Литванија - Maкедонија | 05.09, четврток 21 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
:facepalm:

Муабетов ти е доџе ми да вриснем. Ме мрзи сега да тражам колку играча над 2.10 буквално ги имам гледано како се влечат како гуштери на терен за топка...
Абе ако сакаш и од земја трескај се, таа ти е..

Значи таков тип на играч е Пеџа, не е од вчера, па сеа демек се чудите. И на крај краева, кога сите знаат дека е фатен у тоа руките, ондак за кој курац праавт акции во кои треба он да поентира?
Перо за што е?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Темава е Македонија - Литванија, а на неа најмалку треба да се руга Самарџиски. Сами сме си криви, а најголем кривец го гледам Пипан. Самарџиски беше можеби клучен играч за двете најголеми враќања што ги имавме на натпреварот. Првото на крај на првото полувреме каде што мислам дека намаливме на 6 разлика и тоа во комбинација со Чековски, а второто при крај кога губевме 12 па намаливме на 3 разлика во комбинација со Антиќ. После го извади Самарџиски, го стави Гечевски и пак се вративме на играта со тројки. Гечевски е срамота да биде кривец за било што, ама Валанчиунас речиси сите поени ги даде врз него.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ваљда ради еден МАЛ факт што при 3 разлика во последа четвртина и наш напад, топката му испадна од раце...
Ваљда ради 2-та фаули во напад...
Ваљда ради тоа што е негова инТЕЛЕгенција е обратно пропорционална од неговата висина...
Ваљда ради тоа што човекот не се одделува од земја, и чека топката да му падне во раце, она ЦЕНТАРСКИ...
Ваљда што му собраа 5-6 топки од пред нозе, под наш кош...

Нема причина...
Топката не му испадна од раце, туку лошо му беше додадена.
Еден фаул беше чиста глупост од судијата, еден имаше.
Неговата интелегенција е доста голема, отскокнува од просечната спортска интелегенција.

Човекот нема муда. Тоа му е проблемот цел живот. Психиички е ко бремена жена. Се плаши ко да има 1.70 а не 2.15.

Поидиотски е тоа што другите него го криват, а на ова ЕП се трипати полоши од него, на чело со капитенот.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Не е САМАРџиски крив... Крив е тој што го викнал у репрезентација...
Кој треба да игра спрема тебе ?
:facepalm:

Муабетов ти е доџе ми да вриснем. Ме мрзи сега да тражам колку играча над 2.10 буквално ги имам гледано како се влечат како гуштери на терен за топка...
Има такви, ама овај не е таков и ние сме свесни дека тој топката од гече неможеше да е фати пошто беше по земја...И играчите го знаат тоа и не смееше така да се изреагира во ситуацијата.Квалитетот е тој , немаме избор за позицијата самарџиски мора да игра затоа што станко и гече се далеку поубијани.
 

Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Не бе, леле глупи, тој најуморен е. Нека го земат тој Ѓуровски, во Америка студира, сигурно знае англиски најмногу. Затоа и го земаа во репрезентација, да му праведува на Бо.
Проект на Владата на Република Македонија: 4 ветерници во Кошаркарската репрезентација на Македонија.
 

