Лицемерие

С

Сатори

Гостин
Има разлика меѓу ситуации во кои лицемерно се однесуваш и лицемерие како константна карактеристика. Не е ниту страшно, ниту осудувачки ако во одредена ситуација, некогаш, ретко постапиш лицемерно доколку ситуацијата го бара тоа. Но, да ти е дел од карактерот, да ти е дел од начинот на однесување со другите е страшно. И треба да се избегнува втората категорија, ама не од причина што им судиме на лицемерите, туку со нив не знаеш на што си. Не знаеш дали тоа што го кажуваат е така или праат лице у моментот. Од вакви луѓе не си сигурен да побараш ниту совет, ниту мислење, ниту сугестија, а такви на никого не му требаат у секојдневна комуникација. :smir:
Лицемерието е карактерна особина кај секој човек, кој колку и каде ја користи тоа е комплетно индивидуална работа.Тие две работи не се делат во две категории од чиста причина дека тие меѓусебно се претопуваат и се истата работа со различен интензитет.
Никој не може да биде комплетно лицемерен или комплетно чесен, дозата е различна, луѓето во животот играат огромна улога, нивната поставеност и карактерите кои што ги имаат.

Едноставно, кога подобро ќе размислиш, дали можеш со било кој да знаеш на што си?:smir:
 
Член од
4 мај 2008
Мислења
255
Поени од реакции
11
Кога ќе налетам на вакви постови, просто се чудам како сум успеала да ја контролирам потребата за повраќање.
Поврати, не плаши се.
Белки така ќе исфрлиш дел од твоето лицемерие.
 
С

Сатори

Гостин
Поврати, не плаши се.
Белки така ќе исфрлиш дел од твоето лицемерие.
Не се грижи, моето надокнадува секогаш кога излегуваат надвор работите кои вистински ги мислам за нечии ставови.
Така што, веќе сум повратила, само со зборови.
Жал ми е ако не се приметило.
 
M

MIL

Гостин
Сами се откриваат после многу време зависи кој колку може да издржи да ја носи офчката кожа :pipi: МРАЗАМ ТАКВИ МНООООООООООООООООГУ :pusk:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
-Како да ги откриеме лицемерите? Постапки...
-Што потоа со нив?
-Што ако некоја личност ја засакаме премногу,и дури потоа увидуваме дека не е всушност онаква каква што се претставила?
Што потоа?


Очекувам ваши размислувања...
Научив доста за лицемерието само од овој форум. Да се пофалам дека имав добри "учители" кога сме веќе кај тоа.

Ги следат општествените правила кога им одговара, кога не им одговара, ги извртуваат. Ако други ги извртуваат правилата, тука се тие први да те критикуваат и потсетат на општествените норми по кои општеството се води и бара своите граѓани да ги почитуваат.

Истото се случува и кога се работи за измислени правила. Свои правила. Ги практикуваат кога им одговара. Вадат нови во секоја нова ситуација.

Те опсипуваат со позитивни коментари, и комплименти, а потоа зборат каков лузер си позади грб со други луѓе.

Кога немаат што да прават, ќе прават муабет со тебе во живо, на телефон/мобилен, на chat или пп, а потоа ги снемува како никогаш да не постоеле. Некогаш дури и сред разговор, ќе се исклучат, и ќе ги снема. Или во живо, ќе најдат изговор дека треба да идат некаде, и ни глас ни трага од нив ...

После, кога немаат со кого да се социјализираат, те викаат пак да излезете, да се дружите,, (или онлајн да комуницирате) а кога ќе најдат некој нов за манипулација, ти си отпишан од нивниот именик додека не станеш потребен повторно.

Обично имаат и очајни изговори за нивните постапки и однесување, и се преправаат дека ништо не се случило и како да се е во ред. И не еднаш, туку повеќе пати. Се чувствуваш како да си заробен во некое ефтино реално шоу каде си опкружен со ниско интелигентни прости изговори од личности, кои со нивните филозофии за вистинско пријателство и блискост ти го цицаат и тој мал процент на интелигенција кој го поседуваш. И во се мешаат драма. И драматизираат.


