Мака ми е цел живот јас да бидам потпората и стабилноста, мака ми е што кога ќе дојде време јас да се потпрам сите се премногу слаби или изморени.
Мака ми е цело време да бидам учителот; побогу, има толку работи кои јас сакам да ги научам, а никој во мојот живот не бил способен или спремен да ме стави во соодветната улога.
Мака ми е што доследно се самоизмачувам во обидот никого да не повредам по цена на моето длабоко страдање. Мака ми е зашто сум во близина на мноѓу луге покрај кои не сакам да бидам, а сум далеку од оние кои ми го градат внатрешниот мир.
Мака ми е за сите зборови кои неконтролирано ми летаат во обид да го смирам внатрешниот бес, но и за сите зборови кои ги задржувам во себе – мака ми е од ситуации во кои морам да ги котролирам моите импулси и емоции.
Мака ми е од сите на кои “секогаш ќе можев да сметам”, а никогаш не доживеав да ми го докажат истото. Мака ми е од лицемери кои ги снемува со брзина на светлината макар и кога само ќе им спомнеш дека не ти е лесно
Мака ми е што најпрекрасните работи на овој свет траат колку и крилјата на пеперутките.
Мака ми е што не можам да го свртам часовникот наназад и да си ги вратам саканите.
Мака ми е што не се родив барем 5 години подоцна.
Мака ми е што сјајот на пријателството згаснува под налетот на сеопштата себичност и амбиции. Мака ми e што ниски страсти ги засенуваат сите оние работи кои требаше да бидат симболот на искреноста и чистината.
Мака ми е од сите борци за “љубовни” трофеи на кои не им дојдено ни до љ, туку само сакаат да те врежат како рецка на триумфалната плоча над својот кревет.
Мака ми е што светов заборавил дека за љубов се потребни двајца.