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Погледнав малце од натпреварот , и стварно не видов дека Македонија се оштетува, дури видов дека за многу кратко време два пати беше оштетена Литванија: -еднаш беше досуден фаул кош во корист на Македонија (фаул немаше) ... друг пат беше досуден аут , иако играчот на Литванија не ја допре топката.
Беше досуден неспортски фаул над Мекелеб ...
Мислам Самарџиски беше во дуел со играч на Литванија , јас видов дека играчот на Македонија повише се гураше , судијата одлучи поинаку.
А, Албанија вчера тепаше така? Кои се во група? Трети? Судиите добри беа?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А, Албанија вчера тепаше така? Кои се во група? Трети? Судиите добри беа?
Албанија со Бугарија играа финале, ама не ги даваа на ТВ.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Литванциве имаа вчера лек за нас, многу научиле од последниот пат и не дозволија пак да им се случи тоа. Катастрофа бевме, но сепак тој фаул свирнат откако се виде дека ние можеме контра да направиме мислам дека го одлучи натпреварот. Се надевам ваква игра нема да видам до крај на првенството туку ќе се стегнат и ќе играат најдобро што знаат.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
не сакам да звучам песимистични (никогаш и не сум бил) ама мислам дека лошо ни се пишува на ова европско првенство ... како прво сите репрезентации менуваат некои играчи, а ние со истите од претходно ... второ пред 2 години многу натпревари тесно ги добивме, а овде тесно ги губиме ... се се врти ...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Значи каков народ еееј.... Кој треба да игра бре место Самарџиски? Имаме некој поарен? Сите знаеме кои му се маните ама нема бегање од тоа, толку може не е дека не се труди.

Судиите правеа некои глупости да, ама поразот е реално чист. Во ниту еден момент од натпреварот мислам дека не бевме баш рамноправен противник цело време Литванија не држеше на дистанца. Едноставно резултатот е онаков каков што можеше и да се очекува. Против Црна Гора ние си ја изгубивме шансата не против Литванија.

П.С. Се надевам дека повредата на Чековски не е опасна бидејќи во спротивно можеме да почнеме да си ги пакуваме куферите. И после не била важна клупата...
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.464
А, Албанија вчера тепаше така? Кои се во група? Трети? Судиите добри беа?
Па нема да играат кога за време на квалификациите им го немаше најдобриот кошаркар Седи Клупа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
3-2 заврши за Бугарите.....по продолженија
Па не биле лоши и албанциве бе ејјј, илирска крв што ти се вика. Полетност, елеганција, скок, игра, штета стрим немаше....
Он:
Тага, јад и чемер ме држи уште, денес тепаме.
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
21
Не ми е јасно зошто толку многу критики за Самарџиски, кога се гледа дека човекот се труди во рамките на своите можности. Него му треба топка на 1-2 метри од кошот, каде што може нешто да направи. Според статистиката, со него во игра, со Црна Гора сме имале +8 поени, а вчера +3. Никој не би требало да очекува од него 20+ поени, едноставно не е таков играч.

За Антиќ, како играч и капитен, веќе излишно е било што да се каже. Човекот или не е во форма или нејќе да се труди или е комбинација од двете. Споро движење, ќе тргне кон кош па додава лошо, шутот му е „мртва рака“. Плус константен притисок кон соиграчите (Самарџиски) наместо да се постави како прав капитен. Дополнително рекордот продолжува, 6/40 (15%) шут за тројка, 3/10 на првенствово.

Гечевски, со сета почит, не требаше да се врати во репрезентација. Едвај се движи, не може да скока, многу лоша одбрана, а во напад единствено некој шут ако погоди и толку. Греота е да се гледа.

Чековски исто, шутот не му оди, отиде еднаш под кош и доби блокада, единствено нешто во одбрана ако направи и толку. Дополнително и се повреди и сега ротација на високи играчи ни е сведена на 3-ца.

Било кој од другите наши високи кошаркари, кои отпаднаа од репрезентација, повеќе ќе направеше и повеќе ќе се трудеше, ем за тимот и ем за себе ако може да се продадат надвор. Во тоа сум убеден.

Литванците, како и сите други, знаат дека мотор на екипата е МекКејлеб дополнет со браќата Стојановски, и нормално ги затворија. Илиевски во второто полувреме се дигна некако, така требаше и треба да игра, не само 2-3 шута за тројка и некоја асистенција по натпревар. Треба да се поагресивен како вчера.

Да играше подобро Клеиза и шутот за 3 да им тргнеше, немаше ни блиску да бидеме. Вака имавме каква таква шанса, но не испадна и тоа е тоа.

Жално е што не им се даде прилика на греачите на клупа, пред се на Брчков и Костоски, да пробат нешто да направат и да им дадат повеќе минути одмор на другиве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom