Мака ми е што кога и да отвориш уста се нешто ме критикуваш, нешто не ти чини, нешто сум згрешила.Аман па ќерка сум ти!!!Неможеш ни еден пофален збор да кажеш, за тоа што го успеав и направив...До толку сум лоша и не заслужувам ниеден добар збор?!?!
Мака ми е кога ќе слушнам како на сите им ги кажуваш нашите проблеми дома.Што сакаш да постигнеш со тоа???Па зарем мислиш дека на другите ги интересира тоа нас што ни се дешава???
ЖЕНО ПРЕСТАНИ!!!!Од кожа ме вадиш!!На моменти неможам да те поднесам...Посакувам да сум негде далеку сама, да си ги средам мислите малце...Знам мајка си ми и несмеам такви работи да си помислувам, но ти правиш тоа да биде така.Ме губиш, верувај дека од ден на ден се повеќе ме губиш како ќерка. Ти го кажав тоа, а ти си продолжуваш...изгледа гајле ти е...