Македонија - Доминиканска Република | Квалификации за ОИ, Лондон - 1/4 финале [петок 23:30 ч.]

Статус
Затворена за нови мислења.

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Имало и полоши од нас во тројки?:eek:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Доминиканциве во неодамнешното финале на Центробаскетот го совладаа Порторико, на домашен терен среде Сан Хуан:pipi: Истиот оној Порторико кој нас ни го плесна 2 пати и тоа убедливо:cenzura:
Точно :)

Но центробаскетот е повеќе пријателски турнир, отколку со натпреварувачки карактер.

Како и да е частам пијачка, з апобедата на Македонија:cuc:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.722
Поени од реакции
35.522
Ја добиваме Доминикана, и после тоа имаме две меч топки. :)
Денес ме убеди дека Газовски ќе се покаже со Доминиканциве, па ајде ќе ти верувам :P
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Денес ме убеди дека Газовски ќе се покаже со Доминиканциве, па ајде ќе ти верувам :P
Досега стално коа сум ветил пијачка, испаѓало како што треба:P Ваљда и овој пут е така.

п.с секогаш се пиела пијачката:D
 
А

Анноун

Гостин
Време е да се потсетиме на победничката река од луѓе која се движи радосна кон плоштадите низ Македонија .
Ова ќе дојде како тренинг-минипрослава , за влезот на олимпијада во сабота вечер (y)
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Од колку саат се игра според македонско време? Не можев да најдам никаде на интернет.
Игорче кажа од 23:30 или 02:00, тие биле термини за натпреварите од нашата група.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Реално, тешко ни иде против екипи кои негуваат не-европска игра, зашто ние играме тотално типична европска кошарка а и сите наши играчи играат во Европа па немаат баш познавање за таа игра. Ама тоа треба да го ставиме во наша предност. Да си ја играме играта, европски, со тактики, смирена игра и на сигурни напади, без брзање, да ги ставиме во нашата машинерија, зашто ако влеземе во нивната игра, не ни се пишува добро, зашто шутерската игра не ни иде, тоа го видовме со Ангола. Доминиканска Република ќе игра индивидуална игра и треба само да изиграме добра одбрана против тоа а нападот сам ќе си дојде со сигурни напади. Не би сакал да купувам ново далинско и после оваа утакмица, па нека не шутираат 3ки избрзано од неизградени позиции. Разликата е само 1 поен, дали е внатре или надвор од линијата за 3 поени. Само уште 2 победи до Олимпијадата. ПОБЕДА!

А зашто химната не се слуша во салата, нека се слуша на темава.

 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558


Петок (спрема сабота) е денот кога Македонија игра уште еден да се биде или не натпревар на овој турнир. Ама ние веќе се навикнавме на вакви мечеви. Играме со Доминиканска република.Репрезентација која што се изнамачи со Кореа да стигне до пласман во 1/4 финалево. Ама тоа не е причина за потценување бидејќи ние во нашиот прв меч.....уствари ај подобро да не се потсетиме на тој меч.

Нашите имаат еден ден повеќе за одмор од Доминиканците. Се надеваме дека нашата репрезентација на чело со Лазовски го искористила тој ден максимално. Ако се учи од грешките тогаш нашите имаат неколку лекции за учење.

Тие имаат НБА ѕвезда во името на Хорфорд ама затоа ние ги имаме Бо,Перо,Предраг,Владо,Ѓорѓи,Тодор,Дамјан,Владо и пред се лавовско срце






Се надевам дека поракава е пренесена кон кошаркарите и дека тоа ќе ги мотивира максимално и дека ќе ги потсети дека и ако физички не сме присутни во земјата на Хуго Чавез сепак сите со мислите сме во Венецуела.



Игорче е тука,Симо е тука,сите сме тука за кошаркарите.Терминот за мечот ќе биде објавен утре ама без разлика во колку часот ќе играме едно нешто е сигурно,а тоа е дека ќе славиме цела вечер и цел ден.

За мечот со Нов Зеланд Симо ни донесе среќа. Бидејќи ова е 1/4 финале на помош го повикувам и Игорче покрај Симо :)


Секирата рже од што е наострена.Само останува да дојде Петок и да сечеме Доминиканци и да кинеме Доминканки

Тетоважата од знамето на Македонија е на телото од Антич така?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Немој да ја труете само темата со глупости...утре има слободен ден а ништо не знаеме, ебати репрезентацијата и медиумите без известувач отидоа.:tapp:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Искрено првпат ја гледав Доминикана денеска, и сакав да дадам едно мислење за нивната игра....
Играат брза кошарка со брзо спуштање на топката во рекетот најчесто на Хорфорд оти топката, иако имаат и солидни шутери од далечина (Гарсија, Фортуна итн), друга работа која најмногу ме загрижува е играта во рекетот, Хорфорд и Мартинез се одлични скокачи (посебно вториот) и по се изгледа оти Тоше ќе треба многу малку да игра на овој натпревар оти е бавен, и слабо прибириа топки под кошевите...дефинитивно треба да играме зона да се затвори тој рекетот, а во напад смирени, бавни напади ни под разно не смееме да влезиме во бркотница по теренот а имаме таков човек за да ја смири играта (Илиевски) и сигурен сум ако ги задржиме на 65-70 поени ќе победиме оти не играат тие некоја посебно добра одбрана....не очекува еден многу тежок натпревар со незгоден противник ама мислам оти ако игравме против Русите ќе немавме никаква шанса......
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
пред да отидеме ги сакавме овие да ни се паднат.... бевме далеку пред некој ден ,мегутоа се оствари тоа што го баравме па ајде да го искористиме до крај !!!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Леле човече до каде стасавме да не ти се верува еј.....
Доминикана мора да плаче во сабота......само паметна игра, нека управат со тоа скоковите, Гечевски и Чековски нека почнат да рипаат, да се проба и со Николовски ако треба, и со Борчета напред во уште еден дуел против Литванија и прва меч топка......и после се тоа шо прочитав деновиве на ФБ од Литвански навивачи уф како би ми било мило да ги плеснеме уште еднаш.
Ама отом-потом, само Хорфорд нека се запре, другите не се којзнае каква закана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom