Мака ми е од се` во последно време.
Мака ми е од тоа што повеќе нема семејства што функционираат како што треба. Мака ми е кога ќе почнам од моите комшии, па за подалеку да не ни зборувам. Мака ми е кога слушам како 40 годишна жена и посакува на цел глас на својата мајка да умре, кога истата на својот син му се дере да не ја мава неа, туку да удри на бабата. Мака ми е од тој хаос околу мене, страшна мака!
Мака ми е кога се плашам да не ми се урне зградата над мене од силни потреси и од тие над мене. Мака ми е што во 5 сабајле се силни да се тепаат, хистеризираат со заплашувачки пискотници, да се караат, пцујат, тераат ...
Мака ми е од луѓево ... што е влезено во сите?!?!?!?
Неможе да не ми влијае тоа, се будам и заспивам со истата приказна секој ден ... човек просто да се запраша, дали живее меѓу животни или луѓе ... страшен хаос, не ми се верува.
Мака ми е и од нешто друго ... мака ми е од себе` што сум никаква. Мака ми е што трчам по сечиј газ, што се потресувам за секого, што од мене ќе земам да дадам на друг ... мака ми е што неможам да се сменам, за сето тоа да престане постојано да ме шамара.
Мака ми е што сум толку наивна и излегувам во пресрет на секое суштество на светов ... се оставам последна секогаш за да задоволам било кој друг, кој не секогаш ми е некој кој ми значи. И за што сето тоа? За да не очекуваш ништо, а да добиеш се` што не очекуваш. Најмногу го посветувам постов на едно лајно од човек кој знам дека ќе ме прочита ... поздрав!
Џабе должам уствари, кога сакам да кажам само дека ми е мака од сите луѓе или да кажам нелуѓе ... ватевр де ...
Баш сакам да се родев на почетокот на светов, кога можеби била понежна, целата оваа денешна реална слика на човекот.
