МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Го гледав вчера, делува ко Слагалица за сиротиње.

Првата игра си е топ, ама некако лошо ги имаа распоредено буквите и ги погодив сите зборови.
Таа втората, опсервација, им е тешка глупост. Ко да си во квиз на Драган Вучиќ. Лесна му земја.

Таа со веселата математика е глупост исто. Наместо да биде ко Бројки во Слагалица, они прават игричка ала 2+2.

Епик фејл им беше кога имаа прашање од Филм, а им дадоа да ги поврзат ликовите од "Преспав". :D

Забележав дека премногу прашања имаа поврзани со Србија. Не дај боже да видат источниве ѓубриња, ќе речат зашто не ги ставиле Азис и Ѓергана во прашањата. :D

Лилиќ го паметам ко добар водител од квизот Торпедо што играше пред петнаесетина години на прва. Сега делуваше ко водител на детска емисија, бавно збореше, по стопати повторуваше одредени работи, многу лош.

Да прифатев понудено учество во квизот, ќе имав синоќа иста игра како играчот Новица. Новица губеше убедливо 60-10 после првите две игри за збор и за опсервација. Едноставно овие две игри не ги сакам.
Само зборот математика го составив од 4 понудени зборови во првата игра збор.

Имаше добар сплет на околности и среќа Новица, затоа што погреши играчот Драгољуб со изборот на теми во 5 и 6 игра, Драгољуб пропушти да одбере спорт како тема во 5 и 6 игра, ги бираше темите книжевност и музика и погреши, освои помалку поени а Новица ги освои максималните поени за спорт во 5 и 6 игра, и само поради погрешниот избр на противникот, успеа Новица големиот резултатски заостаток да го надополни.

Баш вака и си пресметав за себеси дека ќе имам проблеми и со двете први игри и ќе имам резултатски заостаток да бркам, и реално само ако противникот од 3 до 6 игра прави киксеви само тогаш е возможно да се надомести резултатски заостаток, што се и покажа синоќа.

Не сум знаел дека Лилиќ водел квиз со име торпедо некогаш. Редовно следам квизови кои и онака ретко ги има на телевизиите и не знам како сум го пропуштил тој квиз. Инаку много бавно се одвива квизот и трае 10-тина минтуи подолго, мој впечаток.
ПС: синоќа пак имаше некое прашање поврзано со Србија, ова за инает на Бугарија го прават. ;)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Не сум ја гледал вчерашната епизода, ќе ја премотам програмата после да ја погледнам.

„Торпедо“ играше периодот околу 2004-2007, не сум сигурен точно која година. Ми текнува Лилиќ беше водител, беше ко навиен, студиото беше ко во подморница да се и ако не грешам Лилиќ им се обраќаше со морнарски називи, дали кадет 1 и кадет 2 или некој друг назив не знам.

Тоа беше прав квиз на знаење, постојано прашања од разни теми. Тогаш немав опција да снимам, па да враќам програма и слично и ми текнува ги запишував прашањата и одговорите. Бар она што ќе стигнев да го запишам. :D

Според сајтов од студиово што го снимало, Торпедо одел во 2007.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Квизов спореден со хрвстските како луѓе со ретардација да гледаш, туѓ срам ме јаде..
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Лоша копија на Слагалица.

Опсервер играна ми е на ниво на квизовите Драган Вучиќ што ги водеше.
Математиката и испод тоа ниво. Математика за Славици на ФБ.

Играта со буквите мора да ја подобрат, а не само да најдат збор од 10 букви и да ги измешаат буквите. Очигледни се зборовите.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Јас па ич не се сеќавам на Торпедо, сум подзаборавил. Лилиќ водеше еден квиз Арена, мислам околу 2000 година негде беше тоа. Тоа беше повеќе квиз со спортски игри отколку квиз на знаење. Се сеќавам последна игра беше кој ќе издржи подолго со главата во вода. Ама брзо го прекинаа квизот, мислам испадна дека организаторот немал некоја лиценца. Па се крена прашина тогаш.

Лилиќ тогаш го паметам како добар водител. Вчера прв пат го гледав новиов квиз и ме разочара. Премногу монотоно и досадно го води квизот, не му се осеќа никаква возбуда во гласот. Како било кој рендом лик да зеле да води.

Онака за квизот што да кажам, до некаде копија на Слагалица. Прашањата во последните две игри не беа многу тешки. Каков и да е, ме радува што повторно гледам квиз на знаење на МТВ, иако повеќе би преферирал нова сезона од Круг на знаење.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Торпедо беше квизот со студио како подморница или тој се викаше Арена?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Торпедо беше тој со студио како подморница. За Арена прв пат слушам.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Jaс Арена го знам оној од поновово време на Алфа со Димитар Атанасовски како водител.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.756
Квизов спореден со хрвстските како луѓе со ретардација да гледаш, туѓ срам ме јаде..
Богами, да се чуди човек какви ликови има по Хрватска и колку само знаење имаат.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Го има ли негде квизот на интернет?

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Во моментов оди концерт на Банкрот Блуз Бенд во Св.Софија. Идеална работа за досадна дождлива саботна вечер. Nice job, МТВ (y)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Квизов е на ниво на Среќни коцки... Кои се боите на ФК Пелистер ги прашуваат бе :facepalm:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нестварно е колку лош беше преводот на "Прашина" на Манчевски синоќа на МТВ. Да беше некој превод симнат од веб страна одма би го исклучил и би побарал друг. Уфрлање скопски дијалект, користење некои безвезни фрази, па дури и непотребни вулгарности. Најлош пример - фразата "No pain, no gain" ја преведоа "Не може и кур до крај и душа у рај".

Нека им јави некој дека поголем дел разбираме англиски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom