С
Сатори
Гостин
Лицемерието е карактерна особина кај секој човек, кој колку и каде ја користи тоа е комплетно индивидуална работа.Тие две работи не се делат во две категории од чиста причина дека тие меѓусебно се претопуваат и се истата работа со различен интензитет.Има разлика меѓу ситуации во кои лицемерно се однесуваш и лицемерие како константна карактеристика. Не е ниту страшно, ниту осудувачки ако во одредена ситуација, некогаш, ретко постапиш лицемерно доколку ситуацијата го бара тоа. Но, да ти е дел од карактерот, да ти е дел од начинот на однесување со другите е страшно. И треба да се избегнува втората категорија, ама не од причина што им судиме на лицемерите, туку со нив не знаеш на што си. Не знаеш дали тоа што го кажуваат е така или праат лице у моментот. Од вакви луѓе не си сигурен да побараш ниту совет, ниту мислење, ниту сугестија, а такви на никого не му требаат у секојдневна комуникација. :smir:
Никој не може да биде комплетно лицемерен или комплетно чесен, дозата е различна, луѓето во животот играат огромна улога, нивната поставеност и карактерите кои што ги имаат.
Едноставно, кога подобро ќе размислиш, дали можеш со било кој да знаеш на што си?:smir: