Литванија - Maкедонија | 05.09, четврток 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.591
Поени од реакции
115.011
Абе скоро фатив кладилница па ако е за малер ќе им спукам 1000че ама се си мислам да не играме продужетци па ни волкот сит, ни овците на број:)
У Бет Сити стави, таму мислам и продолженијата ти се важат.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Абе скоро фатив кладилница па ако е за малер ќе им спукам 1000че ама се си мислам да не играме продужетци па ни волкот сит, ни овците на број:)


Не е тоа тоа ти кога ставаш :)) Прашај ги Јуве како го добивме лани на гости 1-3 :))
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Најјако беше прееска после утакмицава отварам ФБ и буквално секој ебан човек што го имам за пријател, без разлика на тоа дали е машко или женско, имаше ставено нешто за утакмицава, дали слика, дали некој линк, дали статус, а едно девојче се најде паметно и имаше нешто постирано за хороскоп :pos:
Јас имам подобар :) . Едно дете седеше до мене дури беше утакмицава и на крајот со фаулот од Тоше, и нели исклучувачка лична, и за Антич по грешка пишаа исклучувачка, и следи прашање: И шо сега со тројца втерен ќе играме??:pos::pos:
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.003
Поени од реакции
4.493
Трагедија ќе биде ако и кошаркарите завршат како ракометарите годинава.После оваа генерација паѓаме во дивизија Ц.Ќе се дивиме на победи против Гибралтар и Монако.. Златна генерација е ова и работава е сад или никад.Има и варијанта некад,ама за едно 30 години сигурно.
 
G

Geezer

Гостин
Се чувствувам скршено и изневерено. Многу скршено.

Реков дека нема да им замерам, тоа стои, но барем да изиграа како вчера или барем просечно, па пораз си е пораз, се случува. Ама изиграа очајно, дури и сум умерен и благ со изразот, да не биде толку грубо.

Две основни работи:

1. Податокот дека имавме 28 обиди за тројка, е одличен показател за тоа колку ни беше безидејна и анемична играта. Без разлика дали тие тројки, односно половина од нив се погодени. А, за жал, беа само 6.

2. Тоа што имавме толку обиди за тројка, а шутираше целата наша репрезентација, особено ЦЕНТРИТЕ, говори за недисциплината во нашиот состав и неспособноста на селекторот да го наметне својот авторитет.
Извини Пипан, мислам дека падна на испитот.

Ќе се потрудам што помалку да критикувам индивидуално, затоа што пред се сме колектив. Вечерва, нешто вака беше нашата одбрана. Оваа е скалата:

- одбрана
- лоша одбрана
- многу лоша одбрана
- одбрана на репрезентацијата на Македонија

Сите 4 центри, анемични, дури и тешко ми беше за гледање. Ајде, јас се навикнав, но сигурно и нив не им било пријатно.
Гечевски беше одличен кошаркар со огромно искуство и прилично богата кариера зад себе. Фантастични партии има пружано во нашиот дрес. Со сето почитување, но мислам дека неговото враќање беше грешка. И тоа не негова, туку на тие што го сторија тоа. И затоа Гечо најмалку е за критика, реално, толку и може. Ама ние сме научени да ги играме кошаркарите додека не умрат, а младите да добијат шанса на 28-9 години, впрочем тогаш веќе нема да ги вбројуваме во таа категорија.
Останатите тројца, ништо подобри. Антиќ разочара, не знам што се случуваше со него, Чековски е таков, некогаш може нешто да направи, повеќе знае да ја упропасти работата, но со тој ризик и е земен во репрезентација.
Ама мајко мила, Самарџиски. Е за овој феномен, немам објаснување. А, не верувам ни дека поголеми стручњаци од мене, многу поголеми, би го објасниле и разрешиле.
Само нека се засрами, затоа што е висок 2.15, а не може да поентира ни од положување. Толку!
Пофалба за Владо и Бо, душа оставија на терен, доктори за сите останати. Не беа лоши и близнаците, ама и тие се вклопија во сивилото подоцна, што да прават.


Каде меѓу другото потфрли Пипан?
Кога се стопи резултатот, кога беше 65-62, претходно чинам имаше тајмаут, МОРАШЕ и ТРЕБАШЕ да им каже, дека во такви моменти, на поен треба да оди НАЈСИГУРНИОТ ИГРАЧ, во случајот Владо или Бо. А, не во најбитниот момент за нас, да се игра ДО Самарџиски и ПРЕКУ него, за да нему му избега топката од раце. И не беше еднаш, трипати Литванците ни дадоа шанса да се вратиме од мртвите, во тие минута и некоја секунда, ние трипати не ја искористивме. И тоа само тогаш. Извинете, мене ми изгледаше тоа крајно аматерски и несмасно.

Да ми биде уште повеќе криво, загубивме од една ваква Литванија, која победи на мускули и која има непрепознатлива игра. Што е најтрагично, Литванците играат секогаш шутерски, барем во поголемиот број на натпреварите, вечерва шутнаа за три, еднаш или двапати, а не добија во РЕКЕТ! Скоро сите поени ги добија таму, нивните центри, кои рака на срце беа просечни. Е од ваква Литванија да загубиш, а си четврта репрезентација во Европа, тешко е. И мачно! И да. Извинете уште еднаш, ама судиите овојпат не се криви. Точно е, грешеа на моменти, секој може да згреши, ама главни кривци, ако веќе бараме кривец, сме ние и само ние. Барем да останеме достоинствени докрај.

