Ами, зборев нешто прееска или ламарина тропаше?
Нејсе, Meelencko ме предухитри со објавувањето на плановите, иако ќе има многу повеќе. Следат деновиве...
А Михаил, ако разговорите за името завршуваат за 24 саати, да тркнеме до соборна Мен, не наседнувај на вакви муабети... Кој е Нимиц да решава бре?!
За било што!? :smir:Сметајте на мене за што било!
Само како да се убедат, тие што полемизираат, муабетат на тема за името, да одат на протест и да го изразат своето мислење. Бидејќи на крајот секогаш завршува разговорот со: А бе ајде џабе е протестирање, со тоа ништо не се постигнува, за името е решено итн.Јас
Уште од сега би се подготвувал за протест
Десетина дена однапред
Па протест да правиме некаде на крај од Март
Пред самитот во Букурешт
Воопшто не би се прашувал:
Дали би требало или не би требало Протест
Одговорот е јасен и гласен:
Треба
Митингот на Пела беше ОК
Испадна од 30 000 до 40 000 народ
Но овојпат идеме бар на пола милион
За тоа има создадено расположение кај народот
Кај и да идам во муабет кога тогаш ќе се сврти тема за името
Од бербери таксисти студенти професори доктори на науки до најквалификуваните пензионери
Притисокот се дише
Секаде е присутен
Боли самата помисла дека можеби некој се обидува ни ја откорне Македонија од срцето
А камоли такво нешто навистина да се случи
Затоа сум навремено за Митинг
После да не биде доцна
Протестот може само да помогне...
Народот пак да го каже својот став јасно и гласно...
Замислете пола милион на скопските улици...
Само така со еден удар ќе се добие посакуваното
Само така ќе се прати
Јасен сигнал до придавкарите и меѓународните шлапатарки
Ќе ја зајакнеме нашата позиција
Нема шанси да ја ослабиме
Се друго е млатење празна слама
Ајт лека ноќ
Поздрав
Баш тоа што се обидувам и јас да им објаснам на многу мои познаници дека се е важно, секоја битка на секое поле колку и да звучи или изгледа банално па дури и победа на спортски натпревар. Покажете малку борбен дух како што доликува за едни славни Македонци.Само како да се убедат, тие што полемизираат, муабетат на тема за името, да одат на протест и да го изразат своето мислење. Бидејќи на крајот секогаш завршува разговорот со: А бе ајде џабе е протестирање, со тоа ништо не се постигнува, за името е решено итн.
Јас мака мачам да се убедам со такви луѓе дека треба да се излези на протест без разлика што било и како било решено. Јас велам: И во најлош случај т.е. да ни го сменат името (а не сакам ни да помислам на тоа) треба да се излези на протест. Друго ќе биди да се случува ваква работа и никој да не излези, бидејќи со тоа се испраќа сигнал дека народот се сложува со промена на името, оти не пуштил ни глас, а друго е кога ќе здиви и ќе излези масовно на протести и ќе се прати јасна порака дека нема да седи мирен на ваква неправда.
Ако и Даме, Никола, Питу седеа и велеа: А бе не можиме ништо, не можиме против Турција, против цел свет, немаше да бидат една од најзадолжителните лекции во нашата историја.