Лицимери има многу. Моја најдобра другарка што ми беше, се дружеше со мене од корист. Во друштво знаеше да ме понижи, ( иако јас соодветно и враќав ) но следниот ден во школо ќе ме гушне и милно и невино како ништо да не се случило претходниот ден ќе ми се обрати со: "Еј здраво сонце како си?". Неколку денови бев ладна, па ќе ми помине лутината и пак по старо, се додека еден ден јасно и гласно и кажав дека не ми требаат другарки како неа! И секој замина по свој пат, не се каам за тоа што го направив. Уште слушам како се жалат нејзини "другарки" на начинот на кој таа ги изневерила.
Конкретно за мене, кога органски не поднесувам некоја особа, се одалечувам од неа. Не ми треба нејзино друштво посебно не за да и зборам позади грб. Доколку таа/тој го прави тоа, свеједно.. бидејќи најверојатно имам само едно здраво со дотичната особа и тоа воопшто не ми е потребно.
Доколку е некој близок, како што ми беше погоре споменатата "другарка" можам слободно да кажам дека се оделив од неа без око да ми трепне и без проблем си најдов многу повредни особи од истата.
Поради овие луѓе, потешко стекнувам доверба, но од досегашно искуство можам некако да ги проценам.