После вечерашното издание, кај мене надежта згасна. И со три победи е прашање дали ќе се пласираме понатаму. За полуфинале, не сакам ни да разговарам. Треба да се случи чудо.
Нека изиграат барем утре за нас, за оние кои добиваат по 25 мини инфаркти за 1 час. А, памет за другпат, нека не летаат уште непочнато првенството, дека ќе се борат за медал. За медал треба да се бориш долу на паркетот, на збор, сите се бориме за медал и за се останато во животот.

Напред Македонија, верувам дека повторно некогаш ќе доживееме среќни моменти со кошаркарската репрезентација. Дотогаш, останете со здравје сите!
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Трагедија ќе биде ако и кошаркарите завршат како ракометарите годинава.После оваа генерација паѓаме во дивизија Ц.Ќе се дивиме на победи против Гибралтар и Монако.. Златна генерација е ова и работава е сад или никад.Има и варијанта некад,ама за едно 30 години сигурно.
Една Холандија во фудбал во 70тите испуштале златна генерација и не освоиле ништо па за нас во кошарка, колај работа:)
 
M

MrzaRules

Гостин
Една Холандија во фудбал во 70тите испуштале златна генерација и не освоиле ништо па за нас во кошарка, колај работа:)
Холандија и во денешново моредно време испушта генерации со губења во финалиња, ние се фативме за овоа нели? :coffee:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.591
Поени од реакции
115.011
Една Холандија во фудбал во 70тите испуштале златна генерација и не освоиле ништо па за нас во кошарка, колај работа:)
Трагедија е брат, Холандија и после тие 70ти имала друга добра генерација, и после таа имала друга и се така... Нас оваа ни е, после ќе немаме едно 10 години сигурно, убаво вика дечкото. А згора на тоа какви се екипите на првенствово, 90% осакатени... Мораше да го искористиме ова подобро, али кога имаме кретени во Федерација тоа ти е.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Нетреба да се нервираме.
Секое Европско или Светско првенство има по некоја селекција аутсајдер "изненадување". Тоа е се договорена работа да се богатат по кладилниците кои тоа го знаат. Македонија има квалитет но нема континуитет. Многу варираме во играта. Нашите момци премногу се средоточија на судиските одлуки, едноставно треба да заборават на судиите од утре како да не постојат на теренот. Значи треба Пипан да ги седне и да им каже да не реагираат и да не коментираат судски одлуки, да ги олади малку. Во моментот мислам дека ни треба малку достоинство. Да излезат на паркет да изиграат најдобро што можат, без приговарања кон судии, па што биде нека биде. Наши миленици ке се и понатаму. Србите имаа некоја анализа па пишуваа дека Македонија ќе оштети некоја селекција на првенството, па ете тие се тие кои треба да ги оштетиме :D.

Со среќа утре на момците.:)
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Да не ве цитирам двајцата,
Нема да биде се црно како што викате и наредни 10 години да не се оправиме. Македонија каква и да е сепак е кошаркарска и ракометна нација од осамостојувањето и мали вложувања во овие спортови давале завидни резултати. За фудбалот треба многу поголеми цифри и затоа не можеме да се оправиме 20 и кусур години. Можеби генерацијава испушти шанса за Олимпијада и СП, можеби нема да направи ништо забележително на ова ЕП ама дека ќе не снема од европската кошаркарска карта, тоа не верувам.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Da ne praam glupi sporedbi, ima sansi uste.
Spored dosegasnite rezultati, ima barem 10 kandidati za medal. Na koj ke mu se pogodi vecerta e rabotava.
I nula poeni da preneseme, pak ima sansi za se da se sluci..

Za utakmucava..I prelani koga gi tepavme gore dole vakva bese utakmicata, so prvoto vodstvo od 2 na nekolku sekundi do kraj gi tepavme. Tenka e linijata ....
Igrame znacitelna uloga I nikoj ne smee da se opusti so nas. Mora da se ceni toa
Sudijata za prv pat od koga gledam basket vovede "prednost" pa poceka da vidi kade ke zavrsi topkata za da dosudi kako sto dosudi...
Za toa nikoj ne e kriv, go smeni tekot, fakt! Ne zborime dali imale 28 suta za tri, zborime za neregularna povtorno odluka. Sosema druga tema e deka nemase faul..I tretiot moment nadvor od bonus bevme sobodni 4 I topka od strana. Da ne se desese toa, da se slucese presvrt, a ke dojdevme na -2, se ke bese mozno, togas ke bea narodno-osloboditelni heroi I voini (so istata tapa igra)
Zatoa apsolutno ne treba da se za zanemari odlukata na sudijata bidejki bese klucna, kazav zasto.
Veruvajte, greskite na sudiite I losata igra se nevidlivi za toj so tepa. Igrata ni e vakva sekogas, se laze nekoj ako misli deka Igrame podobra kosarka. Klucna e dali ke fati za 3... Duri I so takov los procent bevme blisku do presvrt. Toa e toa. Topovsko meso od damna ne sme. Kako I da Igrame poslednata min odlucuva za pobednikot, a vo ovie dva slucai za zal sudijata. Momcite se ok vo moi oci. Nisto ne e zagubeno - toa e najvazno. Prvenstvoto e vo tek, ko ke ispadneme togas ke zborime koj kako...
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
gerard со тој фаул влеговме во бонус, затоа 4 слободни и топка од страна, инаку ако беше само техничка, ќе беа 2 слободни и топка од страна.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
А и фалангата потфрли вечерва, Летува не надвика. Само се прталат нашиве ке се напијат и немаат ни сила да навиваат :facepalm: :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom