МАКЕДОНИЈА И ЦЕРН ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Свесни сме сите што претставува ЦЕРН, свесни сме дека за неколку месеци ќе го изведат најголемиот експеримент во историјата, свесни сме каква технологија е во прашање...

ЕВРОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА НУКЛЕАРНИ ИСТРАЖУВАЊА - ЦЕРН
МАКЕДОНИЈА И ЦЕРН ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА
Македонската Влада и Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) денеска во Женева потпишаа договор за соработка со кој долгорочно ќе се осигура можноста за учество на Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН.

Договорот, во најголемата светска лабораторија за научни истражувања, го потпишаа премиерот Никола Груевски и генералниот директор на ЦЕРН Ролф Ајор.

- Со овој договор се отвораат можностите не само за едукација и истражување туку и за повремено добивање одредени грантови, опрема, трансфер на знаење и на технологија што ќе помогне многу луѓе во Македонија да одат напред во своите научни амбиции, истакна премиерот Груевски по потпишувањето.

Директорот Ајор, честитајќи и на Македонија за влегувањето во ЦЕРН, рече дека тоа е голем чекор за државата кој ќе придонесе за развојот на научната и истражувачката дејност, но и за усовршување на идните научници.

http://time.mk/story_87bbb86158_article_6f0ce3b808.html
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Одлично, вакви вести сакам.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
dobra vest a ne samo ubistva i drugi nemoralni slucuvanja.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Веста е супер за сите наши научни работници, а за Македонија е супер што соработката е потпишана со нашето уставно име.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Можеби ваквите договори ќе го заживеат Институтот за физика, во жална состојба е...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Дајте малку ние македончињата да експериментираме со создавањето црна дупка :vozbud:

Инаку, одлично е ова, само незнам што би значело. Македонија ке дава финансии за истражувањата во церн?
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Дајте малку ние македончињата да експериментираме со создавањето црна дупка :vozbud:

Инаку, одлично е ова, само незнам што би значело. Македонија ке дава финансии за истражувањата во церн?

Ами ние не се знае колку време сме црна дупка!:vozbud: :)
Не за џабе дошле швицарците кај нас.:tv:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Свесни сме сите што претставува ЦЕРН, свесни сме дека за неколку месеци ќе го изведат најголемиот експеримент во историјата, свесни сме каква технологија е во прашање...
Не сме сите свесни. Навистина ме интересира зошто настанов е битен.

Кои се придобивките за Македонија?

Зошто и како потпишале договор за соработка? Има ли некакви “рачки’’?

Може ли некој да објасни?!?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
еве знаеме шо е ЦЕРН и шо преставува ...
но која е соработкава ...
подетално?
и мене ме интересира ... но ќе треба Груевски да го прашаме изгледа :)
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Македонија влегува во ЦЕРН како членка, но нема да инвестира, иако сите други членови инвестираат. Ова ќе и помогне на Македонија така што нашите научници ќе имаат пристап до трудовите на научниците од ЦЕРН, соработка, вклучување во проектот за откривање на настанокот на вселената, пристап до најсовремената технологија, стипендии и патувања на македонските умови итн...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Свесни сме сите што претставува ЦЕРН, свесни сме дека за неколку месеци ќе го изведат најголемиот експеримент во историјата, свесни сме каква технологија е во прашање...
Свесен сум пробаа пред неколку месеци да симулираат настанување на нашава вселена :nesvest::nesvest::nesvest:. Па свикаа луѓево дупка, дупка и тоа црна ќе не голтни сите :). И одеднадеж го прекинаа експериментот ни дупка ни бутур, можам само да предпоставам дека нема да го продолжат проектот и ќе се вадат на светскава криза. Потрошија тешки милијарди евра на глупост според мене, тие средства да ги наменеа за гладните и жедните во Африка многу подобро ќе направеа отколку да ми симулираат настанок на вселената.

П.С: Ако успеат да го симулираат тоа што го тврдат дека ќе го симулираат, прв ќе бидам што ќе признаам дека сум грешел.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Македонија влегува во ЦЕРН како членка, но нема да инвестира, иако сите други членови инвестираат. Ова ќе и помогне на Македонија така што нашите научници ќе имаат пристап до трудовите на научниците од ЦЕРН, соработка, вклучување во проектот за откривање на настанокот на вселената, пристап до најсовремената технологија, стипендии и патувања на македонските умови итн...
Извини од каде е таа информација дека Македонија нема да инвестира?!

Доколку е вистина, тогаш - навистина одлично!


Видете А1 каква дезинформација протурила, Интернетот бил изум на ЦЕРН:

„После Интернет, којшто патем беше откриен исто така во ЦЕРН, новата мрежа на комуникација...“, изјави професорот Златко Димчовски. :tv:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Видете А1 каква дезинформација протурила, Интернетот бил изум на ЦЕРН:

„После Интернет, којшто патем беше откриен исто така во ЦЕРН, новата мрежа на комуникација...“, изјави професорот Златко Димчовски. :tv:
:pos2::pos2::pos2:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Според научниците во CERN, навистина е така. Не е дезинформација на А1.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom