ок, луѓе, малку со усул...
Кога зборувам за магија... Не зборувам за едно едноставно АБРАКАДАБРА што го менува светот. Не може само да посакате некој да се вљуби во вас, и тоа да се случи. Не може ни да ставите жаба во нечиј чај и тој некој да се вљуби во вас. Магија не е желба или помисла... Кога човек кој верува во магија, вистински верува во магија, и знае што е магија, вистински знае што е магија, зборува за ЕНЕРГИЈА!!!
Тоа е све. Енергија... Меурчиња околу нас, зраци, облаци... наречете го како сакате, едноставно енергија. Секој од нас има енергија, наша енергија. Све околу нас, исто така, има енергија... Кога таа енергија ќе се промени, доаѓа и до промена на самата околина и на самиот човек.
А тоа и не е така лесно. Не може да го направи секој. Не можат ни многу луѓе. За една личност да може да направи магија, вистинска магија, треба желба, треба знаење, и треба толку толку вежбање пред тоа.
Помислете, едноставно, на поместување на пенкало со само гледање во него. Знам, некои од вас мислат дека и тоа не е можно, но луѓе што го прават тоа ПОСТОЈАТ. Насекаде, околу вас. Што е тоа? Едноставна магија, промена на енергијата. Тоа лице ја насочува својата енергија кон тоа пенкало... и полека, го поткрева или подбутнува... Сте ги виделе оние десетици луѓе кои можат да превиткаат лажичка со поглед? Не го прават тоа со погледот, истите тие луѓе можат тоа да го направат и со затворени очи - не е погледот битен, туку енергијата!!!
Прво, разграничете лекување со билки од лекување со магија. Лекување со билки е едноставно наука... Некој човек некако дознал дека една билка помешана со вода ќе излечи нешто - и го прави тоа. Со такво експериментирање настанал и аспиринот... Никаква магија.
Лекување со магија, од друга страна, до сега, во целата историја на светот, не можеле да направат повеќе од околу 5 луѓе. Тешко дека ќе го најдете - потребна е премногу енергија, преголема концентрација... Така да, не ни мислете на тоа.
Друго...
Битно... БЕЛА И ЦРНА МАГИЈА.
Мислам дека веќе го кажав ова. Единственото правило - не е правило, туку... водич на некој начин - кај Wicca е прави било што све додека не ги повредуваш другите. Секоја магија која не допира друга личност е бела магија. Бела магија е најчесто ритуал за повикување на Божицата, ритуал за нема вечера, или нешто слично, да не набројувам. Црна магија е све друго... Поигрување со човековиот организам или чувства, без негова согласност, целосна согласност, е црна магија!
За онаа голема црна магија потребно е нешто што малку практикувачи на Wicca воопшто го имаат, огромна посветеност, огромна мотивираност и огромна енергија. Не се познати повеќе од 10 личности во целата историја што воопшто можеле да се занимаваат со црна магија. Црната магија е обично поттикната од настан, од чувство, но способноста за црна магија си оди со чувството... Не се грижете, нема да се соочувате со тоа any time soon
...
И така...
А да... За магиите што ви ги направил некој на семејството, или на некој кошаркар... ГЛУПОСТИ... Не постои човек што може да направи таква магија ради реда, прво... второ, не постои човек што може да направи магија по нарачка. Магија е енергија и чувство...