Што со нив? Едноставен совет: Ги имате во друштво? Избришете ги! Не ви се потребни да ви го трујат и така тешкиот живот кој го имате и без нив.

А во случаеви на сакана личност, колку и да е тешко, мора да се продолжи понатаму. Ако и лицемерна, не искрена со своето однесување, или не е доследна. Не ви требаат такви во животот.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Не сум таков и затоа нема шо да се мразам не глумам лудило да не се пронајде ти случајно?:pop:каква божица:nesum:

Да се пронајдов себеси,а мислам и дека секој од човечкиот род може да се пронајде во тоа тврдење...И да глумиш лудило...И зошто каква Божица? И Божиците биле лицемерни,иако биле Божества тие сепак се представени (во сите митологии) со сите човечки позитивни и негативни страни,така што и лицемерието не е исклучок од нив....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Не сум лицемер што на ум тоа на друм.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Значит си се мразиш и сам себеси,не?
Бараш 'рчка?

Да се пронајдов себеси,а мислам и дека секој од човечкиот род може да се пронајде во тоа тврдење...И да глумиш лудило ....
Не е точно. Ако ти си лицемерка, не значи дека целиот човечки род едно време од животот да бил исто така.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Лицемерните и не се сокриени, тие толку се откриени и нападни, само што оние што се нивна мета не поставуваат антилицемерен штит, заради искреноста со која влегуваат во дијалог со нив. Така изгледа дека лицемерите вешто манипулираат. Споредено тоа вака изгледа: криминалецот има успех се додека полицијата не се сомнева дека некој е криминалец, од моментот на сомнежот па понатаму кругот на дејствување на криминалецот се повеќе се стеснува, па во еден момент тој бива фатен и лишен од слобода. Така и лицемерите, тие се во предност се додека не се издадат со некои постапки, понатаму се потешко им оди, за да на крај бидат отпишани од наша страна. За жал во лицемерите често наоѓаме и многу блиски луѓе, кои често пати таа наша блискост со нив делумно ги амнестира од лицемерните постапки. За жал.
 
M

MIL

Гостин
Цитат:
Напишано од ~~БоЖиЦа~~
Значит си се мразиш и сам себеси,не?
Бараш 'рчка?



Не е точно. Ако ти си лицемерка, не значи дека целиот човечки род едно време од животот да бил исто така.
Јас очигледно не можам да ја сватам Божица јас зборам за мене се произнесов дека не сум лицемер и дека ја сакам искреноста а Божица потврди за мене дека сум бил и после се вади дека сите сме биле незнам што значи испадна дека она си кажува за себе дека е лицемерна :toe: поздрав божице за тебе биди си онаква каква што мислиш дека треба да си само не давај погрешни мислења за да се р'чкаш:helou:
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Лицемерието е карактерна особина кај секој човек, кој колку и каде ја користи тоа е комплетно индивидуална работа.Тие две работи не се делат во две категории од чиста причина дека тие меѓусебно се претопуваат и се истата работа со различен интензитет.
Никој не може да биде комплетно лицемерен или комплетно чесен, дозата е различна, луѓето во животот играат огромна улога, нивната поставеност и карактерите кои што ги имаат.

Едноставно, кога подобро ќе размислиш, дали можеш со било кој да знаеш на што си?:smir:
Јас многупати не знам самиот со себе на што сум.:toe:
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
лицемерие ако некој ја прочитал Татриф од Молиер ќе му биди појасно да знае што представува истото. Секој бел лицемер барем 1 во животот, не постојат некој безгрешен па да не лицемерел:cheeky1:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
лицемерие карактеристика на кукавиците и несигурните.
секогаш практикувам на човек во фаца се да му кажам она што ми засметува кај него не се правам лизни мазни ако гледам дека немам храброст си преќутувам и не јадам бурек понатаму на други и секако ако човекот не ми одговара не се ни дружам а не да се дружам заради некоја корист и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom