подобро знам како поминуваме кога ќе нападнеме, добро би било оваа контра да не им функционира на Норвежаните.

Ќе дебитира Деспотовски, незнам што играч е во однос на другите, но освоил куп на Украина и тоа против Шахтјор во финалето, што не е мала работа. Тој дел на теренот ни е најслаб, се надевам дека овој играч ќе може да направи некоја промена.

Исто се надевам да дебитира Филип Ивановски затоа што се работи за млад и многу добар центарфор кој игра во добра лига и дава голови. Знам дека Јонуз ќе започне со Стојков кој пак не дава толку голови и не може да си најде клуб за озбилно, ама одвреме навреме знае да погоди па белким ќе биде за арно.

Иначе не ме радува, отсуството на Новески, аматеризмот во ФФМ кој редовно се одразува на репрезентацијата, лошата форма на Пандев, размонтираниот холандски брод...

Но, на маката се познаваат јунаците. Утре е ден кога ќе видиме од што се направени. Колку беше до Среќко, колку беше до нив. Колку можеме, или не можеме.

Ваква Норвешка нема другпат да ни дојде. Како што нема да ни дојде ни онаква Шкотска. А ние ја покакавме со Исланд. Време за вадење нема, вториот од нашата група ќе биде најлош втор, така стојат работите. Но и ова лажно убедување дека со две победи имаме шанси за бараж, би требало да не мотивира доволно.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Optimist sum za ovaa utakmica i mislam deka ke pobedime. Nema da ja gledame vise onaa mocana taktika na Katanec i da se nadavame deka Jonuz ke ja postavi vistinskata taktika i so ofanzivna igra da go dobieme mecot, moj tip 2-1. pozdrav:smir:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Да не мислиме на тоа, но дотолку дојде до пораз утре...репрезентацијата ке падне на најниско можно ниво во последните 10тина години.
Проблемот е во тоа што кога сите репрезентации имаат подем, особено оние од Балканот, ние имаме баш спротивен пад.


Тоа е само реалноста, но да се надеваме момците уште еднаш ке ја стават репрезентацијата пред проблемите, ке се надминат себеси, и ке победат за нас Македонците.

Утре јас поред терен ке сликам...па се гледаме. :)
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Очекувам добра игра од нашите, се надевам на победа (нерешено и не е лошо во споредба со силата на противникот) и пред се фер судење од судијата (кој сака нека биде). Верувам во силата на македонскиот спортски дух.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
2-1 за нас. Абе, гол-гол сигурно испаѓа. 1.75 е во СпортЛајф :)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Јонуз треба да им пушти филм од Александар Македонски за да ги мотивира ако има кај да пушти како што направи гуардиола на финалето.Нема да биде лесно во секој случај али предноста на домашен терен е огромна се освен победа е катастрофа за нас како што падна Хрватска и многу други да падне и Норвешка со борба као против Хрватите мој тип 2-1 рез.Тешко да одам на стадион али затоа ке урлам пред тв
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Очекувам добра игра од нашите, се надевам на победа (нерешено и не е лошо во споредба со силата на противникот) и пред се фер судење од судијата (кој сака нека биде). Верувам во силата на македонскиот спортски дух.

Секое нерешено и секој пораз е еднакво лошо! Мораме секогаш да мислиме на победа луѓе, мора тој лузерски менталитет да го искоренеме. Како сакате да имаме мотивирани фудбалери кога ги оправдуваме нивните нерешени или изгубени натпревари, се сеќавам пред некоја година после изгубена утакмица излегува селекторот и вика ова беше планиран пораз, па добро бе маме му ебам како може да планираш пораз?!.

СЕКОГАШ ОДИМЕ НА ПОБЕДА !!!!
:oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom