Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

Дискусија во форумот 'Фитнес, бодибилдинг и рекреација' започната од Acid, 28 декември 2011.

  1. POWER-MKD

    POWER-MKD Per aspera ad astra

    Член од:
    1 март 2008
    Мислења:
    4.687
    Допаѓања:
    600
    Затоа сега нема жив човек
     
    На Amateur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.853
    Допаѓања:
    6.248
    Дсд Пелагонија е празна затоа нема гужва :)
     
  3. Vlado64

    Vlado64

    Член од:
    18 ноември 2017
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    0
    Здраво.Да те прашам каде се наоѓа во палас точно теретанава?До сега немам приметено... Дали има некој што ќе ми покаже бидејќи сум почетник и колку пари е месечно дали е поскапо со личен тренер и колку? :)
    --- Споено дупло мислење, 24 јуни 2018 ---
     
    Последно уредено: 24 јуни 2018
  4. Мистичен

    Мистичен Човек

    Член од:
    23 јануари 2005
    Мислења:
    14.048
    Допаѓања:
    862
    Во Александар Палас хотелот е теретаната. 3.000 денари е месечно, доколку уплатиш за 3 месеци има попуст. Личен тренер во сите теретани е услуга која се плаќа дополнително :)
     
  5. marinetti

    marinetti

    Член од:
    1 септември 2014
    Мислења:
    4.133
    Допаѓања:
    6.130
    Предлози за во Охрид, по пристапна цена?
     
  6. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.853
    Допаѓања:
    6.248
    ФИД дали ја отворија на новата локација? Има нешто ново колку ќе и биде цената и некаде да се видат слики како ја средиле?
     
  7. Makaron

    Makaron КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    5.993
    Допаѓања:
    10.096
    Џијат 500тче. :D

    Во Охрид горе долу секаде се пристапни цените, едино Фит Форм во салата ти е мислам 1200 +.

    Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
     
    На marinetti му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Чесен Рекетар

    Чесен Рекетар

    Член од:
    26 мај 2015
    Мислења:
    380
    Допаѓања:
    197
    моментално во кисела вода која теретана е најдобра?
     
  9. Vlado64

    Vlado64

    Член од:
    18 ноември 2017
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    0
    Некој ако може да ми каже во Fitness clinic во влае,услови,справи,тренери итн итн се поврзано со теретаната и како сте задоволни. Поздрав :)
     
  10. george_jov

    george_jov

    Член од:
    23 февруари 2011
    Мислења:
    592
    Допаѓања:
    605
    Отворена е ФИД во автокманда пред недела дена на локација кај што беше порано Флекс, т.е. во зградата кај што е КАМ. Цената е зголемена за 50% и сега е 1200 ден. за месец, има некои нови справи старите се префарбани и има тушеви, посебна вентилација нема да има како што мислев и има само една клима за цел простор. Така да за тоа што се добива цената е превисока според мене.
     
    На Кеплер му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.853
    Допаѓања:
    6.248
    Тоа е кога нема конкуренција во близина, фала за инфо.
     
  12. statusQuO

    statusQuO Модератор

    Член од:
    18 јуни 2008
    Мислења:
    12.978
    Допаѓања:
    7.554
    Која е оваа логика - теретани никнат на секој чекор и која од која поскапа а ниедна ништо асално не нуди.
     
  13. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.853
    Допаѓања:
    6.248
    Тренд е вежбањето, пред 12 години кога прв пат почнав и вежбав неколку месеци во теретаната немаше севкупно 30 членови, сега и во најголемата дупка имаш по над 100 членови. На почеток кога почнав со вежбање на прсти можеше да ги изброиш продавниците за суплементи во цела мкд, сега имаш на секој ќош.
     
  14. statusQuO

    statusQuO Модератор

    Член од:
    18 јуни 2008
    Мислења:
    12.978
    Допаѓања:
    7.554
    За суплементи да не праиме муабет. Не ми е јасно толку ли профит праат шо изникнаа и тие сегде. И се истите производи и секоја нова со поскапи цени. Не ми е јасно како се конкурентни воопшто.

    Дешавка: Влагам да купам протеин во Полео тој ми расправа за декстрози бета арганин БЦАА... Викам дај не тупи неам 200 денари на ден за суплементи чисто дозерка протеин сакам да пијам да не се замарам толку со внес на протеин во денот. Се изнасмеа "хаха 200 денари на ден хаха" као види го овој нема 200 денари на ден за суплементи да пие >_> Ја не сум нешо развиен али дечково беше озбилно не вежбан, теоретски начитан, ми цитираше дефиниции за шо праеле суплементите, нешо оксидирање масни киселини кур се тресе... Проба да ми ували иљада работи. Изглеа на процент е.
     
    На Solaire of Astora и UpperCut им се допаѓа ова.
  15. Makaron

    Makaron КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!

    Член од:
    16 јули 2014
    Мислења:
    5.993
    Допаѓања:
    10.096
    Никој чесен бизнис не држи во Македонија, едино пиљари и маалски продавници.

    Има неколку фирми во МК што произведуваат справи за вежбање кои држат ненормално високи цени, 500 плус евра за обичен бенч.

    Луѓево што ги држат теретаните и финансираат продавници за суплименти имаат многу валкани пари и ова му е само еден начин да ги исперат.

    Протеините, посебно тие Трек, Кор, и тие унгарските што ги продаваат кузнајт каде се полнети.

    Ние ги ругаме Виталија но тие држат некој стандард.

    Интересно е и лесно заприметливо во помал град, пример Охрид.
    Дојди ти со нова идеја за бизнис, максимум што можеш да тераш ти е една година, ако ги фатиш неспремни.

    Ќе те копираат ќе абдејтираат и ќе те затворат.

    Дошол некој отворил подвижен шанк, следна сезона ќе има десет поголеми и поубави, дошол друг отворил агенција за оф роуд авантури, иста приказна.

    Исто и за суплименти, отвараат затвараат, со истите производи и секое отварање 10 посто поскапи.
    :D

    Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
     

Сподели преку: