Fabullous_178
Psychonautics:.
- Член од
- 21 февруари 2007
- Мислења
- 2.987
- Поени од реакции
- 190
Прво сочувство до сите оние на кои им е тешко.Сум преживеал таков период.Знам дека животот е бесмислен тогаш.Бев на дното,бев на врвот и нема да ви се верува колку е блиску едното до другото.Колку е лесно да паднеш...Падот е тежок,но на дното е лесно.Повеке нема да пагаш.Може само нагоре.Најголемото искуство го добиваш таму доле.Стануваш цврст,не дозволуваш да те повредуваат работи за кои пред тоа си мислел дека се Армагедон.Стануваш недопирлив.Ништо веке неможе да ти наштети.Смрт,болест,агонија...си видел се.И повторно одиш кон врвот.Но веке не е тоа вистинското.Падот си носи свои последици.Ги губиш емоциите.Тоа мора да се случи за да издржиш доле.А што е животот без емоции.Само една здодевна права линија.Единствено нешто кое те одржува во живот е надежта.Ако научиш да ја одржиш надежта во секаква ситуација тогаш ти си непобедлив.и додека ја има надежта има и шанси одново се да се среди.И ке се среди.И конечно почнав вистински да го живеам животот.Со сите негови екстреми.емоции,адреналин.Колку ми недостигаше тоа.Надежта ке ве врати во живот,само ако знаете да ја одржите.Не ја губете никогаш.Peace