Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Иначе според BET WIN шансите да победиме утре ни се 4.55 наспроти 1.20 за Литванија. Па види ти кој е фаворит!
Се молам тоа да биде само на хартија!!
Патем на Словенците се 10.00 : 1.05.
 
В

Вори

Гостин
Утре треба да продолжиме со добрата игра во одбрана.Уствари не,моја грешка.Утре треба да се надминеме себеси во одбрана и да ги тепаме овие домаќиниве.
Се надевам дека Гечески ќе игра,барем малку.Ипак кога е тој на терен,другиве се чувствуваат посигурно,а и противниците се плашат.Ако не,тогаш сите надежи го полагам во Самарџиски.Нека им докаже на Литванците дека не е така лош колку што ние го мислиме,нека им докаже дека не згрешиле што го зеле да игра во нивна лига.
Не се толку супериорни во рекет,имаат добар шут.Во никој случај не треба да ги оставаме да шутираат тројки.А и мислам дека редно е и на нив шутот да не им проработи.
Исто така треба ние да играме добро и во напад.Досега асолно ниеднаш не се расшутиравме како што треба и како што доликува.Нели мислевме дека тоа е нашето најсилно оружје,пред почетокот на шампионатот?

Ќе имаат Литванците поддршка од публиката,ќе имаат поддршка од судиите сигурно,но нашиве сега треба да се покажат и не треба да подлегнат на провокациите од судиите и галамата на публиката.
Одиме на победа,немаме што да изгубиме.Тие имаат притисок повеќе зошто играат дома и сите очекуваат Литванија да игра во финале.Ние нашата цел ја исполнивме,се што ќе направиме повеќе е огромен бонус за нас.
Без разлика дали ќе отпаднат утре,кошаркарите се херои со огромно срце,кои покажаа како се бранат боите на националните дрес и покажаа како искрено се бори и се сака своја држава.
Ќе ги победиме,ќе им ги затнеме муцките на сите.
 

Alan Shearer

Newcastle
Член од
6 јули 2011
Мислења
388
Поени од реакции
136
Иначе според BET WIN шансите да победиме утре ни се 4.55 наспроти 1.20 за Литванија. Па види ти кој е фаворит!
Се молам тоа да биде само на хартија!!
Kazi do sega edna utakmica osven so Finska,Grzuja i bosna kaj sto Makedonija ima pomal koeficient...Kakov bese koef.so Grcite so Hrvatite so Slovenija iii...toa po kladilnicite nemora da znaci nisto ;)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Реков јас...илјадарче на Литванија па или парички или 1/2 финале ( подобро второво ) Е сега ако оди мечот во продолженија и таму изгубиме.... членот Rousso ќе ви ги врати парите пошто е најсигурен дека тепаме :D
--- надополнето: Sep 13, 2011 10:36 PM ---

Ако тепаме ќе си го сменам аватарот. А и потписот
Јас на Македонија ќе играм :rolleyes:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Јас цел живот ја пратам Србија и никад не сум ни помислил дека ќе изгубиме меч пред тој да заврши. Ве читам и не ми е јасно како после само еден пораз, кој рука на срце беше несреќен случај односно недостаток на искуство, одма се предавате, уште од сега си спремате терен за неуспех. Што менталитет имате неможам да разберам.
Јели бре Милојко џеси ти сунце ти ...:pos: Џесу твоји орлови двоглави,јел су полетули :pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.939
Поени од реакции
16.238
Лошо е тоа што ако изгубиме од Литванија утре т.е веќе денес, одма во четврток играме меч со поразениот од дуелот Шпанија - Словенија, во 15.30 часот. :confused: ...а веќе и снага немаме, се вкупно 11 натпревари ќе одиграме на првенството.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.461
Иначе според BET WIN шансите да победиме утре ни се 4.55 наспроти 1.20 за Литванија. Па види ти кој е фаворит!
Се молам тоа да биде само на хартија!!
Патем на Словенците се 10.00 : 1.05.
5.25 беше на Русија, ама оној Монија ме уништи.
Не знам што е поентата на постојано докажување дека Литванија е фаворит. Знаеме дека е фаворит. Исто како што беа Русија, Хрватска, Грција и Словенија.
Оставете ги малку на страна муабетите од типот: Е групата е за класа појака од Ф и затоа овие од Ф ќе губат по 20 разлика. Точно е дека Е групата беше за класа појака, ама најмногу поради Шпанија и Франција на врвот и Германија и Турција кои испаднаа а се далеку подобри од Финска и Грузија. Што се однесува до Србите и Литванците, тие ќе мора убаво да се испотат. Дури и Французите нема така лесно да ја добијат Грција, ако ја добијат. Единствена екипа за која со сигурност може да се каже дека е непобедлива за екипи како нашата е Шпанија.
Така да доста кукате. Во игра сме, ако ја повториме играта од одбрана и ако ни работи шутот, и тоа како сме во игра.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Некој пиша дека Гечевски ќе игра???? Колку е сигурно?
 

Alan Shearer

Newcastle
Член од
6 јули 2011
Мислења
388
Поени од реакции
136
Некој пиша дека Гечевски ќе игра???? Колку е сигурно?
Igra Gecevski i citaj gi postovite od pocetok ke videse deka ke igra ;)
--- надополнето: Sep 13, 2011 11:00 PM ---
Inaku utre najtesko ke bide na pocetokot ako go izdrzime pocetokot a Litvanija da ne se odlepi togas e dobro,a Gecevski ke igra samo dokolku e tesno i e potreben,a ne e cudno i da se najde vo startna petorka zatoa sto nema skrsena leva i puknata desna raka kako sto jadat burek ovie nasive novinari,so desnata raka e se OK,dodeka levata e samo puknata a ne skrsena
 
K

kalimer0

Гостин
Не сакам да зборам пред рака, очекувам да ги посрамотиме дома Литванциве но ќе биде тежок натпревар како тој со Русија.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Ќе биде тешко, но ќе се борат дечките тоа сум сигурен, па ако даде Бог заедно да се радуваме утре сите ... Меч за историја е ова ..
 
В

Вори

Гостин
Некој пиша дека Гечевски ќе игра???? Колку е сигурно?
Не е воопшто сигурно.Можеби ќе игра,а можеби не.А можеби Марин го чува како скриен ас во ракавот и кога сите ќе мислат дека тој нема да игра,ќе се појави на терен.

Гледам на фејсбук дека некој го прашал Игорче дали ќе игра Тоше утре.И овој му одговорил дека нема да игра.Колку е тоа точно не знам,но само да пренесам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom